Вака сега pumaval, ако може да разјасниме нешто.
Оваа владејачка партија владее 10 години во Македонија со апсолутна власт и контрола врз сите државни органи- Обвинителство, Суд, МВР, ама апсолутно све е под контрола на ДПМНЕ. За десет години не видовме ништо во правец на расчистување на „криминалот“ на нивните претходници. Па нели ги гласаше народот 2006 за да расчистат со криминалот и да добиеме нормална држава?
Логички, ако за 10 години апсолутна власт не уапсија никого да одговара за криминал пред 2006, значи дека или немало криминал, или не ги апсиме за да имаме покритие за она што с случува денес. Па затоа кога некој ќе го фатиш да краде , веднаш добиваш одговор - И СДСМ крадеше.
Па добро бе, не ги бира народ да се натпреваруваат кој повеќе ќе украде, туку за да ние како граѓани живееме нормлно во нормална држава.
И многу јасно зошто оваа политика опстојува од 1991 па навака, не проблемот во тие што крадат, проблемот е во нас народот. Ниска цена има овој народ, ако добие партиско вработување, му е гајле за сите други, само да е партијата на власт-дали лаже, дали краде, сеедно, на 1ви платата стигнува.
Но за кратко, кога се менува власта, други се вработуваат, ја бранат својата партија и ги плукаат другите. Тие што се сменети грчевито се борат да дојде повторно нивната власт да добијат повторно привилегии.
И додека народот очи си вади, власта си ги полни џебовите, без разлика од која партија.
Затоа, потребно е чистење на државата од криминал, без разлика на партија, а народот да разбере дека плата се зема со работа, а не со партиска книшка.
Кога ова ќе го расчистиме, ќе имаме темел за градење нормална држава-граѓанска, а не партиска...
До тогаш ќе се плукаме на форуми и на улица, а ништо нема да се смени....