Браво бе Колумбо.
И јас тоа го зборувам. Дека треба да се исчисти државава од криминалот и партиите. Она што не успеаа да го направат империи за илјадници години, успеаа две партии за 25 години.
Ние сме си криви што им даваме власт и кредибилитет и на едните и на другите.
Ама како сакаш ти нормална држава кога партијата којашто ја одра Македонија и го продаде името и знамето има 300.000 гласови.
Тоа за тебе нормален народ ли е, неможе тоа да го разбере а камоли друго.
Шо е чарето? Да формираме Кајгана партија и мислиш дека ќе можеме да им се спротиставиме на 2те машинерии коишто за време на изборите располагаат со милијарди?
Велам дека ДПМНЕ нема да падне се додека СДСМ им се опозиција.
Во нормална демократија и парламентаризам, членови на политичка партија се група граѓани со заеднички политички интерес ( најчесто бизнисмени , интелектуалци , академци) кои бараат правец за подобрување на економијата и општеството и таа идеја ја презентираат на граѓаните за да добијат поддршка. Тоа во нормално општество.
Кај нас партијата е биро за вработување, а власта е најголем работодавец. Затоа имаш толкави бројки на членови во двете најголеми партии (фирми), а 90% од членовите немаат поим за социјалдемократија и демохристијанство. А сите се занимаваат со политика (одработуваат за фирмата-партија).
Толку од нашиот народ, пак ќе нагласам, не е крив тој што краде, крив е тој што го остава да краде.
Наместо народот да биде коректор на власта, кај нас е слеп поданик.
Не очекувај подобро додека народот е поделен и заслепен од своите пастири.
За второто, знам дека овој народ тешко се освестува, затоа оние што имаа шанса (преку 600000) го напуштија ова лудило од држава бидејќи разбраа дека овде нема нормална иднина. А ако не се освестиме, уште повеќе ќе заминат, и на крај најмалку ќе биде битно дали Бранко или Никола е крив.
М.М.Е. кој прв почна....