Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Не се сите исти сепак.

Има луѓе кои не сакаат да почнат ако знаат дека не е перфектно или мин-максирано.
Различен пристап ама не значи дека е лош пристап ако работи за нив.

Па да не значи дека е лош, затоа реков "не мора" a не "не треба" :). И јас самиот денеска за многу работи сум таков, сакам да биде све пиц-пец пред да го почнам. Ако има волја и истрајност да ги следи советиве, супер.

Но, пишав чисто за да си има во предвид дека и доколку не следи перфектно 100 посто од советиве може да има успех.
Многу почетници пре-анализираат, "Ќе пијам ова, ќе јадам вака, ќе тренирам онака" и од лежечки животен стил одеднаш се амбицираат да станат подисциплинирани и од профи атлети и нормално - после месец дена се откажуваат.

A journey of a thousand miles begins with a single step - кинеска поговорка.
 
@statusQuO @nE0n1nja @dstojanovic666 Фала за советите.
Свесен сум дека било какви резултати во теретана како и во било која друга физичка активност не се инстантни. Ја пред све почнувам да вежбам за да сменам многу лош начин на живот, лоша исхрана, физички некативен, цел ден седиш пред ПЦ. Почнаа многу гадни ствари да ми се дешаваат, се заморувам од многу малце, се повредувам од мал напор и мускуливе почнале да ми атрофираат. Настрана хронични проблеми со колена и скршена рака која ми е лошо залечена. И кај секој доктор што бев сите истото ми го рекоа дека мора да почнам да вежбам, теретана и трчање пред се затоа што постепено правиш прогрес..
 
Не се сите исти сепак.

Има луѓе кои не сакаат да почнат ако знаат дека не е перфектно или мин-максирано.
Различен пристап ама не значи дека е лош пристап ако работи за нив.

Да, но за се перфектно малку потешко да склопи некој тука.
Ако ги гледаш профи билдерите што се користат (не калкулирајќи ги хормоните и недозволените работи), само храна и суплементи, нема да те исправат 1000евра месечно, така не треба никој ни да влезе во теретана.

Од моја гледна точка е најбитно неколку работи:
Храна средена колку што е можно.
Од суплементи:протеин (ретко кој стига само од храна да внесе доволна количина, а и поради дневни обврски се наоѓа солидно), креатин монохидрат, БЦА и глутамин (ако се има уште некој денар плус, ако не ќе крпите со она што го имате во храната и вејот), магнезиум, цинк, б6, омега 3, витамин Ц.
Пумпачите и топачите на масти ги ставам како optional.
 
Какви БЦА каков Глутамин, кочница удрете малце.
Ма ни креатин а ни протеин не мора да пие почетник.

Башка зашо да ги глеаш профи билдерите? Профи ќе бидете? Ќе се натпреварувате? Ви се брза негде?
Ако имате време и мозок и ги аплицирате на читање информации - ќе направите исхрана која кошта 4-5000 месечно која ќе ги задоволува сите ваши протеински потреби. Веј не е задолжителен. Ако си во македонија со македонска плата уште помалце.

На 90% од овие луѓе целта им е да изгледаат убаво на плажа. Место да даваат 5 месеца пари за веј, нека почнат +1 месец порано и ете ти. Исти ако не и подобри резултати.

Се заебаате и вие мајке ми - претеризам е ова се, да мисли некој што нема напраено 10 склека во серија декае треба БЦА или Глутамин или Веј дека МОРА да пие за да има резултати или дека се ова ќе го кошта 1000 евра месечно. Си го повлекувам мислењето за перфекционизам и боље послушајте го советот на @nE0n1nja
 
Тоа ти го зборувам, ти самиот напиша дека некои сакаат да се организираат перфектно и се да подготват, а перфектно е скап поим во овој спорт и речиси недостижен за наши услови.
Со месец порано јас ти гарантирам дека не пали, а вејот ако си вработен како во мој случај ти е најоптимална работа за покривање на дневни потреби со протеин. Ниту имаш време да готвиш 5 оброци со по 40гр протеин по оброк, ниту пак услов да ги јадеш, а вака го носам во шејк и само го растворам.
Наутро еден оброк дома
Веј пред вториот оброк
Втор оброк 2 часа пред да си одам од работа, т.е пред тренинг.
тренинг
Дозерка веј додека да зготвам за јадење
оброк после тренинг
вечера пред спиење и некогаш ако имам време да зготвам за следен ден за на работа.
Ако си слободен уметник и имаш цел ден слободен немаш гајле, али ако си фул со обврски е тогаш без веј тешко да обезбедиш дневен внес со протеин.
 
