marambo,
откако славниот Алберт ги смисли општата и специјалната теорија на релативитетот, поимот „релативно„ стана ептен експлоатиран поим, кој се користи за све и свашта, со цел да се „релативизираат„ нештата и вистините.
Ако сметаш дека се‘ е релативно, од кај си сигурен дека Земјава е топка? Е топка или е релативна топка? Е плоча или е релативна плоча? Или, Земјава е плоча т.е. топка релативно, зависно од позицијата од која ја гледаш Земјава?...
Јас ја гледам Земјава од нејзината површина и мене, Земјава уопште не ми личи на „топка„, а веројатно Земјава е доволно голема, за да не можам да ја видам како „плоча„.