Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.397
- Поени од реакции
- 5.021
Ги разгледав извештаите, и тоа е она што јас го пишав, но ти појде чекор понатаму нагласувајќи дека ИСИС се создадени од САД. Што не е точно, таа група постоеше и порано. САД едноставно го искористуваат ИСИС за да ги остварат своите цели, но НЕ соработуваат со нив, тука е битната разлика, која ја пишав во претходниот пост (како што и пишува во една од статиите).1. Не споредуваш мене и тебе, со тајните служби и вооружувањето на ИСИС? Мислиш дека такви воено индустриски комплекси, тајни служби од највисок ранг, кои имаат буџети од трилиони долари не знаат кому му даваат оружје и поради што? Не знам што да кажам, наивност на највисоко ниво.
2. САД ги поддржуваат Курдите во Сирија, и ќе го поддржуваат секого на кому можат да му продадат оружје и од кого ќе извадат одредена корист, Турција ниту може ниту смее да се побуни за тоа. Приказната пак со Саудијците е јасна веќе со децении.
3. Тоа тврдење не е мое, не знам дали ти читаш воопшто нешто од линковите кои сум ги постирал.
Тоа е тврдење од документи, од разузнавачки информации, изјави од официјални лица, по не знам кој пат ќе го спомнам Весли Кларк, од историските врски помеѓу високите фаци во САД/Британија и терористичките исламски организации.
Тоа што тебе те буни зошто американците финансирале "умерени" терористи е тоа што не си прочитал ништо од постираните линкови, каде јасно се кажува за информациите со кои располагале тајните служби, дека знаеле со кого си имале работа и дека знаеле во кој правец ќе одат работите, но продолжиле со помошта затоа што тоа е тоа што во моментот им одговара. Секако дека кога ќе си ја завршат работата ќе бидат тргнати од терен, барем тие што треба, како што завршија мал милион други "пријатели" на САД (Садам, Гадафи, итн).
Работите официјално се претставуваат многу поплитко отколку што навистина се, затоа се тие забуни од типот зошто финансираат борци кои преоѓаат во ИСИС, зошто Турција само лае а ништо не презема (протерување на амбасадор на САД, забрана за користење на турски бази, забрана за прелет на авиони кои даваат помош на Курдите, - така би требало да постапи одредена држава ако некој помага нејзин воен непријател) кога американците рекоа дека ги поддржуваат Курдите во Сирија, итн итн.
Никаде и не спомнав умерени терористи, бидејќи не постои такво нешто. Терминот умерени го употребуваат САД за пофино да звучат во јавноста.
Да разграничиме, постојат еден куп вооружени групи во Сирија, од нив САД активно поддржуваа(т) неколку, но не и таканаречената ИСИС. ИСИС е искористена индиректно за целите на САД. Како камион без кочници на надолнина, немаш целосна контрола над камионот, но можеш да го насочиш каде ќе удри.
И уште нешто, за Турција, С. Арабија и останатите. Сите држави имаат свои интереси. Да, САД може да влијаат, но никако да ги пренасочат. Не се марионетки, без разлика колку личи така.