- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.447
- Поени од реакции
- 17.882
Американците повеќе немаат начин да влезат во отворена воена конфронтација со војската на Асад, т. е. со легитимните сириски вооружени сили. Уште помалку волја за копнено да се вмешаат во пеколот кој настана таму. Последниот воз им беше пред три години кога го обвинија Асад и САА за користење на хемиско оружје и кога заговараа воздушна интервенција. Тогаш Русите дипломатски ги ишамараа и договорија предавање на хемиското оружје на Сирија. За тоа Сиријците треба најмногу благодарни да му бидат на Лавров.Јас се си мислам дека попрво Америка ќе влезе во Сирија него ли Турција или Саудиска Арабија. Да, можеби Саудиска Арабија и Турција ќе се приклучат подоцна како дел од оваа нивна операција ама се си мислам дека и Американците ќе влезат со војска во Сирија. Одговорот е едноставен: ако Русија (а работава оди накај тоа) ја добие оваа војна со Сириската Арапска Армија и нејзините сојузници ќе им мавнат огромен шамар на Американците и ќе ги избламираат на големо. Ќе докажат само дека Американците се веќе (после толку време) неспособни за оддржување на светскиот мир и со тоа автоматски Русија ќе ѝ го завземе тронот на Америка. И Американците мислам дека се свесни поради тоа и дека нема да дозволат толку далеку да стигне работата. Сепак се работи и за нивната репутација како светска сила и затоа мислам дека ќе интервенираат наскоро во Сирија. Ако не го направат тоа, тогаш се готови и тоа ќе биде најголемата грешка што ќе ја направи Обама. Путин многу добро го знае тоа и затоа ги поддржува многу Сиријците, не е тука работата и поради базата која што ја поседуваат во Сирија, а Путин вака и автоматски ќе си го „испере“ образот пред целата светска јавност за Крим. Сите ќе заборават на Крим и ќе гледаат на Путин како ослободител и како човекот кој заврши пеколна војна во Сирија и спречи милиони мигранти да мигрираат накај Европа. Уште сега во Европа тој е омилен, а тогаш па, кога ќе ја ослободи Сирија. Има на Брандербуршката Порта да кренат статуа на Путин... во црквите ќе има икони со неговиот лик. И мислам дека поради тоа ќе влезат Американците со војска и поради тоа нема да дозволат Путин да го изеде целиот колач. Ама и тогаш Путин на еден начин ќе биде индиректно победник, така да и на едниот и на другиот начин Американците се in deep shit само да видиме дали ќе одлучат да си поминат со полесни телесни повреди или пак со потешки од оваа битка.
Јас добивам впечаток дека Русите сакаат да го принудат Ердоган да влезе во Сирија. Реално и нема многу избор и простор за маневар. Државата му е во граѓанска војна, а после рушењето на рускиот СУ24 и комплетно ја загубија секоја можност за ширење на своето влијание. А ако влезе во Сирија, нема баш многу добро да си помине. Очаен е, нервозен, дава крајно инфантилни изјави кои не доликуваат на политичар од негов калибар, уште помалку од претседател на држава каква што е Турција. Се прецени, т. е. ги потцени Русите а посебно Путин. Баш би сакал да се обложам дека во таа авантура ниедна НАТО членка нема да мрдне со прст, затоа и отидоа кај Саудијците, зашто само кај нив и имаат поддршка од цел арапски свет.