G
Goldie
Гостин
Кирил и Методиј беше рангиран на прво место според Шангајската листа на ниво на држава, што е и нормално да биде бидејки има неспоредливо поголем квалитет во споредба со останатите универзитети. Инаку идејава за нови универзитети им текна откако се случија сите овие работи со протестите, пленуми итн па сеа решија да ја намалат моќта на сегашните универзитети со тоа што ќе направат нови а успат преку нивни луѓе ќе штанцаат дипломи од државни универзитети - како малку да им беше штампарницата на Бојо преку која штанцаа дипломи до сега.Би се зачудил колку ВМРОвци го мразат Мијалков. Според мене он веќе од одамна треба да е зад решетки.
Кога се работи за државните универзитети - нели се кењаше на форумов за Кирил и Методиј (и јас какав за истото, од друг аспект)? Кога ја објавија онаа азиската листа каде беше рангиран број 1 (не знам во која реномирана категорија). Тогаш универзитетот беше воден од Власта, и тоа беше срамота. Сега има предлог за нов, одеднаш власта го правела ова затоа што немала контрола врз универзитетите. Па се јавија и членови од СДС како отмено и гордо зборат за тоа дека завршиле на истиот тој КиМ, што пред неколку години го плукаа, и како ова сега било срамота со новиве предлози. Поимот срамота фина рокада си прави од време на време кај левичариве.
На страна квалитетот на универзитетот КиМ - ако беше до нелегитимноста на отварањето на нов универзитет, и сомнеж дека владата сака свое катче за контрола, што се глупостите со преименувањето на универзитетот од страна на опозицијата? Ако е нелегално да се одобри и отпочне проектот, што мешаат прсти во негова потенцијална реализација? Што има врска името ако не треба ни да постои? Затоа што еден од аргументите за непотребноста на универзитетот е дека нема да има доволно студенти да студираат таму, и дека само се фрлаат пари без потреба. Тебе ти има ова логика?
Студирав во опозициски воден приватен универзитет. Пред него во државен (под палка на власта). Прилично сум запознаен со политиките и на двете страни кога се работи во универзитите.
Не видов голем аир и од двата. Може да се рече фрлени пари во оган. Но... Од приватниот се уште ми должат униформа, лаптоп компјутер, и странски препораки за на резиме, сите тие работи кои ги ветија како абсолут, а кои не видоа бел ден. Да не зборам дека ми лапнаа 4 пати повеќе пари по година од државниот (без ветениве реквизити и бонуси). Језда приватен ова-она, ама ова е веќе мочање без грам пристојност да го нарече дожд. И Нано Ружин беше еден од професорите таму.
Онака сликовито да ти претставам. Кој повеќе краде во државава. По сопствено директно искуство.
И не ми одговори на прашањето како ќе ги затворат тие што правеле криминал ако не паднат од власт ? Да не зборам дека премногу глупо е да мислиш дека евентуални избори и победа на дпмне би го рачистила срањето што владее во моментот, напротив кризата ќе се продлабочи и ситуацијата ќе биде уште полоша.
ПС. Што очекуваше ти од ФОН ? Таму и магаре да се запише ќе го заврши факултетот, си ја купуваш дипломата таму затоа си дал минимум 4-5 пати повеќе пари.