ау тоа е веќе хумана генетика, најголемите мистерии во медицината се таму, не знам искрено дали има објаснување.
Објаснувањето од страна на бихевиоралните генетичари за такви појави (и ради тоа користат еднојајчани близнаци кога проверуваат) е дека се диктирани и од генетика и од околина, иако не знаат кои све фактори стојат позади секое заболување и дали се работи за независен генетски/околински фактор или интеракција помеѓу овие.
Обично болести коишто несомнено се предизвикани стриктно од генетиката, ги фаќаат и двата близнака во 99-100% од времето и така се знае дали болеста е генетски детерминирана и така „ти било пишано“ ко што викаш ти или не е стриктно генетски детерминирана.
Но кога у просек и двата близнака не заболуваат од истата во голем број од случаите (у случаите со дијабетис 1 50/50, а дијабетис два 25/75), тогаш се смета дека гените не се единствениот фактор кој пресудува дали ќе заболиш туку и околината (уникатна или заедничка).
Дијабетисот специјалистите сметаат дека е резултат на комплицирана интеракција помеѓу генетика и околина, а што колкав фактор ќе игра и дали може да се превентира зависи од човек до човек, пристапот е главно казуистички иако не ги знаат сите фактори.
Постои големо тело од докази дека во одредени случаи иако постојат генетски предиспозиции, дијабетисот може да се превентира (иако не ги знаат сите начини како).
Дури според нови истражувања, се смета дека околински може многу да се влијае на начинот на кој гените манифестираат тип 2 на дијабетис и тоа токму со специјални диети. Тие сметаат дека околината го менува епигеномот и начинот на кој гените се изразуваат што влијае на функцијата на клетките, ендокриниот систем и тристо други чуда. Сега со нови контролирани испитувања на глувци, покажуваат дека зависно од начинот на кој се хранат глувците, се манифестира појава/загуба на метилните групи коишто вршат реакција со цитозинот/аденинот во ДНК-та и се поврзани со производството на инсулин што покажува дека промената на епигеномот и те како влијае на веќе постоечките генетски предиспозиции или ги создава потребните за развивање на болести како дијабетис, рак и слично.
Истата епигенетска промена е најдена и во масните клетки на луѓето коишто боледуваат од дијабетис.
Ама тоа они го викаат, ја врска неам дали е така пошто сум неук во таа област, за разлика од тебе, ти гледам се разбираш.