Не е прв, нема да биде последен. За жал вистината е таа. И не е до политичарите. До народот е.
Сите сме тепачот, сите сме претепаниот.
Сите сме гласачи и поддржувачи на секоја една од глупите македонски партии како ДПМНЕ и СДСМ..
А како такви изгледа подобро и не заслужуваме. Ве гледам, ве читам, секогаш кога ја напаѓате едната партија ја фаворизирате другата. Шо значи до нас е. И немојте да ме убедувате дека на едната страна се умните, на другата се простаците. Не.
И кај двете страни на врвот се истите манипулатори кои си играат к*р-ташак со две групи на глупаци.