Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.025
- Поени од реакции
- 12.697
Нема зошо некој да ги пренесува моите и твоите ставови. Нема зошо некој воопшто да пренесува свои ставови при известувањето, разбираш? Ако се известува за случувањата во денот, треба тоа да е непристрасно, за да потоа јас и ти да си оформиме наши ставови. Пример кога се известуваше за пресот на Јанева, новинарот треба да даде информации со која цел бил пресот и да го пренесе. Мое е да одлучам дали Јанева била или не била пристрасна, дали се ујдисала со Заев, дали пресот е политички или не. Нека си отвори новинарот колумна и таму нека си пишува што сака.Значи имаше тука прашање. Како некој објективно и непристрасно би ги пренел моите и твоите ставови. И дали Телма и 24 се според тебе непристрасни?
После дали ти мислиш дека живееме во диктатура и зошто? Што тебе те натерало така да мислиш?
И од каде таква идеја дека сме најсилна економија на светот. Јас не мислам дека сме најсилна економија на светот, далеку од тоа. Мнооогу далеку.
П.с тоа пола пола некако не ми штима. И претходно ти напоменав, не зборувај во името на сите пошто ти не си сите, не си ни половината. Ти мислиш така, другите што мислат само тие си знаат. Така да во иднина ако сакаш не се расфрлај со мислење на другите, држи се до твојот став и мислење.
Еве како тоа изгледаше во Телма:
Специјалното обвинителство објави денеска дека го отвора првиот случај поврзан со прислушуваните материјали, кој се однесува на изборните измами, со работно име "Титаник".
Меѓу осомничените се поранешните министри за внатрешни работи, за транспорт и врски и генералниот секретар на владата во 2012-таа година. Овие функции во тој период ги вршеа Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Тие се сомничат дека биле дел од злосторничко здружување за повреда на избирачките права, повреда на слободата на избирачите и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања. Се работи за целосна криминализација на избирачкиот процес, соопшти специјалното обвинителство.
Едно лице веќе е лишено од слобода, како дел од истрагата. За кривичните дела се предвидуваат казни затвор во времетраење од 3 години и повеќе.
Отворена е истрага и против 5 судии на управниот суд и 4 членови на ДИК заради злоупотреба на службената должност во 2013-та година.
СЈО соопшти дека се уште не го презело случајот Монструм.
Повеќе детали за прес конференцијата на СЈО следуваат наскоро.

Еве како изгледаше на Сител
Политичка и полна со пристрасност прес-конференција одржа денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која ја најави првата акција под името „Титаник“, за како што рече, дела поврзани со изборите.
Најотворено и безрезервно СЈО и Катица Јанева денеска ја покажаа пристрасноста на дело и воедно ги потврди пишувања на дел од медиумите дека таа и опозицискиот лидер имаат заеднички план за дејствување, односно токму Јанева е главниот адут на Заев на предвремените парламентарни избори.
Во стилот на Заев, Јанева денеска на политичката прес-конференција рече дека правдата ќе победела, а за тоа ја охрабрувала и поддршката од меѓународната заедница.
-Зарем некој може да биде рамнодушен како го чира извештајот од Прибе од 2015 година особено во дел кој се зборува за притисокот во Јавното обвинителство и судството, рече Јанева.
Во својот кус и несигурен денешен настап, Јанева не успеа ниту точно да го прочита тоа што и беше напишано. Дополнително, СЈО настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа. Со тоа Катица Јанева покажа класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја.

За тоа пола пола може не знаеш пошо Брима Галуп или Павел Шатев не извршиле анкета, сепак тие се тие две институции кои се одговорни за сите истражувања и анкети.