Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Мата се извади со голот, буквално го немаше цела утакмица.
 
Си кажа дечкото :)

Тешка брука е Еурелио Гомес, уште од времето на Тотенхем имаше многу киксови.Врвот му беше на некои утакмици што неможеше да ја шутне/избаци топката после гол аут.Или аут ќе погодеше или ќе погоди играч од другиот тим, не ги загледав у тој сегмент денес, веројатно ок бил.
 
Офанзивно играме пребрз фудбал во споредба со прв дел од сезона. И тоа поради брзината на Рашфорд, Марсиал и Мемфис, а додади и пробивноста на Варела, па и на Рохо. И баш мерак ми е како играат децава. Единствено што сакам да се врати е Смолинг колку толку да се стабилизираме дефанзивно зошто вака сме хорор. Да беше поспретен Игало 5 ќе ни дадеше денес.
 
Рашфорд многу пробивен, покажа дека може да игра и на крило. Браво дете.
Добро е што Смолинг се враќа за викендот, Рондон ќе му ебе матер на Блинд.
Ако тепаме следно коло ќе имаме добра шанса да фатиме ЛШ.
 
Тешка брука е Еурелио Гомес, уште од времето на Тотенхем имаше многу киксови.Врвот му беше на некои утакмици што неможеше да ја шутне/избаци топката после гол аут.Или аут ќе погодеше или ќе погоди играч од другиот тим, не ги загледав у тој сегмент денес, веројатно ок бил.
Одамна го смали бројот на такви глупости , денес беше ок ![DOUBLEPOST=1456956174][/DOUBLEPOST]
Рашфорд многу пробивен, покажа дека може да игра и на крило. Браво дете.
Добро е што Смолинг се враќа за викендот, Рондон ќе му ебе матер на Блинд.
Ако тепаме следно коло ќе имаме добра шанса да фатиме ЛШ.
А ако фатиме ЛШ некои ценети членови на форумов треба да бараат прошка од тандер :pos:!
 
А зошто мислите дека ако се оправи Смолинг, Блинд ќе седне на клупа. Мрднат е овој, ќе го игра до крај, дур не колабира, а денес покажа знаци на тоа.
 
Аууу Рашфорде, како само малиот пробива и од крило. o_O

Одбранава денес беше сечена, лепена и монтирана. На мускули победа.
Рашфорд и Варела искинаа, дупли чмар им направија на ватфорд. Можеби целиот тој труд не беше награден со гол, но дефинитивно ги отворија како паштети. Црнчето (личи на велбек) што доби жолт исто така играше многу добро.
 
Со оглед на тоа дека Сити игра на гости кај Челзи и Саутемптон а од друга страна има утакмица со Арсенал и со нас дома, има реални шанси да си лапаме ЛШ, само меѓусебната да ја добиеме.
btw доколку психопатов се пласира во ЛШ и по некоја случајност освоиме ФА или ЛЕ, наредна година замрзнете ме. Неможам да гледам како го одработува договорот до крај.
 
Ма ајде не се зебавајте супер одигра Мата, само го хејтате џабе. Искина денеска, како лав беше на теренот. Еден од најдобрите играчи на Манчестер оваа сезона.

Инаку супер коло испадна оваа. За викендот ако си ја завршеме нашата работа со ВБА гарант давам уште ќе падне разликата со Лестер. Мило ми е што победивме. Енд ту енд беше натпреварот.

Сега за викендот се враќа Смолинг, па одбраната подобро ќе изгледа. Ќе се обнови соработката одлична со Блинд, а може и Дармиан од почеток. Ќе видеме.
 
Играта лоша но многу битна победа е оваа. Ај може ќе ги извлечат трошките сезонава во ПЛ па дунавка ќе има прилика да си го билда егото.
 
Деца ко деца, покажаа борбеност и се, сепак се виде денес колку е максимумот. Прво полувреме само Де Геа и аматерски грешки на напаѓачиве на Вотфорд не спречија да примиме 2-3 гола. Неколку од тие шанси беа по грешки на Варела, Менсах и Блинд.

Рашфорд е одличен, вреди да добива повеќе шанса до крај со оглед на тоа дека Руни е повреден. Смалинг ваљда се враќа од наредната, Валенсија имаше нешто некни дека почнал со тренинзи, еве Дармиан се врати.

Со Керик се надевам не е повреда што не беше денес во составот. Швајни имаше нешто дека ќе се врати за со Ливерпул. Фелаини подобро и да не се враќа. :icon_mrgr:

Него, Јанг до кај е? Имаше одлични партии пред да се повреди и се тоа на десен бек, нити еднаш не доби шанса на крило. Колку би дошол сега добро на таа десна страна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom