Ја мислам дека површноста и плиткоста на D&D во екранизирањето на ова дело, кое е најмалку површно и плитко, ќе кулминира оваа сезона кога Bloodraven ќе ја прекине вековната симбиоза со корењата на ултимативното чувардрво, ќе излезе од безвремнското седало, како да станува од нокшир, со едно движење на домалиот прст ќе му даде нозе на Бран и ќе идат пешки (него како!) до Ѕидот, за да ги предупредат и им помогнат на Ноќна Стража во врска со опасноста, што им се надвисува уште од 17 април 2011-та. Таму ги видел некој и ги сликал, па ни ги пратил сликите преку HBO.
Пооптимистичката варијанта, далеку поневеројатна, е сликата да е една од нивните заеднички визии.
Другиве слики немаат некое значење.