Автомобили во размер

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување

Секоја чест почитуван колега-кајганџија:)(y) Мислам дека ова навистина дополнително и даде „свежина“ и ја „облагороди“ темава![DOUBLEPOST=1455468576][/DOUBLEPOST]Се согласувам со покренувањето на иницијативата на колегата @Црноризец Храбар да се направи некој текст кој ќе претставува „увертира“ за се што треба да се знае и на основно и на понапредно ниво за автомобилите и сите преостанати возила во размер. Навистина одлична идеја:bravobe:
 
Последно уредено:

Да се нафати некој да пишува текст за дикаст модели, како и макетарство, исто како да сте му дале да спреми докторат. :D Во кратки црти е тоа што има во темава, до сега. Тоа се два различни света.
Најдобро е да читате по странскиве форуми, опфатено е се' во стотици теми. За дикаст модели би го препорачал овој.
За макетарство, не сум баш сигурен, сеуште учам на оваа тема, иако имам направено неколку макети на 1/24 камиони. Еве на пример тука или тука.

Сакам да кажам, за се' да се опфати за почетници, како што барате, не е можно. Затоа Google ви е добар пријател. :) За поединости, не е проблем, може да дискутираме колку сакате.
 
Го прифаќам укажувањето:):D. Сепак Вие поискусните најдобро знаете. Инаку форумиве навистина се доста интересни - претпоставувам штом Вие ги препорачувате, истовремено сте и член на истите(y)?
 
На форумот за дикаст модели (Diecastexchange), сум член. На тие за макетарство, не сум, само читам и разгледувам. :) Ти се реши ли од каде ќе почнеш ??
 
Ферари ф40 и мини 1
Ферарито е од бураго а минито е од корги. Не им се отвараат вратичките.
Се сметаат ли за автомобили во размер или обични реплика-играчки се?
 
Attachments

  • IMG_20160215_173726.jpg
    IMG_20160215_173726.jpg
    368,8 KB · Прегледи: 25
Ферари ф40 и мини 1
Ферарито е од бураго а минито е од корги. Не им се отвараат вратичките.
Се сметаат ли за автомобили во размер или обични реплика-играчки се?
Да, се сметаат. F-40 - та би требало да е размер 1/43, а Mini-то 1/64, грубо гледано од слика. Како и да е, чувај ги. Ова се стари модели, од времето.
 
https://www.facebook.com/SEE3D.mk/ interesni raboti moze da se napravat bandasi spojleri itn...
Да, може, само припремата кој ќе ти ја направи во Аутокад ?? Нели, по мерка и сакан изглед.
Не е баш така едноставно. Како и да е, интересно. Во странство чуда прават за дикаст моделиве со 3D принтери.
 
На форумот за дикаст модели (Diecastexchange), сум член. На тие за макетарство, не сум, само читам и разгледувам. :) Ти се реши ли од каде ќе почнеш ??

Да, дефинитивно сакам да почнам со автомобили и тоа со модели во 1/18 размер:) Исто така, кога ќе имам време ќе се зачленам и на форумот за истите кој Вие ми го предложивте! Би сакал да започнам со фордот кој во претходните постови Ви го опишав, ако не тогаш директно би преминал на American muscle cars и од новите модели, но исто така и од класичните.
 
Ај да прејдеме на ТИ, нема потреба од персирање. :)
Инаку со среќа, многу модели да собереш. Само полека, скап "спорт" е ова.
За почеток може нешто и од овдешниве брендови да набавиш, ако ти се допадне нешто.
 
Со среќа и од мене само убаво ти кажаа погоре скап спорт да си знаеш :) не да те плашам, ама да си знаеш однапред дека треба доста да трпи буџетот за воа задоволство.
 
Ви благодарам почитувани колеги:). Секако дека ова хоби или спорт или како и да го именуваме e скап/о. Впрочем јас тоа и го очекував:D. Се надевам дека, со тек на времето, од посакуваните модели ќе можам да направам некаква колекција на која ќе бидам горд и воодушевен не само јас, туку и вие драги членови, како и тоа дека нема премногу да го оптеретам домашниот буџет. Но, оптимист сум дека со планско и рационално трошење и двете работи нема да трпат загуби, т.е. згаснување на ентузијазмот кон автомобилите во размер со тек на времето, а од друга страна и да почнат да се чувствуваат последици од „цедењето“ на домашниот буџет. Што се однесува до колегата @zocc - секако дека можеме да преминеме на ТИ:). Јас само сакав да покажам учтивост и еднаков респект спрема сите членови воопшто на овој форум (независно дали се познаваме или не, уживаме или не некаков статус на форумов, дискутираме, се препираме, надополнуваме, си противречиме или контра-аргументираме итн.). Всушност, тоа е и мојот стил на изразување кој може да го препознаете и на другите теми од истиов (форум). Во секој случај, го прифаќам предлогот колега @zocc (y)
 
Јас инсистирав за да ни биде подругарски односот, ништо лично.
Ајде чекаме да не изненадиш со првиот 1/18 модел, да ја освежиш темава и така е "тапа" во последно. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom