Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.218
- Поени од реакции
- 4.842
Во зависност која е поставената цел, така и се дефинира поразот или победата, ако целта е достигната, тогаш е победа, ако не, тогаш е пораз.Очигледно не правиш разлика меѓу нанесување воен пораз и држење територија под окупација.
САД и нивните сојузници воено поразија многу земји (Авганистан, Ирак, Либија) и тоа за многу кратко време, но не постигнаа да наметнат (целосна) власт над освоениот простор.
Спореди ги бројките на она кое воено го поседува Турција. Погледни на нивните воени способности во минатото и она кое може да се види при воените вежби и ќе сфатиш дека и курдите и сиријците лојални на Асад би биле лесно и брзо поразени. Сосема друга работа е владеењето со истиот простор.
Ако на Турците им е цел да пратат еден тенк до Австриска граница и ако тој помине незабележано, тогаш целта е исполнета и победата е достигната. Ако целта им е да го окупираат Солун, тогаш најверојатно имаат изгубено пола авијација и пола армија и целта им е промашена, а со тоа ќе запишат уште еден пораз во својата долга губитничка историја.
Војните не ги добива оној кој поседува најмногу војска и најмодерна технологија, ги добива оној кој најдобро ќе го искористи тоа што го има. Турците не се многу познати по добивање војни.
Што се однесува до Американците, нивната цел е исполнета во сите војни кои ги наброја (Авганистан, Ирак, Либија). Диктаторите (режимите) беа симнати, воспоставена е прозападна власт, коридорите за слободен тек на нафтата се поставени, никој друг нема влијание врз рутите и изворите на нафта, што и беше примарната цел на енергетски гладниот Запад.
Во врска со воениот аспект, многумина не знаат дека ИСИС, Курдите и ФСА и останатите групации се вооружени со најсовремена опрема и оружје вклучувајќи наведувани противтенковски проектили, поконкретно TOW и Корнет. Овие системи сами по себе се кошмар за секоја модерна армија, не зборувајќи за останатото вооружување и искуство што го поседуваат милитантите.
Кога Турска армија ќе влезе во борба против Курдите во Сирија или Асад или ИСИС, Турските тенкови, оклопни возила и камиони ќе се соочат токму со овие против тенковски системи кои прават партал се што е на тркала и гасеници.
Американците во Ирак имаа големи загуби на возила благодарение на примитивните РПГ кои се ефективни на максимум 200-300 метри, а што ќе остани од Турските возила кои ќе се сретнат со далеку поефикасните TOW и Корнет кои имаат ефективен досег и до 10 км. Веројатно ќе му се јават на Асад да го прашаат како се справува...
А да, ако тргнат по Асад Турците за кратко време ќе останат без авиони. И тенкови. И воени бази. Бидејќи Асад поседува С-300, Бук и сл. и има илјадници балистички ракети. Но можеби Ердоган ќе побара совет од Израел како да се справи со Хезболах само со десетина изгубени тенкови.
Сепак мене ми е најинтересен најнеодамнешниот пример, Саудијците против Хутите. С. Арабија е една од најдобро и најсовремено вооружените земји во светот, со четврт најголем воен буџет во светот. Понапред се од Турците за цела генерација воена технологија. Еден куп советници од САД и огромно разузнавање подарено од САД. А сепак имаат огромни загуби на воена опрема и луѓе во Јемен, војна која се префрли и на нивна територија.
Сега сакаат заедно со Турците да влезат во авантура во Сирија, каде противникот е неколку кратно поброен и воено помоќен. Се надевам дека ќе влезат.