Па да, воглавно луѓето имаат преголеми очекувања од државата, заборавајќи на фактот дека живеат во балкански жабарник, каде просечна плата е 350 250 евра. Мислат дека задолжително им следува работа, со плата од минимум 500 евра, само затоа што завршиле факултет. Кој, патем, го завршуваат учејќи од "комбинации", на препис и со бубици, и на пазарот на труд влегуваат тотално неспособни, без никакви вештини и знаења.
Мислат дека колку повеќе кукаш и го трошиш времето на пишување срцепарателни патетични постови за тоа колку е државата срање, толку побрзо државата магично ќе се претвори во Германија, и ќе ти најде работа, ќе те вработи, и ќе ти заработи.
Мислат дека одлично платена работа мора во секој момент да најдеш, како во Германија, во спротивно државата е крива и системот те ебе (пошто нели, да не ги ебел системот, гарант ќе биле Бил Гејтс). Совршен изговор за својата неспособност и мрза, заедно со "а бе судбина, што ќе праиш, пишано ми било да сум невработен, Госпо така сакал".
И така, разочарани од системов, заминуваат на запад, во некој друг систем со намалено либидо, да работат физичка работа по 18 часа дневно (за минималец), живеејќи го американскиот сон во некое забаталено американско село, во друштво со ракуните од блиската шума.
Емкаа тоа прашај ја, нејзина е пресметката, јас само ја позајмив за во мојот пост.