Шо ќе има ?
ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ - ЕДИ СИНАДИНОВИЌ
За вакви навивачи би играл без пари
Го носеа на раце по победата над Работнички, но најзаслужниот за триумфот на МЗТ не можеше да им го подари дресот, зашто клубот „кубури“ со спортска опрема
Еди Синадиновиќ се вика новиот спортски херој во населбата Аеродром. Младиот 21-годишен лесковчанец беше еден од најзаслужните за победата на МЗТ Скопје во вечното кошаркарско дерби против Работнички во саботата. Домаќините победија со 84-69, Синадиновиќ со 24 поени беше прв стрелец на мечот, а второто полувреме го одигра во транс. Бекот на „штрковите“ постигна пет тројки од шест обиди, а еднаш погоди и со звукот на сирената за крај на третата четвртина. Во вториот дел даде вкупно 17 поени. Не се плашеше да шутне и од 9 метри и да погоди преку човек во моменти кога се „кршеше“ резултатот.
По мечот популарниот Еди беше носен на раменици од навивачите на МЗТ Скопје и за само 20-ина дена стана херој и дел од популарната „Фамилија од Аеродром“.
- Сум одиграл добри натпревари и порано, но може да се каже дека ова е еден од мечевите на мојата досегашна кариера. Влеговме многу мотивирани во дуелот и на крајот тоа се исплатеше. Поддршката од навивачите ми даде дополнителна сила - вели Синадиновиќ, кој беше зачуден од атмосферата.
- Знаев дека мечот против Работнички е големото дерби, но ова е нешто неверојатно. Атмосферата беше фантастична. Вакво нешто немам почувствувано во животот. Според мене, ова дерби и ривалитетот што постои е на исто рамниште како мечевите меѓу Ц.Звезда - Партизан и Паок - Арис. Никаде на друго место мислам дека нема ваква атмосфера. Ова е феноменално - додаде Синадиновиќ, кој им делеше автограми на навивачите, а некои од нив сакаа и да се сликаат за да имаат спомен со јунакот од ова 102. вечно дерби меѓу МЗТ и Работнички.
За МЗТ Скопје ова е 33 победа, додека гостите од „Градски парк“ остануваат на 69 триумфи против „штрковите“.
По мечот Синадиновиќ заедно со околу 1.00 навивачи на трибината го продолжи славјето над големиот градски ривал. Многумина бараа да го добијат дресот од херојот од вечното дерби, но бекот, иако сакаше, не можеше да им го подари, бидејќи во клубот „кубурат“ со спортска опрема. Играчите по мечот истрчаа почесен круг околу салата отпоздравувајќи на „Фемили Аеродром“, кои останаа 20-ина минути и по завршување на мечот, да го слават успехот на своите миленици.
Синадиновиќ, кој има договор до крајот на годината, знае дека ситуацијата во МЗТ не е најрозова, но најави дека би можел да остане и подолго и тоа само поради навивачите, кои речиси цела сала ја обоија во препознатливата сино-бела комбинација.
- За вакви навивачи би останал во МЗТ и да играм дури и без пари, бидејќи ова чувство кое сега го имам со ништо не се купува. Ова се неверојатни навивачи. Имам договор до крајот на годината, но можно е да останам и подолго - вели бекот, кој на крајот погоди 6/7 за три поени, 1/5 за два и 4/4 од линијата за слободни фрлања.
На претходните два меча за МЗТ, Синадиновиќ против Вардар О. даде 15, а против Торус 17 поени. Пред да дојде во МЗТ, Синадиновиќ има играно за ЦСКА Софија, Металец Кралево и Здравје Лесковац. :nesvest::nesvest::nesvest: