Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Специјалното Јавно Обвинителство започна со својата прва конкретна акција наречена Титаник. Се работи за дела кои придонеле за нерегуларности во изборните процеси во Македонија.Првичните информации велат дека ќе се побара притвор за 8 лица, а за имињата сеуште се шпекулира. Меѓу другите се спомнуваат поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, се спомнува градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, како и името на Мартин Протоѓер.
Во продолжение изјави на членовите на СЈО.

– За да може СЈО поуспешно и на време да ги изврши поставените задачи, неопходни се следниве мерки, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО, судските процеси пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одоговлекување. Секој вид отпор ќе биде нотиран во Изввештајот на СЈО што се изготвува на шест месеци и што се доставува на увид на Собранието на Република Македонија и Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО. Опструкцијата ќе продолжи, но ја уверувам јавноста дека истата нема да има негативен ефект врз работата на СЈО, рече Јанева најавувајќи ја првата акција на СЈО, „Титаник“.

– Макар сите да молчат, јас нема да молчам. Сите ме охрабруваат и јас да бидам храбра и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа. Ме охрабрува и подршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет, вели Јанева.

– Зарем некој може да биде рамнодушен кога го чита ,,Извештајот на Прибе“ од мај 2015 година, особено делот во кој се зборува за притисокот и недовербата во јавното обвинителство и судството, вели Јанева.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Прашањето е дали Едвард Смит ќе тоне со бродот или ќе се фаќа за чамците за спасување.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Прашањето е дали Едвард Смит ќе тоне со бродот или ќе се фаќа за чамците за спасување.
А искрено очекував релативизаторски пост пар екселанс. Ова е слабо, разочаран сум.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
МИЛЕ И ГОРДАНА РАНО УТРОВО ВО 7 ЧАСОТ ЈА НАПУШТИЛЕ ЗЕМЈАВА!
link
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.188
То е то. Се прашувам што ќе се десеше Албански градоначалник од Македонија да беше приведен на пример во Србија, какви реакции ќе имаше, макар бил најкрив на светов. Сега Македонската држава приведуват Македонец, градоначалник во Албанија а и има барем една Македонска партија која се согласува со тоа. Затоа ништо нема да биде од таа држава. И да е вмешан Темелко виновниците за гласачите од Пустец се други. Сега фали само Албанија да испрати протестна нота за кркамбарот да биде целосен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom