Стрипови

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefanos_M
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе има ли некаква опција за коментирање стрип идеи ? Овде слабо дискусија, ја отворив страницава на македонското стрип здружение и форум и таму ништо вакво несретнав...
Работата е во тоа дека имам стрип идеја/и мислам дека можам да ги организирам приказните (зборувам за месечен стрип) а цртам доста аматерски односно доволно лошо за да неможам да цртам стрипови.
Ако има некој што сака да соработуваме нека пише.

П.С. Имам едно прашање ако јас комплетирам стрип кој е процесот до тоа да испадне во јавност поточно по трафиките и киосците ? Издавачка куќа е неопходно за тоа како првенствен чекор претпоставувам.
Воопшто целиот концепт на стрип култура е многу малку застапен, и со самото тоа се губи желбата за стрип. Дефинитивно ни е потребна подобра атмосфера. Како што и ти кажа треба повеќе да се разговара, разменуваат мислења и сл.
 
Народов воопшто чита премалку а пак стрипови да не правиме муабет. Во помаливе градови има места кај што буквално нема никаде стрип во градот. Исто интересна работа што луѓево и на интернет не читаат а седат пред екран половина од денот.
 
Абе дека немаме култура за читање тоа е факт, но сега зборуваме за стрип застапеност воопшто кај нас. Фали и треба да се организира некој собир за комуникација, промоција на нови стрипови, размена на мислења...
 
Јас сум ко мало дете радосен и пресрекен само со тоа што постојат М Комикс од пред неколку години, пред тоа во цела година 2, 3 пати максимум да начекав стрип и тоа на српски во киоск или трафика пошто само таму ги има. Сега се е подруго освен Дилан Дог и Загор има и други стрипови и покрај тоа читам на наш македонски јазик.
 
Дај тогаш некој предлог (освен Загор и Дилан) што би требало да се прочита:)
 
Дај тогаш некој предлог (освен Загор и Дилан) што би требало да се прочита:)
Marti Misterija ако те интересираат мистерии поврзани со археологија и историја.
 
Дилан Дог е најдобро нешто од изданијата на Бонели. Јас ги читав сите ликови на Бонели, меѓу кои и Дилан Дог, но дури сега сфаќам колку маклку сум ги разбирал некои од стриповите. Хоророт и чудовиштата во стрипот речиси секогаш се алегорија реалните, секојдневните чудовишта и чудовишни постапки од обични луѓе.
 
Хуго Прат: Корто Малтезе, Форт Вилинг
Гжегож Росински: Ханс, Освета Грофа Скарбека
Ерже: Тин Тин
Бил Вотерсон: Калвин & Хобс
Магнус: Алан Форд

Прат, Росински и Ерже цртаат графички новели и се во сосема друг ранг, почнувајќи од цртежите, раскажувањето и самата изработка на стрипот.
Корто Малтезе го издава BookGlobe од Хрватска, албумите се во A4 формат, печатен е на квалитетна хартија и тврди корици. Цените во Бункер за Корто се од 900 ден. најевтиниот, па сè до 2500 ден. за еден албум. Balada o slanom moru е мислам дека најскап, 2500 денари. Можно е Sjecanja да е поскап, ама не знам дали го има во Македонија, но најверојатно може во Бункер да се нарача. Другите делови од Корто се: Mladost, U Sibiru, Tango, Uvjek malo dalje, Helvetske price, Mu, Kelti, итн.
Калвин & Хобс е кратко, хумористично, дневно стрипче, доста популатно по светов, излегувало од 1985 до 1995 година во весник. Во некои списанија и весници сè уште го објавуваат. Јас го имам целосно, од торент спуштено. За Алан Форд знаете сите...

(п.с. да не дојде до забуна, албумите од Корто на сликите не се мои)
 
Дали некој знае каде ги има сите делови од стрипот Фацизам на Tonyo San и King Fizze, некоја книжара или библиотека низ Скопје, би сакал да ги купам. :)
 
Последно уредено:
Стрипот може да се набави само во стрипотеката „Бункер“ (спроти „Рамстор“) мислам дека на други места го нема.
 
Дали има некој што ги има стриповите на к-15??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom