Не ме вреѓаш мене, него оние феминистки кои не се за исмев, и кои се борат својот пол да биде, и остане, рамноправен. Се согласувам дека денес се и сешто проаѓа под капата на феминизмот, ама и повеќето феминисти се свесни за тоа, и го прават тоа што треба и вие да го правите - тотален игнор. Колку помалце внимание на таквите им придавате, толку помалку моќ имаат како влијание и некој си фактор, глас. Затоа не ги разбирам овие јутјуб каналиве што прават по 5 риплај видеа на секое едно видео (или колумна, изјава) на Анита Саркезијан. Иако тоа и дава само бесплатен 'share' потенцијал, тоа што толкумина ја споделиле нејзината најнова глупост и ја искоментирале/искритикувале.
Друго е кога се работи за одредени престапи и неправди, како што Макс Леџенд од време на време прикажува на темава. Таму наместо игнор, треба проактивност и осуда.
Поентата ми е, генерализација никому не му е потребна. Генерализирајќи други групи оставаш простор после за тебе некој/а феминист/ка да кака дека си ваков или онаков, врз основа на тоа што го збориш. Цитатов на пример ти е апла генерализирачки.