Македонија со најлошо здравство во цела Европа

^
По актуелизирањето на потресната приказна на „Ohridnews“ и телевизија Телма за 30-годишниот охриѓанец Марјан Велјаноски кој 2,5 години се бори со рак на кожата, државата најави дека лекот кој може да го спаси неговиот живот, а кој тој нема средства повеќе да го прима, ќе биде ставен на позитивната листа.

Ова денеска го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски, по кусиот разговор кој го имаа Марјан и премиерот Никола Груевски на средба со граѓани во Лескоец.
Абе ОК овие ветувања, али да се потсетиме на тоа дека кога Груевски се сретна со родителите на Тамара у Велес, вети одобрување средства. Кога Тодоров се сретна, вака, со родителите на Тамара у Велес, вети одобрување на средства.
А сепак, средствата беа задржани затоа што проценката на Груевски и Тодоров беше дека ќе се добијат добри политички поени кога еден ваков познат за јавноста случај би се решил во нашиот нов спинален центар, кој наскоро треба да се отвори.
...и видовме како заврши тој план.

Добро прашање е дали требаше да се бркат и да се молат со Грујо и компанија по Охрид, за нешто за кое цело време одвојувал од платата (за вакви ситуации) и му следуват?

Друго прашање е дали прекинот во терапијата доведе до лош исход; и дали воопшто му се одобрија лекарствата кои беа најавени така јавно и помпезно?

Почивај во мир, Марјан :(

А никогаш да веќе мир да немат министерот за смрт.
 
Лесна му земја. Добро е што ги начна овие прашања Рудници... Ова треба да биде поттик за опозицијата да организира уште еден протест (по можност да ги донесе сите роднини на починатиот) и да бара оставка од убиецот Тодоров. Сепак јас не сум толку голем експерт како вас г-дин рудници и нема да коментирам кои лекови треба да бидат на позитивна листа а кои не и кој за што одвјоувал од плата. Тоа што го знам е дека има далеку повеќе лекови кои се сега на позитивна листа, лековите се далеку поевтини но сето тоа не е битно. Битно е да викаме убијци, министри за смрт, да колнеме и да поставуваме прашања за нешто што немаме поим.
 
Лесна му земја. Добро е што ги начна овие прашања Рудници... Ова треба да биде поттик за опозицијата да организира уште еден протест (по можност да ги донесе сите роднини на починатиот) и да бара оставка од убиецот Тодоров. Сепак јас не сум толку голем експерт како вас г-дин рудници и нема да коментирам кои лекови треба да бидат на позитивна листа а кои не и кој за што одвјоувал од плата. Тоа што го знам е дека има далеку повеќе лекови кои се сега на позитивна листа, лековите се далеку поевтини но сето тоа не е битно. Битно е да викаме убијци, министри за смрт, да колнеме и да поставуваме прашања за нешто што немаме поим.


Имаш влезено во некоја болница низ мк бе сендвич ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Епа или си будала или слеп , или ти дале сендвич пред врата да си ќутиш :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ниту едно од тие опции. Ти имаш меморија на златна рипка или си корнишон.
 
Абе го глеавте ли тој шо се јави у Утринска со жена му шо неќеле да ја примат на Бадник у болница? (немале место) Дваесет и пет години стара со две деца, со мултиплекс склероза, и после на Божиќ пак ја однел и имало два слободни кревета, али па неќеле да ја примат. Му умрела на Осми Јануар, следниот ден, кога пак ја однел, таму на кревет на лице место ни на апарати ни на бутур ја стаиле.
Прилично потресно видео, го има по фејсбуци, вреди да се види, да се знае дека што и да дочекаме, колку и да се срање, они можат и посрање.
 
Абе го глеавте ли тој шо се јави у Утринска со жена му шо неќеле да ја примат на Бадник у болница? (немале место) Дваесет и пет години стара со две деца, со мултиплекс склероза, и после на Божиќ пак ја однел и имало два слободни кревета, али па неќеле да ја примат. Му умрела на Осми Јануар, следниот ден, кога пак ја однел, таму на кревет на лице место ни на апарати ни на бутур ја стаиле.
Прилично потресно видео, го има по фејсбуци, вреди да се види, да се знае дека што и да дочекаме, колку и да се срање, они можат и посрање.
Да,го слушнав на канал 5 тој несреќен случај,ама никој ништо не прокоментира....за жал:(
 
Ај да споделам две случки од брзата помош во Штип. Пред некој месец сестра ми и мајка ми отидоа во брза помош бидејќи на сестра ми и беше многу лошо и постојано повраќаше. Кога стигнале таму (касно вечерта, после полноќ) и рекле дека немаат лекови и ја пратиле мајка ми во Зегин (ако не се лажам таа е единствена дежурна аптека), за да купи инјекции.
Втората случка е од пред некој ден. На сестра ми детето, бебе од 6 месеци качи висока температура (39 с) и го одвеле во брзата помош. Таму, прво ја буделе дежурната докторка која спиела, ја чекале 15 мин. додека се освести, потоа им рекле дека нема што да им прават и дека немаат ни ебан топломер за да му ја измерат температураат на детето. Ги пратиле на педијатрија во болницата во Штип, а таму докторката едвај ги примила, и се развикала зошто доаѓале за банална работа како висока температура. Епа не знам после зошто се чудат дека биле тепани. Господ нека ни е на помош со вакво здравство и вакви доктори. Да ти ебам и држава и оваа усрана власт и опозиција и сите кои им го лижат газот на едните или на другите.
 
Да им е*ем све по список....има пари за секакви глупости, ама одиш лежиш во болница и те пракаат да си купиш лекови....бонус, на излегување, пак си плакаш за лечењето
 
По допрен глас, Основното јавно обвинителство – Скопје оформило случај за трагичната смрт на Тамара Димовска од Велес.

„Од преземените дејствија произлезе дека како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353 -в од Кривичниот законик. Во својство на осомничени, лицата се повикани да дадат изјави пред надлежниот јавен обвинител. Истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на случајот.

По завршување на сослушувањето ќе биде донесена мериторна јавно обвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено известена.“, стои во соопштението на Обвинителството.
 
Eve ja najnovata reforma...

Тодоров: Можно е да се воведе “данок на маснотии“
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=27131

Треба да почнат со спомениците и административните згради, бидејќи ептен мрсни суми се фрлија на нив.

А во меѓувреме, обичните смртници слободно нека си испоцркаат, чекајќи на милостија од самопрогласениот менаџер кој ја загрева министерската фотеља во министерството за здравство.

http://forum.kajgana.com/threads/Сколиоза-Општо-за-неа-и-совети-за-лечење.25686/page-6#post-7594465

Година дена по смртта на 9 годишната Тамара Димовска, родителите на децата кои боледуваат од сколиоза и понатаму се оставени на милост и немилост на околностите, а единствен спас за своите деца наоѓаат во приватните донации.

Очигледно самопрогласениот менаџер кој ја загрева министерската фотеља во министерството за здравство, сеуште е презафатен со штедење пари, додека болните умираат поради недостиг на терапија, лекови, или уште полошо, поради неточна дијагноза.

http://www.24vesti.com.mk/dva-novi-sluchai-kako-malata-tamara

Два нови случаи како малата Тамара

09.02.2016 | 16:44

Ханета Салиу има 11 години и боледува од сколиоза. Ја има истата дијагноза како и малата Тамара која пред една година почина чекајќи ја помошта од институциите. За животот на Ханета смртно е исплашен нејзиниот татко. Тој стравува дека ажурноста на институциите ќе потфрлат и нема да ги добие средствата за третата операција на своето чедо. Од Фондот не неколкупати бил одбиен со образложение дека станувало збор за вродена мана.

128146.jpg


Ханета на операција во Анкара треба да замине за две недели и дотогаш во својот дом во скопско Нерези секојдневно прави третмани како подготовка за операцијата. Според турските лекари девојчето мора да го направи хирушкиот зафат годинава бидејќи постои ризик засекогаш да остане неподвижна. Во Турција Ханета досега имала две операции. Едната на колкот, а другата на оштетен нерв, сега турските лекари треба да ги оперираат ‘рбетните пршлени.

Со истиот проблем - искривување на ‘рбетот се соочува и малата Ивана Прочкова од Богданци. Операцијата на 9-годишната Ивана чини 50 000 евра и треба да се направи во Неустад Германија. Семејството на малата Ивана бидејќи не е во состојба само да ги собере потребните средства отвори број за донации.

Од Фондот за здравство одговорија дека и за двата случаи нема добиено конзилијарно мислење и затоа се закажани прегледи во петок на Универзитетската клиника на ортопедија каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. И во двата случаи од Фондот соопштуват дека родителите немаат поднесено барање за лекување во странство и доколку ги поднесат потребните документи Фондот максимално брзо ќе одговори доколку лекувањата се конзилијарно потврдени со соодветните клиники и во согласнот со законските прописи.


Христина Новевска
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom