Хомо Луденс
Фрик
- Член од
- 23 јануари 2016
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 12
И во домот, и на ниво на држава постои хиерархија на односи. Ако не произлегуваат од патријархатот, тогаш од улогата на државата, улогата на капитализмот или од разни институции - религиски, правни итн, и на крај и од природните предиспозиции. То се фактите што ги констатирав.Та хиерархија не се однесува само на подреденост на жената кон мажот, туку и обратно, зависи од ситуацијата. А, и мажот и жената се подредени на нормите што произлегле од различните односи на моќ. Кога кажав дека има настојувања (моја грешка што недоволно елаборирав), мислев на секакви анти-авторитарни и ахархистички движења, оти само тие се инхерентно феминистички. Зборувам за лицемерието на квази-феминистки кои решиле да не се бричат во име на феминизмот и со голи цицки да протестираат по улици, за после да си одат дома кај мажот со кој стапиле во институција брак, некои дури и барале благослов од црквата, или пак индиферентни се кон целиов систем и се посветуваат само на феминизмот. То е површно.[DOUBLEPOST=1453699351][/DOUBLEPOST]Шведска, Исланд...таму има и се почитуваат катаљон закони, затоа и "се почитуваат т.н. права". Во држави како нашата тргни од плукање, фрлање цигари, ѓубре, возење со мобилен и други закони, има ама не се почитуваат. Не заради односот маж жена (и во општините каде има жени градоначалници е сосем исто) туку ради други причини. И тешка е било каква споредба на две вакви држави, една екстремно богата, друга екстремно сиромашна.
не знам дали фактите се за домот или воопшто на ниво на една држава. Затоа што треба да ги погледнеш и податоците на пример, за да видиш како и каде функционира жената на ниво на држава. Да не се осврнувам на тоа зошто најголем дел од "спонзорства" користат жени или зошто (Гевгелија беше спомената во една тема за инвестиции) женската проституција е доминантна, да ги погледнеме податоците за магистри и доктори, инцијативите како и вработување по сектори.
Пример кај магистри и доктори на науки има повеќе жени.
Кај вработените во урбани подрачја, жената е само 4% помалку застапена од мажите, но е многу помалку застапена како работодавач и за сопствена сметка (24% и 20%). За чудо, има само 2% повеќе т.н. неплатени семејни работници жени од мажи.
Да погледнеме каде жената помалку "ја интересира" да се вработи
земјоделство, шумарство, рибарство - мажи 60, жени 40%
рударство 88 со 12, електрична енергија 79 со 21, вода и отпад 91 со 9, градежништво 94 со 6, транспорт и склад 88 со 12, информтика и комуникации 67 со 33, ....
каде повеќе се вработува образование 39 со 61, здравство и социјала 26 со 71, финансии и осигурување 45 со 55.
Приближен "интерес" со мажите преработувачка индустрија, трговија, уметност и забава, административни работи
Дали бројките нешто ни кажуваат? Дали патријархалното воспитување (не ој ќерко рудар, не е то за жена), а не трагање за подобар живот, исхрана на семејство, основна егзистенција итн...се причина за вакви разлики или разликите се однесуваат на родови вештини, желби, афинитети, способности...?[DOUBLEPOST=1453660649][/DOUBLEPOST]Или се однесува на домот, не знам.
КајТака е , најголем доказ за тоа е дека феминистичките движења се најсилни во Саудиска Арабија, а во Шведска речиси ги нема.
Не знам дали тенденциозно си селектираш што ќе читаш или стварно не се ме прочитал во целост. Јас сум категорично против гласните самопрогласени феминистки, посебно во услови кај што постои релативна еднаквост, и не постои опасност при судир на интереси или пак воопшто силен судир на интереси. Најлесно е така да си храбар и да брчиш. Јас зборам за суштината на феминизмот, како движење, а не за тенденциозноста на денешните феминисти.Ти можеш и феминист да се наречеш, можеш и нов термин да си смислиш и да си се етикетираш, или воопшто да не се етикетираш никако - ако твојот систем на вредности не се совпаѓа со феминистичкиот, ништо не си.Така е , најголем доказ за тоа е дека феминистичките движења се најсилни во Саудиска Арабија, а во Шведска речиси ги нема.
Последно уредено: