Крај на Европската цивилизација....

Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Аха, они биле под муслиманска капа(власт) до пред 100 години. Ние на пример сме биле под Муслиманско ропство до пред 100 години. .
Не знам што ти е муабетот. Ние...ние не сме имале држава до пред 100 години.
Дали нашите предци оделе во Дамаск, Багдад или Каиро да сечат глави и да убиваат и силуваат невини жени и деца ??
македонец сам себе си го убијал, не треба друг да му сече глава. Другите, да. Тоа што муслиманството денес е кочница на развојот, не е само и исклучиво до тие држави. Зошто во крајна линија се случи уништување на Либија, на Сирија,... на Југославија:. Кој поддржуваше муслиманска националност во СФРЈ и косовска "независност"?
Овде (ме мрзи да барам други извори, во глобала, тие се) има листа на поголемите геноциди, војни и жртви низ историјата.
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_wars_and_anthropogenic_disasters_by_death_toll#Wars.2C_armed_conflicts.2C_and_genocides
Три милиони убиени за време крстоносните војни, над половина милион убиени во Черкеската република, 1.7 милиони убиени срби за 4 години. Да не ги набројувам милионските жртви во т.н. "цивилни војни" во Конго, Босна, Руанда...
Понатаму, австралискиот геноцид каде од над милион, абориџините се намалени на 100 илјади за 1 век, индискиот холокауст под британската круна со на 1.5 милион жртви, 5 вековниот африкански геноцид од страна на европските држави...итн. Само војните на Буш во Авганистан за 8-9 години се бројат милиони цивилни жртви, исто и Ирак. И мислиш со 30-40 години постојани војни дека некој ќе остане нормален, цивилизран?
Односот на Хитлер према Христијанските цркви бил негативен, додека односот со Муслимански браќа, може да се каже дека било обострана длабока љубов.
ако со муслиманите го нарекуваш обострана љубов, со христијаните имале класиче секс.
Но сепак во ентузијазмот на своите злосторства исламските СС дивизии ги надминале дури и Германците, бидејќи Германците биле практични, само убивале, додека Муслиманите се изживувале.
не, германците не силувале, "не смееле". Мит кој нема врска со реалноста. Исто беше и Босна и Хрватска.

И ај пак да потенцирам, очигледно не обрна внимание. Не ги оправдувам, ниту сметам дека треба воопшто да дојдат во Европа. Само секоја последица има своја причина, најчесто во европските, некои од земјите на британската круна, САД...
А кога сме кај овие држави, зошто се случи отсуството на полиција на станицата во Германија или заканата од холандските полицајци кон твитерџија и ред други "случајности"?
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Незнам што ти е поентата, дали покушаваш некако да го оправдаш нивното дејство со западните интервенции или што е работата, ама.... Тие геноциди што ги спомнуваш во најголем случај се врз народи кои не се муслимани. Меѓутоа само муслиманите од сите нив сечат глави на невини луѓе, било тоа да се после интервенции на западот во нивните држави, било тоа да е пред 300 или 1300 години кога освојувале. Не видов ниеден самоубиствен бомбашки напад врз невини жртви на некој Абориџијанец на пример. Но како што гледам разбирањето на геноцидите ти се на ниво на Википедија, за да можеш на пример да ги ставиш во оваа консталација и Крстоносните војни, пошто за тие два века, најголем број на жртвите биле православни Христијани, а да не збориме за протерани од своите домови. Или пак за непознавањето на религиските погледи на Хитлер.

Од џихадистичката идеологија Хитлер бил воодушевен, и тој дури и во некои наврати рекол дека тоа би била идеална идеологија на ариевците. За тоа имало дебела причина, тогаш немало геноциди врз муслиманскиот народ, а нивната бруталност не се разликувала од сегашната.

Џабе ги бараш причините во војните, причината е во идеологијата. Тоа што овие ситуации се случуваат во моментите кога се рушат брутални диктатори попут Гадафи и Садам, кажува дека луѓето со таков мајндсет единствено можат да се контролираат со брутални методи.

