Каде да наjдам? [Food Edition]

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Добри макарони, јуфки, шпагети со еден збор добри тестенити?
Домашни. :)

Макарони и шпагети Барила. Јуфки има едни во Тинекс само не можам да се сетам на фирмата. Околу 85 денари се и пишува со јајца и млеко на нив.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Домашни. :)

Макарони и шпагети Барила. Јуфки има едни во Тинекс само не можам да се сетам на фирмата. Околу 85 денари се и пишува со јајца и млеко на нив.
Да да за домашни ми беше прашањето, фала многу секогаш помагаш :D
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Да да за домашни ми беше прашањето, фала многу секогаш помагаш :D
Нема проблем. :)

За најдомашни можеш и дома: на 1 јајце оди 100 грама брашно. Тоа ти е по лице сметано.
Пример 300 грама брашно, 3 јајца, 1 лажичка зејтин за три порции. Најдобро е остро брашно ама и не мора.
Се меси тврдо тесто, ништо комплицирано, и се става саат во фрижидер.
После тоа ако немаш машинка дома или по комшии, можеш рачно да рашириш голема кора и да сечеш тенки ленти како талијателите ( резанки ). Сосема различен вкус се од оние пакуваните.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Потполно се согласувам дека вкусот е различен, но стварно немам време да направам сам а башка не сум баш добар со месење тесто :D, сепак гледам што можам да најдам нешто од блиску да има вкус на домашно.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Потполно се согласувам дека вкусот е различен, но стварно немам време да направам сам а башка не сум баш добар со месење тесто :D, сепак гледам што можам да најдам нешто од блиску да има вкус на домашно.

На пазарот во Тафталиџе има дуќан за домашни тестенини од јуфки до лазањи. Пробај ги и ти.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.560
Поени од реакции
5.828
Потполно се согласувам дека вкусот е различен, но стварно немам време да направам сам а башка не сум баш добар со месење тесто :D, сепак гледам што можам да најдам нешто од блиску да има вкус на домашно.
Кисела Вода, кај Рампа, позади Ив, музичарон од Лева Патика, има производство на тестенини.
Добри.
 
B

Blade Torch

Гостин
Макарон колачињата шо ги продаваат во Ситимол шо пара одат? Претпоставувам дека се изгор скапи. Колку чинат и дали вредат за парите?
 
Член од
21 јануари 2016
Мислења
13
Поени од реакции
4
Макарон колачињата шо ги продаваат во Ситимол шо пара одат? Претпоставувам дека се изгор скапи. Колку чинат и дали вредат за парите?
Мислам дека се 30 денари парче, ама не сум сигурен, одамна немам купено. Вкусни се, колку да се пробаат, ама за редовно конзумирање и не се нешто посебно.
 
Член од
4 август 2007
Мислења
24
Поени од реакции
2
Дали некој знае каде може да најдам домашно млеко и домашни јајца? И дали некој знае кое месо е најквалитетно во земјава? Благодарам.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Дали некој знае каде може да најдам домашно млеко и домашни јајца? И дали некој знае кое месо е најквалитетно во земјава? Благодарам.
Јајца на фб барај: Наша фарма 20 денари јајце, Еколошка фарма 10 денари јајце.

Млеко не користам не знам од каде, овие од Наша фарма мислам дека козјо имаат.

Месо најквалитетно телешко: Фарма без име побарај, 500 денари со достава ( со сертификат се, телињата се на пасишта). Мене и од Веро телешкото ми е ок 635 е килото ама квалитетот и потеклото ми се дискутабилни.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.560
Поени од реакции
5.828
И дали некој знае кое месо е најквалитетно во земјава? Благодарам.
Мене и од Веро телешкото ми е ок 635 е килото ама квалитетот и потеклото ми се дискутабилни.
Дефинирај најквалитетно.
Највкусно, ваљда од село, чувано на природен начин.
Најздравствено безбедно, а истовремено и вкусно, за свинско месо ти е фармата Челопек ( го има во Веро ) и фармата на Агриа во Велес. Телешко/јунешко месо во МК ти 90% увоз, ретко имаш домашно. Меѓу ретките ти се фармата во Страцин ( месото во Веро ) и мислам дека и Агриа имаа план да почнат во Штип, не знам до каде се.
 
Член од
13 декември 2015
Мислења
34
Поени од реакции
34
Каде да најдам највусно суши во Скопје? :)
T.e. каде има воопшто?
 
Член од
18 септември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
6
Каде може да се најде добар домашен костенов мед во скопје ?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.658
Поени од реакции
14.519
Инспириран од BuzzFood (проклети да се), знае ли некој каде има 2 работи



 

Kajgana Shop

На врв Bottom