5 оброци со 40г протеин? 100 кила тежиш?
Башка какви 5 оброци 3 се доволни. Ако сакате и 2 јадете, еднаш пред еднаш после и готово.

Јас кога реков перфектно не мислев на специјализирани суплементи. Мислев на исхрана, мислев на вежбање, мислев на мултивитамин за да не му падне имунитетот од шок на системот и да се испоразболе и да батали и вежбање и се.
 
Може ли креатинот да го пијам со некој енергетски напиток пред тренинг дали е добро ?
 
Нема поента да пиеш креатин пред тренинг бидејки не е стимулатор.
Немаш потреба од енергетски пијалоци пред тренинг коа постои кафе али голем си - ти си знаеш.
 
Епа тогај значи нема потреба да го пијам пред тренинг значи само после.
 
5 оброци со 40г протеин? 100 кила тежиш?
Башка какви 5 оброци 3 се доволни. Ако сакате и 2 јадете, еднаш пред еднаш после и готово.

Јас кога реков перфектно не мислев на специјализирани суплементи. Мислев на исхрана, мислев на вежбање, мислев на мултивитамин за да не му падне имунитетот од шок на системот и да се испоразболе и да батали и вежбање и се.

Тежам 82кг и не те прашав да ми делиш совети колку оброци ми се доволни и колку протеин, ти коментирав бидејќи самиот потенцираше дека луѓе сакаат да имаат перфектна исхрана па да почнат да вежбаат, а тоа значи многу кеш и многу замарање.
Ако се работи за почетник, на таквите им е потребно повеќе од 5 месеци за да научат да ги прават вежбите (НЕКОИ НИКОГАШ НЕ НИ НАУЧУВААТ) и во меѓувреме да научи што и кога треба да јаде, а потоа може да разговараме за да среди исхрана и да направи тело за на плажа (ова го зборувам без учество на персонален тренер кој ќе му надроби на готово и ќе виси постојано до него додека вежба).

А ако е само за тело за на плажа доволно е да почне со вежбање во февруари за до јули да биде тип топ среден, но доколку имал предходно вежбачко искуство и да ја среди исхраната и суплементацијата.
 
Ете конечно и јас се запишав на фитнес за прв пат во животов. Ок сум малце како изгубен Германец, ама не е страшно. Ако можит да ми кажите некој совет што да јадам ? Значит не се замарам дотолку битно ми е само колку -толку да пазам да не ми е за џабе вежбањево. Пред да одам сабајле на вежбање шо да каснам и од ко ќе се вратам. Што не смеам ни под разно? Некој такви основни работи ептен сум почетничка:giggle:
 
Имаш 450 страни, така да имаш за секое ниво.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Ете конечно и јас се запишав на фитнес за прв пат во животов. Ок сум малце како изгубен Германец, ама не е страшно. Ако можит да ми кажите некој совет што да јадам ? Значит не се замарам дотолку битно ми е само колку -толку да пазам да не ми е за џабе вежбањево. Пред да одам сабајле на вежбање шо да каснам и од ко ќе се вратам. Што не смеам ни под разно? Некој такви основни работи ептен сум почетничка:giggle:
Избегавај шеќер, слатки, чипсој ова она, грицки, такви работи.
Замени ги со овошје, зеленчук, јајца, млеко, тие некои работи кои се сметаат за здрави, си знајш.

Можит и да си јајш ти шо сакаш и да вежбаш, ама немат да имаш преголеми резултати и пребрзи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom