Владе ние и тропаме на Европа на врата или Европа ни тропа нас?
Ние сме тие кои сакаме да се интегрираме во ЕУ,или не влечат Европјаните за уши, аман дојдете во ЕУ? За да си ја исполниме таа цел Европјаните викаат ова, ова и ова ви треба, а вие немате ништо во моментов. Еве ви наш кадар, еве ви наш предлог, имплементирајте го.
Не сме слепи ни глупи, ако не си патувал во некоја европска држава сигурно си гледал на тв како се живее таму, нели се стремиме кон тоа? Нели имплементираме Кембриџ систем како во Англија, модернизација во здравството по модел на (вметни европска држава ). Тоа не е мешање на нивната политика? Дајте ако не да се изолираме од сите.
Јас не застапувам став на ниедна политичка партија, знам како се живееше во времето на СДСМ,знам како се живее во времето на ВМРО. Моите не видоа аир ни од едните ни од другите. Поентата ми е дека двете партии правеа ( некои сеуште прават ) криминали. Јас сакам некој да плати за се тоа што го правел. Не ме интересира дали е од ВМРО, од СДСМ, или единствениот градоначалник во Албанија. Може да е единствениот Македонец во вселената што е до мене, ако правел нешо спротивно на законот треба да си лежи. Сакам да почне да се применува системот на правна држава во која законот важи еднакво за сите. Пошо сега ако не осудат никој и никој не доживее срам пред народот, секој во иднина ќе си зема право да се понаша како сака и да манипулира со сите институции, медиуми, со правосудниот систем, и ништо не сме направиле. Ама баш нишо, во 25 години постоење нема да сме ни на позитивна нула, во минус ќе сме.
Е ова ми е поентата Владе. Да се смени цела гарнитура, и од едните и од другите. 25 години се обвинуваат меѓусебно, лопов каже држте лопова. Тешко е ова да се направи?