Xibalba
Господин Господин
Прво јавни дебати, па потоа можно е и кај нас да се воведе “данок за маснотии”. По примерот на неколку европски држави и Македонија размислува со ваква мерка да се превенира дебелината и болестите предизвикани од прекумерна тежина. Министерот за здравство најавува дека пред да се донесе било каква одлука задолжително ќе се дискутира со производителите и експертите.

Според Тодоров овој чекор следи по добиените алармантните податоци од студијата за исхрана во земјава. Истражувањата покажуваат дека македонците јадат храна со повеќе маснотии, сол и шеќер од европскиот просек, а дури 80 отсто од населението нема доволно физичка активност за подобрување на здравјето.
-Не сакам да бидам сфатен погрешно. Не е ова одлука да се воведе данок, напротив сакаме сериозно да се издебатира затоа што импактот на здравјето од прекумерното користење на масти, шеќери и сол и немање на доволна физичка активност директно влијае на здравјето на граѓаните. Тоа е она што сега во најголема мера ги полни болниците и што во наредниот период се повеќе ќе ги полни. Превентивни програми се значајни и додаде дека сепак и животните стилови и навики сериозно влијаат на општата здравствена состојба на целото население во државата, изјави Никола Тодоров,министер за здравство.
“Данок за маснотии” на одредени продукти има во Унгарија, Франција, Финска, Данска, а ваква мерка за намалување на дебелината најавуваат дека ќе воведат Ирска и Велика Британија.
------------------------------
Оваа идеја и пред некоја година је промовираа, па се пишманија. Еве сега пак е на дневен ред, па може да продискутираме дали ваква мерка ќе ја оствари целта или навиките за ваква исхрана ќе си останат и покрај оданочувањето.