Конфликтот во Сирија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
И Тито на времето рушеше Амерички авиони, ама беше 3896547658746748647674 пати попаметен од исламистот Ердоган, кој ја донесе Турција на работ на граганска војна, во отворен конфликт со Сирија и провокации кон Ирак. Турција сега е позната како главен подржувач и креатор на ИСИЛ, Нусра и други исламистичко терористички групации. Со Русија се закачија, на Америка и се понашааат коо да е ова некој копиљ од чаир. Прашањето е до кога во Вашингтон ке се толерира вакво однесување на Ердоган, нема да ме чуди ако дојде претседател републиканец да видиме промена на Отоманско - Исламистичкиот режим во Турција. Исто така ја уценуваат ЕУ за пари и разно разни бенефиции. Зар стварно мислите дека ваквото однесување ке трае вечно??? Не ја споредувајте Турција со Изреал....Израел ја контролира Америка, што де факто го прави Израел најголемата сила во светот, можат да прават што сакаат и никој не им може ништо.
Турција е сила и со Ердоган и без Ердоган. И ако што сите ние мислиме дека Турција работи со ИСИС, сепак се уште нема цврсти докази за тоа. Инаку да беше 100% сигурно дека Турците работат со ИСИС. Турција веднаш ќе беше истерана од НАТО. А дека имат муда за се и сешто имат. Без разлика дали на некому тоа се допаѓа или не.Турција со години наназад докажа дека не е банана како арапските кавказските и балканските земји.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Батка добар ли си?Како е горе кај вас на Марс?
Добро бе друже ако е така зошто Меркел, Бајден, Оланд и сите други светски лидери скоро секоја година неколку пати прават посети на високо ниво во Турција ? Зошто например Турција не е заобиколена земја ако работи со ИСИС ? Како сега никој не знае во светот само ние од кајгана и русите од Русија знаат дека се поврзани со ИСИС ? Зошто тогаш Турција не е истерана од НАТО ? А после тоа САД и ЕУ нека објават војна против Турција бидејќи нели според некои луѓе биле џихадистичка земја. Исто има шпекулации дека и Израел и САД стојат позади ИСИС па никому ништо. Бидејќи нема цврсти докази. Ние гледаме само Русија што ќе каже и толку. Па и поради тоа се губи објективноста. Ние само еднострано ги гледаме работите. Незнам дали тоа е од емоции или од нешто друго ?
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511

:facepalm::facepalm::facepalm:[DOUBLEPOST=1455710597][/DOUBLEPOST]
Еве кој му се чита за тоа како настанува тероризмот, кои се главните играчи зад кулисите и за која цел се користи истиот.
Преку операцијата Нортвудс, до талибанците и Ал-Каеда. Потоа информации за некои од клучните играчи, за инволвираноста на разузнавачките агенции како ЦИА и нејзините пандани во Саудиска Арабија и Пакистан, за помошта во оружје и финансии, за перењето на мозок на авганистанските деца преку книгите и учебниците итн.
За почетоците на Ал-Каеда зборува Бжежински:

The former director of the CIA, Robert Gates, stated in his memoirs [From the Shadows] that American intelligence services began to aid the Mujahadeen in Afghanistan six months before the Soviet intervention. In this period you were the national security adviser to President Carter. You therefore played a role in this affair. Is that correct?
Brzezinski: Yes. According to the official version of history, CIA aid to the Mujahadeen began during 1980, that is to say, after the Soviet Army invaded Afghanistan, December 24, 1979. But the reality, secretly guarded until now, is completely otherwise. Indeed, it was July 3, 1979, that President Carter signed the first directive for secret aid to the opponents of the pro-Soviet regime in Kabul.

За врската на Бин Ладен - Буш, и за нивната инволвираност во Carlyle Group.

Young George also received fees as director of a subsidiary of Carlyle Corporation, a little-known private company which has, in just a few years of its founding, become one of America’s biggest defence contractors. His father, Bush Senior, is also a paid adviser. And what became embarrassing was the revelation that the bin Ladens held a stake in Carlyle, sold just after September 11.

За помошта на Ал-Каеда:

The November 1, 1998, British Independent reported that one of those charged with the 1998 bombings of US embassies in Kenya and Tanzania, Ali Mohammed, had trained “bin Laden’s operatives” in 1989.
These “operatives” were recruited at the al Kifah Refugee Centre in Brooklyn, New York, given paramilitary training in the New York area and then sent to Afghanistan with US assistance to join Hekmatyar’s forces. Mohammed was a member of the US army’s elite Green Berets.

Исто така:

Sudan offered Bill Clinton the ideal opportunity to apprehend bin Laden and prevent future terrorist attacks. Instead, the US pressured Sudan to make bin Laden leave, “despite their [the Sudanese] feeling that he could be monitored better in Sudan than elsewhere”

Ова се само ееептен малецки извадоци од тоа што може да се прочита.

Може постот не е директно за состојбата во Сирија, но сепак истата состојба произлегува од дејствијата на овде споменативе, така да врската е тука.

http://www.conspiracyarchive.com/2013/12/21/the-hidden-face-of-terrorism/
http://www.conspiracyarchive.com/2013/12/21/how-the-cia-created-osama-bin-laden/
@oon Еве ќе се самоцитирам, да прочиташ малку повеќе за тероризмот и џихадизмот. Ова нека ти биде отскочна даска за понатамошно истражување.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Богами како и да е едниствените држави што ги ценам во светот се Израел и Турција. Абе кур не им боли за ништо. Кога станува збор за нивните национални интереси спремни се за и сешто. Овие држави од секогаш биле така. А иначе многу земји во светот треба да научат нешто од израелците и турците. Кога се спомнува патриотизам треба да се земат пример овие две држави.Во политиката треба да имаш и муда. А не само сила и памет.
Ако има нешто кое е историски штетно за една нација тоа е кога ќе биде разгалена по одредено прашање. Таа се навикнува да живее со високоумието и митовите за себе, ја губи објективноста и не сеќава како оди во правец на пропаст.
Ете ги примерите со величањето и галењето на србите меѓу двете светски војни. И ќе продолжат да губат се додека не се ослободат од мислењето за себе како ратоборен непобедлив „небески народ“ - а не гледаат дека губат на секое поле.
Југославија после Втора светска војна.
Грција во ЕУ после падот на Берлинскиот ѕид.
Истото можам да го кажам и за разгалувањето на поколението македонци со добивањето удобства кои не биле соодветни на трудот во распонот од 70-тите и почетокот на 80-тите години на 20 век.
Во сите случаи она кое било добиено, подоцна низ нос е излезено и многукратно наплатено.
Нешто слично е и со турската и саудиската политика, на кои со стек на околности со децении не им е приговарано за сите злосторства внатре и надвор како за тековните така и за историските. Тие сега не можат да сфатат дека не се нешто поразлично од другите во светов за да имаат политика без отстапки. Кога дури и големите сили-империите се принудени на отстапки.
Иако САД даваат јасно до знаење дека курдите им се стратешки партнер и Турција сакала-нејќела ќе мора да попушти барем со автономија по ова прашање. И иако сите други политичките чинители се на страната на курдите, децениски разгалена и залетана турска политика не можи да се себесовлада и да сфати дека како и сите други и тие ќе мораат да почитуваат некои правила.
Слепи се за катаклизмата во која ја воведуваат Турција (исто и саудијците Саудиска Арабија) со ова отворено непријателско однесување кон една од големите сили. А само да дадеа некаква автономија на курдите и да почекаа уште 20-30 години ќе влезеа во клубот на големите сили, односно ќе ја повратеа империјата. Каков и да беше Курдистан ќе беше зависен од турската империја, нешто слично како другите империи кои околу себе имаат зависни држави и области.
И за Израел има вакви примеси, но таму има и други чинители. Израелците сепак се доволно свесни да не работат без поддршка на САД и да не се закачуваат со некоја од големите сили.
 
Последно уредено:

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
:facepalm::facepalm::facepalm:[DOUBLEPOST=1455710597][/DOUBLEPOST]
@oon Еве ќе се самоцитирам, да прочиташ малку повеќе за тероризмот и џихадизмот. Ова нека ти биде отскочна даска за понатамошно истражување.
Друже очигледно е дека не ќе можеме да се разбереме. Јас тоа што го гледам на тоа верувам. Логиката не ми дава да мислам нешто друго. И те молам не ми реплицирај. Нема простор за понатамошна дискусија. Како сакаш сфати ме не е проблем.[DOUBLEPOST=1455711363][/DOUBLEPOST]
Иако САД даваат јасно до знаење дека курдите им се стратешки партнер и Турција сакала-нејќела ќе мора да попушти барем со автономија по ова прашање. И иако сите други политичките чинители се на страната на курдите, децениски разгалена и залетана турска политика не можи да се себесовлада и да сфати дека како и сите други и тие ќе мораат да почитуваат некои правила.
Слепи се за катаклизмата во која ја воведуваат Турција (исто и саудијците Саудиска Арабија) со ова отворено непријателско однесување кон една од големите сили. А само да дадеа некаква автономија на курдите и да почекаа уште 20-30 години ќе влезеа во клубот на големите сили, односно ќе ја повратеа империјата. Каков и да беше Курдистан ќе беше зависен од турската империја, нешто слично како другите империи кои околу себе имаат зависни држави и области.
И за Израел има вакви примеси, но таму има и други чинители. Израелците сепак се доволно свесни да не работат без поддршка на САД и да не се закачуваат со некоја од големите сили.
Нема докази ни за Израел дека ги поддржува терористите.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Некој сака доказите да му ги донесат на тацна со утринското кафе, или да ги кажат ексклузивно на СНН, во ударен термин. Затоа што логиката така налага и затоа што верува на тоа што го гледа (тоа што ќе му кажат да го гледа). Тоа што му се случува пред носот е премногу тешко да го сфати, затоа што предизвикува мака и неверување, како може такви луѓе кои се на врвот тоа да ни го прават нас, на обичните смртници. Очигледно песокот е доволно длабок за да не може да си ја извади главата од него.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Друже очигледно е дека не ќе можеме да се разбереме. Јас тоа што го гледам на тоа верувам. Логиката не ми дава да мислам нешто друго. И те молам не ми реплицирај. Нема простор за понатамошна дискусија. Како сакаш сфати ме не е проблем.[DOUBLEPOST=1455711363][/DOUBLEPOST]
Нема докази ни за Израел дека ги поддржува терористите.
Гледаш дошол некој во соседство и редовно ги тероризира и се изживува со сите соседи. Не само со главните кои ти се непријатели, туку и со децата, жените, старците. Ти си најсилен во сето соседство, но не само што си ќутиш, туку и спремен си да удриш и по тепаните и по другите.
Јасно е таквиот каква политика негува.
Доказ за поддршката и замешаноста на Израел е самото тоа што воопшто не превземат никакви мерки против вакви ѕверски злосторнички групи. Реална беше можноста Даеш да им стане сосед. Израелската влада тоа не ги загрижи, туку ги загрижува да не опстане Асад со уништена Сирија.
Израелците но не само тие, го поттикнаа ова со џихадизмот во Сирија, затоа што не беше вистинска опасност Сирија со диктаторот Хафез ал Асад. Ама Сирија со Башар стана опасност поради напредокот во културата, стопанството, демократијата... Е тоа е вистинска опаност која за нив наметна неопходност да се превземи нешто со таков владетел. Затоа и толку е важно за нив Башар ал Асад да биде отстранет.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.871
Поени од реакции
12.971
Турција е сила и со Ердоган и без Ердоган. И ако што сите ние мислиме дека Турција работи со ИСИС, сепак се уште нема цврсти докази за тоа. Инаку да беше 100% сигурно дека Турците работат со ИСИС. Турција веднаш ќе беше истерана од НАТО. А дека имат муда за се и сешто имат. Без разлика дали на некому тоа се допаѓа или не.Турција со години наназад докажа дека не е банана како арапските кавказските и балканските земји.
сепак се уште нема цврсти
сепак се уште нема цврсти
сепак се уште нема цврсти
сепак се уште нема цврсти

Ќе ти реплицирав со аргументи ама сметам дека нема потреба.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
сепак се уште нема цврсти
сепак се уште нема цврсти
сепак се уште нема цврсти
сепак се уште нема цврсти

Ќе ти реплицирав со аргументи ама сметам дека нема потреба.
Навистина нема потреба да се докажеме. Чим на форумот не се почитува секој кој што мисли и поинаку бадијава е се.
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Навистина нема потреба да се докажеме. Чим на форумот не се почитува секој кој што мисли и поинаку бадијава е се.
Плукај против сите народи во светот, само русите фали ги и фаворизирај ги ако сакаш да останеш не допрен, и ќе видиш после сите ќе ти напишат позитивно. Во спротивно нема шанси ќе се пројави негативна конотација за твоите размислувања.Само Русија му е мајката на се немој против нив да пишуваш нешто оти можат да те избркат и од форумот.:icon_lol:
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Плукај против сите народи во светот, само русите фали ги и фаворизирај ги ако сакаш да останеш не допрен, и ќе видиш после сите ќе ти напишат позитивно. Во спротивно нема шанси ќе се пројави негативна конотација за твоите размислувања.Само Русија му е мајката на се немој против нив да пишуваш нешто оти можат да те избркат и од форумот.:icon_lol:
Има пристрасност кај поединци на форумот кон Русија. Но тоа ни приближно не можи да се мери со слепата и примитивна пристрасност кон некоја противруска сила на 3-4 учесници во темава како Realen, Amon_Balkan, fmi...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Ај ај си знаат тие што прават.. Пред нивниот двор си ги чистет вирусите.
Тероторијата на Турција константно се намалува од 17 век наваму...
Тој тренд изгледа ќе продолжи во 21 век кога ќе го изгубат и Курдскиот дел.
Знаат што прават.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Колку и да е негативен лик Ердоган, мора да се признае дека има храброст. Им пркоси и на САД и на Русија. Но, ако продолжи вака нема долго да издржи. Најважен трговски партнер на Турција е ЕУ. А многу добро знаеме дека ЕУ е исто така и потчинета на САД. Турција веќе се соочи со санкции од Русија, ако и ЕУ го затегнат ременот ќе стане доста тешко за Турција. Тој мисли дека може ЕУ да ги уценува со бегалците. Ама има држави во ЕУ кои ова нема да го дозволат сигурно, ако ептен претера. Унгарија тоа веќе го покажа на дело. А не е сама тука. Сите земји од поранешниот Источен Блок се заедно со Унгарија а и Британија и Франција од Западниот Блок им се приклучија на овие земји. Ако овие видат злоупотреба од страна на Турција ќе реагираат.
А вака од друга страна Ердоган само го чисти образот на Путин и ги потврдува тие работи што ги тврдат Русите за него - дека ги помага терористите и исто така укажува на тоа дека е крајно непресметлив и дека е поголем тоталитарист и од Путин. Ако продолжи да ги игнорира барањата на САД за прекин на огнот врз Курдите ќе биде тешко за Турција. Има храброст, ама колку тоа ќе му помогне понатаму ако продолжи вака. Курдите во моментов се и за двете страни важни. Никој не е заинтересиран да бидат растурени тие зошто постигнаа најголеми успеси во оваа граѓанска војна и се борци кои имаат огромно воено искуство, поголемо од тоа на „скромните“ бунтовници поддржувани од Саудиска Арабија и Турција. И на САД и на Русија не им одговара Курдите да бидат растурени.
 
Последно уредено од модератор:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Добро бе друже ако е така зошто Меркел, Бајден, Оланд и сите други светски лидери скоро секоја година неколку пати прават посети на високо ниво во Турција ? Зошто например Турција не е заобиколена земја ако работи со ИСИС ? Како сега никој не знае во светот само ние од кајгана и русите од Русија знаат дека се поврзани со ИСИС ? Зошто тогаш Турција не е истерана од НАТО ? А после тоа САД и ЕУ нека објават војна против Турција бидејќи нели според некои луѓе биле џихадистичка земја. Исто има шпекулации дека и Израел и САД стојат позади ИСИС па никому ништо. Бидејќи нема цврсти докази. Ние гледаме само Русија што ќе каже и толку. Па и поради тоа се губи објективноста. Ние само еднострано ги гледаме работите. Незнам дали тоа е од емоции или од нешто друго ?
Послаб и поинаивен изговор во живот не сум слушнал. И Америка ја формираше Ал Каеда во Афганистан да се бори против Советите,ама и тогаш а и сега сите трчаат и се молат да бидат примени во Вашингтон на средба..

Друже очигледно е дека не ќе можеме да се разбереме. Јас тоа што го гледам на тоа верувам. Логиката не ми дава да мислам нешто друго. И те молам не ми реплицирај. Нема простор за понатамошна дискусија. Како сакаш сфати ме не е проблем.[DOUBLEPOST=1455711363][/DOUBLEPOST]
Нема докази ни за Израел дека ги поддржува терористите.
Имаше една тема во врска со подршката на Изреал на Џихадистите на која постирав едно видео репортажа од Вајс Њус во која убаво се снимени џихадисти како лежат во Изреалска болница во Голанските Висини, и даваат интеврју а воедно и изреалски доктор тоа го потврдува. Така да докази има и тоа како, само ако ти НЕ САКАШ да ги видиш тоа е друго. Воедно, да споменам има разлика во тоа да имаш мислење а сосема друго е да тврдиш дека белото е црно а црното е бело.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom