Дали во моментов кај нас постои слобода на изразување и независен медиум? Твое мислење ме интересира. Дали според тебе е нормално новинар во своето известување за дневник да дава негов личен став, да спинува вести, да вади изјави од контекст, и најбитно, селективно да известува? Јас како гледач сакам да си го оформам сопствениот став, а не некој да ми всадаува мислења. Сто пати кажана лага е вистина, не?
Како може едни та исти "експерти" да се вртат на сите телевизии, истите луѓе, експерти во секоја област, образование, здравство,судство? Истото се ломоти со години, буквално за секој проблем во државава е крива опозицијата. Место како во секоја нормална држава да се критикува власта за да се подобри, само кај нас се е перфектно и нема место за критика. Ако веќе си се осудил да критикуваш,одма си етикетиран како предавник на земјата, соросоид,системска грешка. Место да си ги бараме грешките, ние 10 години кривиме партија која не е на власт, која не ни беше дел од Собранието со години. Отвори било кој провладин медиум, нема статија во која не се споменува СДСМ со нејзината соросоидна политика. И како да не бара закон за медиуми? Не бара цензура, бара еднакво известување.
И нормално последица на се ова да е поделеноста на народот. Јас памтам и порано по слави и родендени се говореше за политика, ама дојде време луѓе да си заминуваат од маса и очи да не сакаат да си видат пошо се од различни партии. Од осамостојувањето па навака сите грешно изиграа, затоа викам, од две зла не би одбрала ни едно.
првен ќе се извинам оти не сум повикан, ама сакам да се сложам и не со некои работи искажани од тебе. Прво, независен медиум ти е релативна категорија, сите се зависни некои оти сакат некои оти морат, ако владата поткупува медиуми истото го прават и некои странски нго со тон пари истурени за вакви накви емисии, дебати, разни чуда. А и медиумско право е кои ставови ќе ги застапува, дали десните или левите, тоа е секаде по светот, зошто да бидеме исклучок. За друго нешто се сложувам, читачот на вести да ги чита како се напишани, да не спинува, да не дава личен став, за тоа нека си има емисии за политика дебатни емисии, макар и со 4 истомисленици нека свршуваат на исти ставови, впрочем истото го прават телма алсат 24 вести и овие другиве во случајот мтв, оти канал 5 и сител немат дебатни емисии. и се служувам за експертите, како се станува експерт, за мене експерт е личност со 20 годишно искуство во одредена област, кај нас сите се експерти, еве и јас и ти во случајов, за експертите и едните и другите се прочитани, едино лично мене ми се бендисува Жидас.
Друго не ги бранам медиумите на власта, ама сосема сум сигурен дека тие се формираа како противтежа на опозициските кои се што ке се направеше за нив беше не убаво, криминал, а знаеме од каде пари добиват да јадат бурек. Власта не го издржа тоа и почна да фрла пари за свои медиуми кои ќе креират мислење и за мене нивно право, кој не тера да ги читаме, јас лично не сум отворил курир инфомакс другите не му ги ни знам, но не сум отворил ни плус инфо, народен глас и слични булшит квази медиуми, ај створи си мислење кога сите држат страна, дај навистина некој портал кој е независен, порано беше печатен медиум Нова Македонија и Утрински но се повеке заземат страна, секоја ден Купував Нова Македонија ама кога почнаа со цензура, се прекина.
за поделеноста на народот си во право и тоа најногу ме загрижува, дури ме плаши, сите се закрвени, одма се етикетира, еве и на форумов, погоре некој ако отворено си каже дека ја порджува едната страна, некои ниски удари одма добиваш, дека си бил платен, на платен список, некој ти вработиле во фамилија, во ова држава не можеш да си кажеш мислење, одма те етикетират, сум се нашол на маса каде ми идело да си заминам поради глупи политики шо држат страна некои луѓе, луѓето се закрвени сериозно и ме плаши ова да не се случи нешто. се надевам не, ама ретко грешам.