G
Goldie
Гостин
Како што знам ти воопшто и не живееш во Македонија така да појма немаш од тоа како влијаеле разговорите врз луѓето. Еден куп што не се замараа за политика сега ќе гласаат против ДПМНЕ, еден куп што не им зависи работното место од партијата пак ќе гласаат против нив па дури во последно време гледам и партиски вработени како се почесто ги критикуваат за разни работи.Мислам дека и без пуштањето на разговорите сите бевме свесни каде живееме и кој не води. Гледаш и сам дека не направи некоја разлика тоа, пак сме поделени и релативно малку смени тоа. Од друга страна на добар пат сме сега ради тоа да станеме протекторат. Постои и реална шанса да ни ги начукаат мигрантите поготово ако знаејќи како „успешно“ делуваше владата во 2001.
Пак ќе кажам остави минатото. Гледај сегашноста, гледај го Заев што договори во Пржино. Кој го кочи цел процес моментално, кој бега од избори... Не треба да си генијалец да увидиш колку е тој способен. За се друго се сложувам. Работава ни е угоре високо, удоле длабоко а можеше се да биде поинаку ако правилно изиграше опозицијата.
Инаку во тој договор од Пржино имаше услов и за прочистување на избирачкиот список а такво нешто не е можно да се случи до изборите и затоа мора да се одложат