Конфликтот во Сирија

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.880
Јас се си мислам дека попрво Америка ќе влезе во Сирија него ли Турција или Саудиска Арабија. Да, можеби Саудиска Арабија и Турција ќе се приклучат подоцна како дел од оваа нивна операција ама се си мислам дека и Американците ќе влезат со војска во Сирија. Одговорот е едноставен: ако Русија (а работава оди накај тоа) ја добие оваа војна со Сириската Арапска Армија и нејзините сојузници ќе им мавнат огромен шамар на Американците и ќе ги избламираат на големо. Ќе докажат само дека Американците се веќе (после толку време) неспособни за оддржување на светскиот мир и со тоа автоматски Русија ќе ѝ го завземе тронот на Америка. И Американците мислам дека се свесни поради тоа и дека нема да дозволат толку далеку да стигне работата. Сепак се работи и за нивната репутација како светска сила и затоа мислам дека ќе интервенираат наскоро во Сирија. Ако не го направат тоа, тогаш се готови и тоа ќе биде најголемата грешка што ќе ја направи Обама. Путин многу добро го знае тоа и затоа ги поддржува многу Сиријците, не е тука работата и поради базата која што ја поседуваат во Сирија, а Путин вака и автоматски ќе си го „испере“ образот пред целата светска јавност за Крим. Сите ќе заборават на Крим и ќе гледаат на Путин како ослободител и како човекот кој заврши пеколна војна во Сирија и спречи милиони мигранти да мигрираат накај Европа. Уште сега во Европа тој е омилен, а тогаш па, кога ќе ја ослободи Сирија. Има на Брандербуршката Порта да кренат статуа на Путин... во црквите ќе има икони со неговиот лик. И мислам дека поради тоа ќе влезат Американците со војска и поради тоа нема да дозволат Путин да го изеде целиот колач. Ама и тогаш Путин на еден начин ќе биде индиректно победник, така да и на едниот и на другиот начин Американците се in deep shit само да видиме дали ќе одлучат да си поминат со полесни телесни повреди или пак со потешки од оваа битка.
Американците повеќе немаат начин да влезат во отворена воена конфронтација со војската на Асад, т. е. со легитимните сириски вооружени сили. Уште помалку волја за копнено да се вмешаат во пеколот кој настана таму. Последниот воз им беше пред три години кога го обвинија Асад и САА за користење на хемиско оружје и кога заговараа воздушна интервенција. Тогаш Русите дипломатски ги ишамараа и договорија предавање на хемиското оружје на Сирија. За тоа Сиријците треба најмногу благодарни да му бидат на Лавров.

Јас добивам впечаток дека Русите сакаат да го принудат Ердоган да влезе во Сирија. Реално и нема многу избор и простор за маневар. Државата му е во граѓанска војна, а после рушењето на рускиот СУ24 и комплетно ја загубија секоја можност за ширење на своето влијание. А ако влезе во Сирија, нема баш многу добро да си помине. Очаен е, нервозен, дава крајно инфантилни изјави кои не доликуваат на политичар од негов калибар, уште помалку од претседател на држава каква што е Турција. Се прецени, т. е. ги потцени Русите а посебно Путин. Баш би сакал да се обложам дека во таа авантура ниедна НАТО членка нема да мрдне со прст, затоа и отидоа кај Саудијците, зашто само кај нив и имаат поддршка од цел арапски свет.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ако Турција влезе ке се судри со Курдите кои ја контролираат скоро цела погранична линија и се Сојузници на САД, подржани од САД, добиваат оружје од САД
Баба Ванѓа поим немаш, Русија коа леб немаа да јадат во 90тите Елцин коа беше претседател мамара беа,сеа ке имало немири у Русија... Ај не ја тролај темава, има многу интелектуалци на темава што ги бива за воено политички анализи...

Инаку да се навратам на темава, ако Асад успее да го освои Алепо и Идлиб, тогаш војната ке биде при крај. Јужните фронтови и исламистчките енклави покрај границата со Либан имаат сериозни проблем со снабдувањето со залихи и полесно ке паднат.
:pos:имало многу интелектуалци на темава што ги бива за воено политички анализи.. :aplauz: Алоооо дечко руската економија е на стаклени нозе. Каде живееш ти бре друже во марс ?
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
:pos:имало многу интелектуалци на темава што ги бива за воено политички анализи.. :aplauz: Алоооо дечко руската економија е на стаклени нозе. Каде живееш ти бре друже во марс ?
Не бе мали ти си аналитичар, само глупости пишуваш на форумов, едно мислење не ти е поткрепено со факти и аргументи,се некои анти руски бош муабети Eдинствено нешто што е на стаклени нозе е твојот Bullshit кој им е дојден преку глава на сите на форумов... Иди отвори си тема за Русија и д*ркај таму сам со себе, остави ги тука лугето да споделуваат значајни информации од воениот конфликт у Сирија.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Обама нема да прати копнени сили во Сирија. А Саудијците се п*чки невидени кои се кријат зад Америчка Сукња. Интересна беше нивната спремност да учествуваат во копнена инвазија на Сирија,ама ако и Америка се приклучи и ги раководи операциите. Обама е свесен дека доколку влезе во Сирија ке биде исто како и во Афганистан и Ирак,никогаш нема да имаат целосна контрола. Секогаш ке има некој бомбаш самоубиец кој ке го повлекува со него Амерички војници. Така да тоа би било уште една безконечна војна и трошење на огромни ресурси. Според мене ситуацијата ке се одвива како и досега, Обама ке ги спонзорира "Умерените " Бунтовници заедно со Ердоган, Катар и Саудијците. Од друга страна Асад, Хезболах, Иран и другите про владини групациии со подршка на Русија ке се спротиставуваат. Војната ке продолжи уште 2-3 години сигурно. А тоа дека Асад може да успеее во издвојување на воена победа,мислам дека е многу тешко, речиси невозможно. Прво неговата армија е веке премногу ослабена, сите, па дури и во еден период и заедно со ИСИЛ, овие опозициски групаации, џихадистички милитанти војуваа стриктно против Асад. Неговата армија е разбиена од дезертерства, а еден интересен факт малку споменуван во Западните медиуми е тоа дека најголем број од 2 тие 260 000 загинати во Сирија, се припадници на безбедносните сили и државна администрација. Уште една интересна ситуација е тоа што таканаречената опозиција ги напушти преговорите во Женева, очекувајки дека Саудиска Арабија ке им достави оружје за да ги рушат Руските Авиони. Ако успеаат да го добијат тоа и да срушат некој Руски авион тогаш ке ескалира ситуацијата и Русите ке почнат постојани напади со Балистички ракети и слични стратешки оружја. Дополнително на ова, се шират гласини дека Џон Кери наводно бил доста разочаран од односот и незаинтересираноста на таканаречената опозиција да преговара, и им најавил да очекуваат 3 месеци активно Руско бомбардирање.
Да, за тоа што го пиша погоре си во право. Американците се веќе уморни од војување и едноставно веќе не сакаат да трошат ресурси на нови војни зошто сакаат да ја опорават малку од малку и онака мародната економија што ја имаат во последно време. Саудијците не ни можат да направат нешто повеќе зошто немаат и којзнае колкаво воено искуство. Затоа и се избламираа во Јемен. А тоа го тврдат и Иранците (што испадна на крајот дека имаат право). Така да не ги сметам за некојси којзнае колку јак воен фактор во регионот иако поседуваат најмодерна западна воена технологија. Не секогаш игра улога технологијата во војните.

Ама еве, на пример и Франција беше веќе уморна да врши воени интервенции, па на крајот се одлучија да влезат во Мали и пак да започнат воена мисија која и ден денес трае. Иако таа трае со преполовена бројка на француските војници таа сепак трае и понатаму. Зошто тогаш да не би можеле да влезат Американците? А згора на тоа Американците имаат многу повеќе да изгубат преку оваа војна, за разлика од Французите или било кој друг од НАТО. Веќе пишав и зошто. Репутацијата како „светска сила“ им виси на конец.

Тоа дека ќе трае оваа војна (ако вака продолжи) уште една до две години, е сосем точно. Што се однесува до силата на војската на Асад, да, исто така сум согласен, нема Асад доволно сили да извојува сам на своја рака тотална победа па мислам дека Русите тајно ќе пратат своја регуларна војска за да му помогнат на Асад да ги оствари своите намери. Како што правеа во Украина (и сè уште прават). Така да нема да го остават на цедило Асад. Тие додуша и сега не го оставаат на цедило (иако го користат за тестирање на своите најнови оружја уште малку мислам ќе почнат да тестираат лансирање на нуклеарка од бањата на Путин :D).

Тие веќе доволно го ишамараа целиот Западен Свет во Украина, па сега и ова ако допуштат така да им помине „низ прсти“, тоа ќе биде тотален нокаут за нив.

Затоа сметам дека е уште рано да се зборува за ова, зошто има големи шанси и да не влезат ама има големи шанси и да пратат војска. Така да работите стојат педесет-педесет според мене.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Колку е само глупав и самоубеден во своите фантазии/..
Ја потврдува теоријата дека човековата глупост нема граници.[DOUBLEPOST=1455005520][/DOUBLEPOST]

Би било интересно Турците да влезат,речиси целата погранична линија со Турција ја држат Курдите ( освен делот на таканаречените бунтовници кај Алепо и делот на ИСИЛ исто кај Алепо). Курдите се спремааат за Турски напад, веке 4 години војуваат против ѕверовите на ИСИЛ и се доста искусни, имаат Америчко и Руско оружје,така да Турците ке се соочат со доста силен противник, а не како што сега ги убивааат Курдските цивили во Југоисточниот дел на Турција, односно Курдските реони...Во секој случај почнува разврската, сите полека ги откриваат картите и докажуваат дека ова е Прокси војна во која можеби и ке треба да се активираат директно и главните актери кои ја креираа војната. Единствено Америка е малку нејасно како ке се постави, последните изјави на Ердоган во кои јавно буквално го понижува Обама и американската администрација нема да бидат добро примени во Вашингтон.
 
Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Нема да изгубат никаков статус Американците ако ја изгубат Сирија, што е се поочигледно.
Многу ќе изгубат Саудијците и Катарците, но најмногу Турција.
Не само што ќе го изгубат влијанието во Сирија, туку ќе имаат и сериозен проблем да ја изгубат својата територија. Курдите добро ги вооружија за борбите против ИСИС и најголем дел од тоа оружје и борбено искуство во иднина ќе оди во борба против Турците.
Најлошото за Турците ќе биде крајот на Сириската војна ако победи Асад. Асад знае кој му е најголем непријател и во голема мера ќе ги поддржи Курдите во борбата против Турција.

Курдите постојано напредуваат во обидот за создавање на сопствена држава. Се бореа најмногу против Турција и Ирак се до Американската инвазија врз Ирак, каде добијаа голема автономија, која се граничи со независност. Од исходот на Сириската војна, скоро сигурно ќе добијаат автономија слична на Ирачки Курдистан, со што ќе им остани уште Турскиот дел.
Со што ќе ги поддржи Асад Курдите после војната? Со чатали? Асад нема да има после војната капацитет да поддржува било кого, без разлика дали тоа било на воен план или пак на финансиски. Цела држава му е распадната, колабирана на секое поле, инфраструктурата (од било кој тип) му е пепел сторена. Тоа можат единствено Русите да го направат и никој друг. А и Курдите веќе добиваат поддршка од САД. Ердоган затоа и последниве денови се соочи индиректно со САД и ги стави пред избор: или „ние“ или „тие“. Тоа им го порача на САД Ердоган неодамна. Тоа дека Асад ќе поддржува некој после војната нема воопшто да се случи од моја гледна точка.

А Американците и те како ќе изгубат статус ако Русите ја добијат војната со Асад. Тие тврдеа уште од самиот почеток дека можат со обични бомбардирања да ја поразат ИД и тие беа тие кои тврдеа дека ќе ѝ стават крај на таа војна. Што се случи после тоа? Скоро три години (ако не и повеќе) вршат таму бомбардирања и како резултат на нивното бомбардирање само се зголеми територијата на ИД и регионот стана уште поопасен. Русите ќе ја добијат оваа војна ако продолжат вака и ќе им докажат на Американците само дека веќе не се способни воено да реагираат како што беа порано. Тие веќе доволно попија шамари од Русите, ова сега ќе биде за нив како што пишав погоре нокаут.

Ќе изгубат и тоа премногу ќе изгубат, ајт ти, остај таа работа. Путин е опасна лисица, знае што прави.

Ако Америка не реагира сега готово, губат статус на светска моќ. Русите веќе го изгубија еднаш, сега по се изгледа им е дојден редот на Американците.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Американците повеќе немаат начин да влезат во отворена воена конфронтација со војската на Асад, т. е. со легитимните сириски вооружени сили. Уште помалку волја за копнено да се вмешаат во пеколот кој настана таму. Последниот воз им беше пред три години кога го обвинија Асад и САА за користење на хемиско оружје и кога заговараа воздушна интервенција. Тогаш Русите дипломатски ги ишамараа и договорија предавање на хемиското оружје на Сирија. За тоа Сиријците треба најмногу благодарни да му бидат на Лавров.

Јас добивам впечаток дека Русите сакаат да го принудат Ердоган да влезе во Сирија. Реално и нема многу избор и простор за маневар. Државата му е во граѓанска војна, а после рушењето на рускиот СУ24 и комплетно ја загубија секоја можност за ширење на своето влијание. А ако влезе во Сирија, нема баш многу добро да си помине. Очаен е, нервозен, дава крајно инфантилни изјави кои не доликуваат на политичар од негов калибар, уште помалку од претседател на држава каква што е Турција. Се прецени, т. е. ги потцени Русите а посебно Путин. Баш би сакал да се обложам дека во таа авантура ниедна НАТО членка нема да мрдне со прст, затоа и отидоа кај Саудијците, зашто само кај нив и имаат поддршка од цел арапски свет.
Турција без консултации и без поддршка од НАТО нема да влезе во Сирија. Исто и САД нема да влезе. Јас мислам дека постои шанси саудијците да бидат искористени од НАТО и да бидат подбоцнати преку турците за влез во Сирија. Инаку САД и Турција не верувам дека ќе влезат во Сирија. Но можат да ги искористат саудијците како маша.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Спротивно од тоа, на русите им одговара конфликтот да трае, ако можат да ги навлечат Турција и СА кец на десетка за нив, војната се води на сириска територија се повеќе ќе се проширува во Турција и СА, тука е и Иран, Курдите.. Едно заради нафтата, заради планираните гасоводи кои треба да го рушат рускиот пазар во Европа...
Русија е единствената страна во конфликтот на која и одговара бесконечен конфликт. Затоа што не им одговара ниту ирански гасовод преку Сирија, исто како што не им одговара катарски (читај амерички) гасовод. И двата гасоводи ќе бидат конкуренција на руските гасоводи кон Европа. Затоа го играат Асад полека и контролирано, да не изгуби ама и да не победи пребрзи, и во исто време да знае кој е вистинскиот газда и колку лесно ќе падне (Асад) без нивна подршка (или со нивна подршка за да падне). Русија е во Сирија со намера да остане, ја научиле добро лекцијата од ’муриканците.
Како додатен стратешки момент, Русите имаат неброени залихи на конвенционално оружје и муниција, кои веќе им иде крајот на рокот на употреба. Плус сето ова е нели, невидена реклама за нивната воена индустрија.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Со што ќе ги поддржи Асад Курдите после војната? Со чатали? Асад нема да има после војната капацитет да поддржува било кого, без разлика дали тоа било на воен план или пак на финансиски. Цела држава му е распадната, колабирана на секое поле, инфраструктурата (од било кој тип) му е пепел сторена. Тоа можат единствено Русите да го направат и никој друг. А и Курдите веќе добиваат поддршка од САД. Ердоган затоа и последниве денови се соочи индиректно со САД и ги стави пред избор: или „ние“ или „тие“. Тоа им го порача на САД Ердоган неодамна. Тоа дека Асад ќе поддржува некој после војната нема воопшто да се случи од моја гледна точка.

А Американците и те како ќе изгубат статус ако Русите ја добијат војната со Асад. Тие тврдеа уште од самиот почеток дека можат со обични бомбардирања да ја поразат ИД и тие беа тие кои тврдеа дека ќе ѝ стават крај на таа војна. Што се случи после тоа? Скоро три години (ако не и повеќе) вршат таму бомбардирања и како резултат на нивното бомбардирање само се зголеми територијата на ИД и регионот стана уште поопасен. Русите ќе ја добијат оваа војна ако продолжат вака и ќе им докажат на Американците само дека веќе не се способни воено да реагираат како што беа порано. Тие веќе доволно попија шамари од Русите, ова сега ќе биде за нив како што пишав погоре нокаут.

Ќе изгубат и тоа премногу ќе изгубат, ајт ти, остај таа работа. Путин е опасна лисица, знае што прави.

Ако Америка не реагира сега готово, губат статус на светска моќ. Русите веќе го изгубија еднаш, сега по се изгледа им е дојден редот на Американците.
За голем дел од работите се согласувам, освен за Американските можности. Проблемот не е дека Америка неможе да го победи ИСИЛ, проблемот е поради Х причини нема желба и интерес да се бори против ИСИЛ. Со 10-20 бомби на ден вкупно во Ирак и Сирија, не се уништува ИСИЛ, додека овие другите членови на таа Западната коалиција воопшто не се ни замарааат, по некоја бомба ке фрлат Енглезите и Французите, додека овие Заливските земји според некои либертаријански медиуми во Америка воопшто немаат полетано за напади кон ИСИЛ откако Јорданскиот авион беше срушен близу Рака.[DOUBLEPOST=1455010733][/DOUBLEPOST]Има многу индиции дека Америка нема сериозна намера да се бори против ИСИЛ, освојувањето на Рамади од страна на ИСИЛ беше пример за тоа. Со конвои од Хамви и Тојота Тундра пикапс слободно по гол, отворен простор стигнаа до Рамади. Тој напад можеа со неколку дрона да го спречат,ама....
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Има многу индиции дека Америка нема сериозна намера да се бори против ИСИЛ, освојувањето на Рамади од страна на ИСИЛ беше пример за тоа. Со конвои од Хамви и Тојота Тундра пикапс слободно по гол, отворен простор стигнаа до Рамади. Тој напад можеа со неколку дрона да го спречат,ама....
...ама можеби одамна веќе е време луѓето да се соочат со фактите: ’мурика ги контролира ИСИС/ИСИЛ/ДАЕШ/Ал Каеда/Нусра/итн/итн.

Се разбира дека ’мурика „нема сериозна намера да се бори против нив“. Можеби тука и таму малку шоу за пред гласачите дома, дека парите што ги даваат демек се трошат за борба против тероризмот (а не за создавање на тероризмот, како што е реалноста).
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Јас се си мислам дека попрво Америка ќе влезе во Сирија него ли Турција или Саудиска Арабија. Да, можеби Саудиска Арабија и Турција ќе се приклучат подоцна како дел од оваа нивна операција ама се си мислам дека и Американците ќе влезат со војска во Сирија. Одговорот е едноставен: ако Русија (а работава оди накај тоа) ја добие оваа војна со Сириската Арапска Армија и нејзините сојузници ќе им мавнат огромен шамар на Американците и ќе ги избламираат на големо. Ќе докажат само дека Американците се веќе (после толку време) неспособни за оддржување на светскиот мир и со тоа автоматски Русија ќе ѝ го завземе тронот на Америка. И Американците мислам дека се свесни поради тоа и дека нема да дозволат толку далеку да стигне работата. Сепак се работи и за нивната репутација како светска сила и затоа мислам дека ќе интервенираат наскоро во Сирија. Ако не го направат тоа, тогаш се готови и тоа ќе биде најголемата грешка што ќе ја направи Обама. Путин многу добро го знае тоа и затоа ги поддржува многу Сиријците, не е тука работата и поради базата која што ја поседуваат во Сирија, а Путин вака и автоматски ќе си го „испере“ образот пред целата светска јавност за Крим. Сите ќе заборават на Крим и ќе гледаат на Путин како ослободител и како човекот кој заврши пеколна војна во Сирија и спречи милиони мигранти да мигрираат накај Европа. Уште сега во Европа тој е омилен, а тогаш па, кога ќе ја ослободи Сирија. Има на Брандербуршката Порта да кренат статуа на Путин... во црквите ќе има икони со неговиот лик. И мислам дека поради тоа ќе влезат Американците со војска и поради тоа нема да дозволат Путин да го изеде целиот колач. Ама и тогаш Путин на еден начин ќе биде индиректно победник, така да и на едниот и на другиот начин Американците се in deep shit само да видиме дали ќе одлучат да си поминат со полесни телесни повреди или пак со потешки од оваа битка.
И Њу Јорк Тајмс ти го потврдува мислењето

New York Times: Syria Has Become a Disgrace for the USA, and a Victory for Putin

...ама можеби одамна веќе е време луѓето да се соочат со фактите: ’мурика ги контролира ИСИС/ИСИЛ/ДАЕШ/Ал Каеда/Нусра/итн/итн.

Се разбира дека ’мурика „нема сериозна намера да се бори против нив“. Можеби тука и таму малку шоу за пред гласачите дома, дека парите што ги даваат демек се трошат за борба против тероризмот (а не за создавање на тероризмот, како што е реалноста).
Точно е дека имаат уддел во создавањето,ама се мислам дека Саудијците, Турците и Катарците се тие кои го создадоа - нормално со благослов од Обама. Е сега ситуацијата се измени во моментот кога почнаа да сечат глави на луге од западот,знаете како тоа тука одекнува, онаа позната теорија, ако умрат 2000 луге цивили во Ирак ги боли уво сите,ама кога се случи нападот во Париз цел Мегународна( Западна) Заедница се крена на нозе, па знамиња на фб , па кампањи маршови протести... Тоа беше моментот ( кога почнаа да сечат глави) на кој влијаеше на јавното мислење и дека САД мора да направи нешто. Инаку на воено поле ИСИЛ им испадна од контрола во моментот кога го освои Мосул, тргна кон Ербил и стигна речиси до Багдад, така да Американците беа приморани барем да интервенираат во Ирак затоа што ИСИЛ опасно се доближи во Американските бази и Амбасадата во Ербил. Јас сум сигурен да ИСИЛ останеше во само во Сирија и да не се вратеше во Ирак, можеби и да не сечеше главни јавно,денес ке беше сметана како опозициска групација во Сирија слично како што џихадистичките групации како Анрар Ал Шам,Џаиш Ал Ислам, Исламски Фронт и други хардкор исламисти со идеологија базинара на доктрината на Ал Каеда се смеетаат за таканаречена УМЕРЕНА ОПОЗИЦИЈА
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
^^
Турција + Сауди/Катар се вазали на ’муриканците. Се разбира дека ги продлабочуваат своите сопствени интереси, ама во договор и со одобрување на ’муриканците - и никако против ’муриканските интереси.
Во ниеден момент не може да се каже дека било кој од спомнатите вазали прави нешто без ’муриканско одобрување, или по нивна директна наредба.

Нејсе. Пар интересни написи.

http://www.zerohedge.com/news/2016-02-07/why-sultan-chaos-freaking-out
Why The 'Sultan Of Chaos' Is Freaking Out
Првиот напис е од Пепе Ескобар (кој го следел, знае дека ликот е едуциран за светската геополитика), се пишува за поразот на играта која ја игра Ердоган, претстојното отсекување од турска помош на таканаречните „умерени бунтовници“ (и отсекувањето на турскиот еродгановиот профит од нафтата и друго).
Единствениот адут што му преостана на Ердоган се имигрантите, со кои на ЕУ им се заканува дека ќе отпушти масовни имигрантски бранови кон Европа.

http://www.zerohedge.com/news/2016-02-08/we-can-put-refugees-buses-leaked-memo-shows-erdogan-blackmailed-europe-billions
"We Can Put Refugees On Buses": Leaked Memo Shows Erdogan Blackmailed Europe For Billions
Информациите се од „процурени“ внатрешни ЕУ мемоа кои се појавиле во разни грчки медиуми. Еве извадоци:

Ердоган: „Дајте 6 милијарди евра (наместо 3), или ги носиме имигрантите до бугарска и грчка граница со автобуси“

Ердоган: „ Што ќе им правите на бегалците, ќе ги убивате?“ Потаму вели дека ќе остават 10-15илјади бегалци да се удават на бреговите на Турција - ако не им се дадат 6те милијардни евра помош.

Другите делови од документите:
 
B

Borg_Drone

Гостин
За голем дел од работите се согласувам, освен за Американските можности. Проблемот не е дека Америка неможе да го победи ИСИЛ, проблемот е поради Х причини нема желба и интерес да се бори против ИСИЛ. Со 10-20 бомби на ден вкупно во Ирак и Сирија, не се уништува ИСИЛ, додека овие другите членови на таа Западната коалиција воопшто не се ни замарааат, по некоја бомба ке фрлат Енглезите и Французите, додека овие Заливските земји според некои либертаријански медиуми во Америка воопшто немаат полетано за напади кон ИСИЛ откако Јорданскиот авион беше срушен близу Рака.[DOUBLEPOST=1455010733][/DOUBLEPOST]Има многу индиции дека Америка нема сериозна намера да се бори против ИСИЛ, освојувањето на Рамади од страна на ИСИЛ беше пример за тоа. Со конвои од Хамви и Тојота Тундра пикапс слободно по гол, отворен простор стигнаа до Рамади. Тој напад можеа со неколку дрона да го спречат,ама....
Има логика и тоа што го тврдиш ти. Зошто реално гледано такво сценарио што се случи во Сирија и ширум арапскиот свет не може да се случи без помош на некоја тајна служба или дејствувањето на некои надворешни влијанија . Американците додуша имаат интерес да ја ослабнат Европа (тоа отсекогаш било така), а Турците пак имаат други интереси. Допрва ќе излегуваат работите на виделина. Можно е и на пример Американците да прогнозирале друго сценарио за Сирија но на крајот да им ги расипале нивните прогнози Русите. Што е повеќе од очигледно. Можеби Американците сакаат едноставно да ја ослабнат Европа со овој бран на бегалци. Можеби тоа на нив им беше стратегијата уште од самиот почеток. Можеби и затоа како причина плус не сакаа да интервенираат со војска.

Јасно дека Америка има сè уште капацитет да ги победи ИД. Имаат и војска и средства за тоа, ама пораката што ќе ја испратат на целиот свет ќе биде фатална за нив. Затоа и пишав прееска, тие можат на пример уште да реагираат, затоа и ја направив таа споредба со Французите. Али пораката што ќе ја испратат ќе биде лоша за нивната репутација. И Русија на пример во деведесеттите ја стекна таа репутација ама тоа не значеше дека тие не беа способни да извршат некаде воена интервенција. Беа способни ама се опоравуваа. Мислам дека тоа сега ќе ѝ се случува допрва на Америка.

Инаку и самите западни експерти се согласни веќе дека Путин е таму кралот во моментов и никој друг. Треба само малку логика да се употреби за да се сфатат работите и редовно следење на вести. Јас редовно ги следам и руските и западните медиуми (само не американските) и така и се информирам. Не дека сум експерт на темава, него чисто логички ги тумачам само работите... :)
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom