Мики кој е званичен став на МПЦ за обликот на земјата?
За Црквата, прифатливи се само научните сознанија, кои подолго време се покажале како стабилни, проверливи и тешко соборливи, а таквите вистини се бројат на прстите од левата нога... Спротивно од тоа, секое научно видување на нештата, кое е најблаго речено дискутабилно и шпекулативно, кое има појќе фантазија и „набадање„ отколку реално проверливи нешта, не е предмет од Црковен интерес, туку е во склад со Црковно видување на овосветовните нешта, а тоа е нивната менливост и минливост / пропадливост.
На форумов (а и шире...) постојат поборници и на „рамна„ и на „топчеста„ Земја, и секој од нив изнесува „докази„ во корист на своето видување на Земјава. Се‘ дур е така, односно, се‘ дур‘ науките не ни посочат конечна (?) и унисона (!) вистина за обликот од Земјава, Црквата ќе ја гледа Земјава само во духот и контекстот од објавената ни вистина, каде обликот од Земјава е небитен, а „...само едно е битно...„, односно, во Црковниот став за човековата неспособност ради која човекот не може да достигне никаква конечна вистина, ако истата не му е дадена (на човекот) „од озгора„: од Небесата.