Со таа километража годишно, во димензија 195-55/15, возев Тигар Прима, и не беше нешто посебно, после 3-та година, односно некои 12-13000 км. Издржаа околу 20000 км и 5 години, и станаа пластика, па ги заменив со Дебица Престо, со кои досега поминав околу 12000 км за 3 години и према Тигарот се доста поубави.
Од друга страна, Тигар Сигура, во димензија 155/70-13 после 5 години и 22000 км се сеуште ОК, иако се веќе на крај.
Како си задоволен од Дебиката?Јас ги возам веќе 3-та година,имам поминато околу 40.000 км,и сеуште имаат солидна шара,еднаш ми проклизаа кога беше влажно и оти не држев растојание,и само еднаш и тоа пред 1 месец ми се дупна едната гума од клинец..Неколку пумпања и тоа е тоа.Ги платив 3000 денара по гума,и мислам дека вредат за парите,освен што се малку бучни.Димензијата е 185-65-14.