И да, Германците можеби силувале, но тоа било инцидентно, не секој Германец силувал. Меѓутоа силувањето (мажи, жени и деца), било нормална појава кога ќе влезе ханџар дивизијата во некое српско село на пример. Или незнам колку ти е познат фактот, ама има едно село во помеѓу Дебарца и Копачка каде што Балистите имаат набодено на кол стотина жители кои се затекнати во селото, меѓу кои и едно штотуку родено бебе (бавна болна и тешка смрт). Не дека Нацистите биле цвеќиња, но тие не уживале во убиствата, тоа било за нив статистика. Нивното злосторства биле масовно стрелање, гасни комори, претежно брза смрт.... Затоа Хитлер го обожавал исламизмот како идеологија идеална како религија на ариевската раса.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
овие се терористи во љубов со нацистите
а овие се свештеници кои (теба да) шират христијанска љубов


NAZI CATHOLIC VATICANITES

Roman Catholic Priests Ran Half the Nazi Death Camps in Croatia

Споменуваш обезглавување. Веројатно не е похумано со неколку авионски бомби да убиеш стотици цивили. Обезглавувањето не е измислица на исламот, ниту само тие го практикуваат.
Еве ги тие т.н. културни германци
сликите се во спојлер затоа што не се пријатни за гледање








It was written in Slovenian: “Warm greetings from SS KWB – the men in green jackets!” The “SS KWB” abbreviation stood for “SS Karst-Wehr-Bataillon”, “SS karst defense battalion”.

И со пила и специјално измислен србосек, замена за пила, секира и јатаган.


За само неколку години во 90тите на просторите на бивша Југославија видовме слични ѕверства и од христијани и од муслимани. Јужноамериканските картели (Зета, Ел чапо...) практикуваат обезглавување.
Доколку некој од нас скраја да е, би живеел децении и децении во вакви услови, тешко дека би останало нешто цивилизирано и хумано во него. А за тие услови голема одговорност имаат споменатите држави.
Но зошто во случувањата со мигрантите во Европа, или нема полиција или им тропа на врата и се заканува на безопасни твитерџии. Да не кажам, државните апарати на ЕУ како да учествуваат во овие непријатни настани. И во Македонија имаше некои бранови такви случувања, ...ете сега случајно и крст од 50 метри ќе ставаат во повеќенационална општина.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Па така кажи дека те мачи крстот во Бутел. Чудо што не ти сметаат џамиите што никнаа у Скопје последните 15 години.... Туку ете ти тема за крстот и дебатирај. Не сакам да се впуштам во расправа со атеисти, пошто таквите расправи наликуваат на расправа со Јеховини сведоци. Темата е крај на модерната Европска цивилизација со напливот на бегалците.

Иначе јас тука се искажав дека либерална Европа си е директно крива за ова што ја снаоѓа, поготово што води лицемерна политика, од една страна бомбрардира и урива режими и притоа подржува ескремистички групи, од друга страна е отворена за мигранти муслимани и замижува пред нивните злосторства. Хитлер го споменувам, затоа што ме подсетува западната политика на таа на Хитлер, затоа и ги викам либерало нацисти.

А што се однесува до примерите со слики на сечењето глави, тие те демантираат дека бруталноста се јавува само при долгогодишни војни, туку дека е во прашање идеологијата. Хрватите не воделе долгогодишни војни па пак сечеле глави и убивале срби. И тоа не сите Хрвати, туку само Усташите имало мнооогу Хрвати што се бореле против Нацистите, додека на Балканот на пример не постоеле муслимански сили што се бореле против Нацистите. Исто и во војните во Југославија, се живееше во мир и хармонија неколку генерации и наеднаш почнаа злосторите. Така да ти паѓа во вода тоа тврдење.

И да, сликата со свештениците со нацистички поздрав ти е пред втора светска војна, а сликите со нацистички поздрав на муслиманските групи излезени од муслимански браќа се современи од денешницата. Тие сеуште така се поздравуваат, пошто муслимански браќа се група оформена под покровителство на Хитлер, а Хамас, ИСИС, Ал Каеда и нив слични се групи основани под закрила на Муслимански Браќа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Па така кажи дека те мачи крстот во Бутел. Чудо што не ти сметаат џамиите што никнаа у Скопје последните 15 години.... .
Од сите информации се фати за крстот и џамиите, изгледа ниту ја разбра паралелата. Да, ми пречи што некои недоквакани лајна, смрдежи, кои живеат на Водно, странство или мајчина си без никаков осет сакаат гомнарии во мешаните населби. Дали сметаш дека има разлика во обиди за намерни тензии на национална и верска основа овде (преку крст, орел, џамија во зграда, Бурмали, Офицерски, малтретирање деца, итн итн...99% без присуство или со знаење на полицијата) и во другите европски држави? Јас не гледам разлика. Дали немаш одговор зашто "случајно" постојано се игра на карта меѓуетнички и верски разлики во цела Европа?
Спореди ги сликите во тие блискоисточни држави од 70тите и сега и види ги разликите, кој вршел инвазии итн. ....па размисли како ти би се однесувал на нивно место, доколку си во самица макар 1 месец или ти траскаат бомби барем 5-10 години. Воена психоза и животински инстинкти се за во друга тема, но малку барем размисли во врска со тоа.
И да, сликата со свештениците со нацистички поздрав ти е пред втора светска војна, а сликите со нацистички поздрав на муслиманските групи излезени од муслимански браќа се современи од денешницата. Тие сеуште така се поздравуваат, пошто муслимански браќа се група оформена под покровителство на Хитлер, а Хамас, ИСИС, Ал Каеда и нив слични се групи основани под закрила на Муслимански Браќа.
Јамајка бе, христијански свештеници вршеле геноциди, ти ми збориш за некои временски разлики...сега се вршеа геноциди, пред 15тина години. Во Авганистан до 2009 се убиени милиони цивили.
А што се однесува до примерите со слики на сечењето глави, тие те демантираат дека бруталноста се јавува само при долгогодишни војни, туку дека е во прашање идеологијата.Хрватите не воделе долгогодишни војни па пак сечеле глави и убивале срби.
самиот си даваш одговор на она кое не го разбра уште во првиот пост-ако ова се случуваше за 2-5 години, како би требало да се однесуваат оние каде војните се секојдневие...како салонски пудлици, Цацко к15 манири? :notworthy: капут, алес капут. и мантилче
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Нема врска, влегуваме во безвезна расправа вон контекст и надвор од тема.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.871
Анархисти од Солун делат клешти на бегалците за да ја сечат жичената ограда на македонската граница

Еден еклатантен пример за улогата и потпората на европската левица во збиднувањата со бегалската криза. Во овој случај радикалната левица. Фасцинира кратковидоста и допринесот нивен во јакнење на десницата и исполнување на едни пошироки корпоративно-глобалистички интереси, ако го земеме во предвид фактот дека кризата, мигрантската, е организирана и контролирана- како точен.
Кога работите ќе си дојдат на свое место според предвиденото, овие лесно ќе бидат избришани од сцената, зашто и така се за еднократна употреба.
Изгледа левица-десница, како начин за израз на политичкиот антагонизам, се впрочем две страни на една иста паричка. Врвот е недопирлив, а револуцијата мит. Барем историјата тоа ни го покажала.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Анархисти од Солун делат клешти на бегалците за да ја сечат жичената ограда на македонската граница

Еден еклатантен пример за улогата и потпората на европската левица во збиднувањата со бегалската криза. Во овој случај радикалната левица. Фасцинира кратковидоста и допринесот нивен во јакнење на десницата и исполнување на едни пошироки корпоративно-глобалистички интереси, ако го земеме во предвид фактот дека кризата, мигрантската, е организирана и контролирана- како точен.
Кога работите ќе си дојдат на свое место според предвиденото, овие лесно ќе бидат избришани од сцената, зашто и така се за еднократна употреба.
Изгледа левица-десница, како начин за израз на политичкиот антагонизам, се впрочем две страни на една иста паричка. Врвот е недопирлив, а револуцијата мит. Барем историјата тоа ни го покажала.
Дури и начинот на револуција подсетува. Комунистичката интернационала... Фашистичката интернационала, а сега и исламистичката интернационала. Начинот на пресметување на нивните противници, бруталноста спрема неистомислениците... Убедливо 3те најголеми зла на човештвото испреплетени една со друга.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.541
Поени од реакции
26.231
аргументи со тебе кој светските геополитички движења ги посматра како натпревар на горно маало со долно маало??
И вика од трибини УААААА СУДИЈА ПЕДЕРР
аргументи со сериозни и озбилни луѓе, со деца се шегувам
Ја ти поставив едноставно прашање кое нема многу филозофиии за да треба академик да го одговори. Незнам што не е сериозно во едно реално согледување на нелогичностите кај едните бегалци и кај економските емигранти.
Зошто бегалците од Украина бегаа кај соседите а не во економски најразвиените земји, а ``сиријците`` не бегаа кај комшиите со добар стандарт ( С. Арабија, Оман , Катар) туку во Европа ?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Анархисти од Солун делат клешти на бегалците за да ја сечат жичената ограда на македонската граница

Еден еклатантен пример за улогата и потпората на европската левица во збиднувањата со бегалската криза. Во овој случај радикалната левица.
Радикали - да. Анархисти? Њет. Едно е да направиш постепена разрешница на системот како анархист, друго е да создадеш дестабилизација на една цела држава преку ноќ (што ова како обид фигурира комотно во таа дефиниција). Малку хаос имаме од внатре, сега и ова фали.

Ликовите се бедни изговори за луѓе, не па анархисти.

Требаше да ја наелектризираме оградата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ја ти поставив едноставно прашање кое нема многу филозофиии за да треба академик да го одговори. Незнам што не е сериозно во едно реално согледување на нелогичностите кај едните бегалци и кај економските емигранти.
Зошто бегалците од Украина бегаа кај соседите а не во економски најразвиените земји, а ``сиријците`` не бегаа кај комшиите со добар стандарт ( С. Арабија, Оман , Катар) туку во Европа ?
Поради иста причина шо америчките домородци не бегаа во Украина кога почнаа да ги освојуваат европските колонизатори.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Ликовите се бедни изговори за луѓе, не па анархисти.
Не, тие луѓе се слика и прилика за анархизмот. Да не одиме подалеку, такви ликови имаме и на форумот, анархисти што ги бранат. Главни носители на политиката на отворени граници и масовната муслиманска миграција се анархистите, неокомунистите и ЛГБТ заедницата. Сите ЛГБТ активисти(не обично хомосексуалци и лојални граѓани) изикуваа Refuges Welcоme .Кочо Андоновски беше на маршот за бегалците. Од тоа ли ќе се криеш? Кој денес протестира против затворање на границите?? Националистите и конзервативците сигурно не. Нема потреба да ги правдаш и релативизираш, реалноста е таа, луѓето се тие.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не, тие луѓе се слика и прилика за анархизмот. Да не одиме подалеку, такви ликови имаме и на форумот, анархисти што ги бранат. Главни носители на политиката на отворени граници и масовната муслиманска миграција се анархистите, неокомунистите и ЛГБТ заедницата. Сите ЛГБТ активисти(не обично хомосексуалци и лојални граѓани) изикуваа Refuges Welcоme .Кочо Андоновски беше на маршот за бегалците. Од тоа ли ќе се криеш? Кој денес протестира против затворање на границите?? Националистите и конзервативците сигурно не. Нема потреба да ги правдаш и релативизираш, реалноста е таа, луѓето се тие.
Океј. И тоа дека сум хомосексуалец, а воедно идеолошки сум и анархист, треба да значи по автоматизам да го делам нивниот извитоперен поглед кон светот и да ги оправдам нивните постапки бидејќи делам иста ознака на група со нив? Кочо не збори и дејствува во мое име како хомосексуалец (онолку колку Боки 13 и Фифи за трансите), нити грчките анархисти (патем не сите, овие се само делна група) зборат и дејствуваат во мое име како анархист. Да, во право си за отворените граници, тоа е статут кај анархизмот во генерала. Ама не по сопствена штета и таа на сонародникот. Не преку ноќ. За сите начела во анархизмот потребни се долги постапки и дејствувања со бебешки чекори напред, за да се постигне аклиматизација. Ова што тие го прават е црнеење на репутацијата на анархизмот која и така и така е во доволно негативно светло. И покажува дека работат туѓа агенда на масовна дестабилизација. Муслимаската мигрантска криза како и економската е оркестрирана. Уште пред две-три години излегуваа луѓе со "теории на заговор" за истово. А знаеме и дека главен дестабилизатор во регионов се Сорос и неговите сателити. Знаеме и дека доста од таканаречениве анархистички организации се исто така финансирани од Сорос и неговите сателити. Не треба да си гение да споиш два со два да видиш кој стои позади сето тоа. Ама мене и сличните кои абсолутно се против целава фарса, никако да не ставаш во иста кошница. Нит ги правдам, нит ги релативизирам (не знам каде виде дека тоа го правам во претходниот пост). Али веројатно и ти си одработуваш нечија агенда, па мораш со иста четка сите да не боиш. Разбирливо. Али барем нека биде за верување. Вака хаски и волци ги нарекуваш едно исто нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom