Сакаме да се интегрираме, правиме и носиме европски закони баш заради тоа. Тоа го правеа и ќе продоложат да го прават и двете политички опции, што беше една од ретките работи што ете добро ни одеше. Сега сме во ситуација кога имаме европски закон плус се нуди било која евро опција ама опозицијата одбива и инсистира на нивен уникатен закон кој се коси буквално се што таа европа репрезентира - слобода на изразување. Тоа го прави зашто инсистира дека сме недораснати за европски закони, дека тука владеат посебни правила кој предходно баш они ги инсталираа, Латас на пример беше „нивен“ новинар долго време. Што знам, ти се чуствуваш недорасната? Имаме „европеец“ кој е далеку од адекватен кадар за работава што треба да ја направи и бутка очигледно лош закон, кој нема шанса да помине кај него дома, само да им удоволи на едниве притоа понижувајќи ја цела нација. Извини ама со оглед на тоа дека и порано не имаат изиграно вакви „партнери“ малку скептичен сум дека тек така ни помагаат без притоа некој да им ветил нешто. Во ситуација кога 3 од 4 партии плус новинарите укажуваат дека тоа што го нуди СДСМ е лош закон негледам зашто сеуште се кочат работите таму. Опозицијата мора да сфати дека ако сака да има добри односи со било кој битен фактор во државата треба да ги негува истите. Неможе од една страна да ги сатанизира одредени институции или сегменти во општеството па после да очекува поддршка од нив.
За жал цела оваа партија беше грешно одиграна од страна на опозицијата. Како тебе и јас сакам не некој, него СИТЕ да платат нешто како во Романија на пример ама за тоа да се случи требаше опозицијата подобро да се постави уште пред пржинскиот договор. Ако навистина сакаат промени во системот требаше да се оди до крај и да се инсиситра на такви точки во пржинскиот договор. Такви точки ако убаво погледнеш НЕМА, има само како што е можно побрзо да се смени власта односно да замениме еден тиран со друг. Направија огромен превид дека се ќе тече ко подмачкано и дека во април ќе може лесно да дојде до смена што на крај се покагажа грешно и сега ради тоа сите ние губиме. Тоа е реалноста.
Да сакаа да направат нешто добро за државата можеа да инсистираат на тоа цела МКД да биде една изборна единица. Со тоа ќе се решеше и проблемот со гласовите на дијаспората и ќе се овозможеше помали партии да влезат во парламентот. Ама не, тоа не одговора, и за тоа сме недволно „спремни“ пошто нели ќе изгубеа и СДСМ и ДПМНЕ пратеници така. Се чуствуваш доволно спремна? Можеа да инсиситраат покрај СЈО да добиеме и специјален суд за корупција ко во Романија или еве да позајмеа нешто од Дубаи каде комерицјалните спорови се решаваат според британскиот закон и со британски судии. Имаа пенал за шутирање, милјон опции да направат рез и да ги доведат сите корумпирани политичари, инспректори, директори и слично пред суд ама НЕ, одбраа опција која еве уште сега шкрипи и која сигурно нема да опстане како трајна што на ваква држава и те како и треба. Јасно ти е зошто е тоа така, нели? Е заради тоа уште долго ќе бидеме во минус независно колку далеку ќе стигне и успее Катица. Буквално и сите да ги уапси и да стане национален херој ако ова не опстане и не стане практика се е џабе, за некоја година пак ќе биде истото.
Работава е што после се ова? Кога гласаш ти уствари даваш мандат на тој што ти сакаш да те води во иднина. На страна што се случило во минатото, за тоа Катица треба да се погрижи дека се е чисто, кажи ми кој мислиш дека треба да не води? Некој што само кука и плаче дека се е против него и ништо не е фер и веќе 10 години го чекаме да излезе со една посрана програма од 100тина страни и да ни каже што и како он ќе прави или некој што ете и да е корумпиран бар гледаме што и како прави. Изборот е меѓу 2 тирани затоа што и на 2цата тоа им одговара а ова беше шанса се тоа да се смени, буквално имавме шанса да го отвориме цел систем ама ете тој што можеше и требаше се изгуби кога беше битно. Се исплаши да не сулучајно излезе може и некој трет, затоа сеушт ќе се вртиме во круг, па сега види си ти...