Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Прв пат ќе одам на утакмица на ЖРК, мислите има/ќе има карти пред утакмица?
 
PLEME

КРВАВА ТЕПАЧКА КАЈ СТРАЖА: Се судрија „балисти“ и „варвари“, има повредени
Епилогот од тепачката е десетина повредени од кои двајца со посериозни повреди

полиција (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Демолирани автобуси, крвави траги, стакла на коловозот сведочат за масовната тепачка која се случи денеска во близина на превојот „Стража“, кај месноста „Цретковски мост“.
Група на навивачи од Тетово познати како „балисти“ со десет автобуси патувала кон Кичево, бидејќи ФК „Шкендија“ денес таму го игра својот првенствен натпревар против „Хоризонт Турново“.
По патот, кај месноста викана „Цретковски мост“, која се наоѓа во близина на „Стража“, забележале два паркирани автобуса со црногорски регистарски таблички. Во автобусите патувале црногорски државјани, најверојатно членови на навивачката група „варвари“, поддржувачи на ракометниот клуб „Будуќност“ кој денеска настапува во Скопје.
Од МВР информираат дека потоа навивачите на ФК „Шкендија“ започнале со тврди предмети да фрлаат по црногорските автобуси, по што дошло и до меѓусебна пресметка меѓу двата табора. Епилогот од тепачката е десетина повредени од кои двајца со посериозни повреди, оштетени автобуси и скршени стакла.
Од МВР за „Телеграф“ изјавија дека полесно повредените од тепачката се пренесени во болница во Гостивар, а двајцата со потешки повреди се префрлени на Ургентен центар во Скопје.

Засега нема информации за карактерот на повредите, а истрагата и натаму е во тек.
http://telegraf.mk/aktuelno/hronika...-sudrija-balisti-i-varvari-ima-povredeni.nspx
 
Дај нешто повеќе за оваа тема сите сакаме да дознаме. :):)
Нејќам да сум дрска ама ризикувам многу и со оваа информација така да се во свое време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom