НЕПИСМЕНА ПАНИКА.БЕ: Корисни идиоти кои од К-15 станаа неписмена багра која не сака да учи, да прашува да се интересира!
Искрено, не знам кој е сопственик на порталов, ниту автор на текстот. Но, тоа не е ни битно!
Битно е дека, треба ретроактивно да се врати во забаваче, па да почне да учи да чита и правилно да толкува зборови.
Јас знам дека е атрактивно да го споменеш зборот/името Миленко. Веднаш имаш читаност, кликаност, лајкуваност, шеруваност… Па затоа ако, нека ми го споменуваат имато кога сакаат и колку сакаат. И како сакаат.
Но сметам, дека Миле или Паника или било кој да е, би требало реално да се подразмисли во врска со својот капацитет на разбирање на прочитаното.
Па така, Миленко напишал (што се гледа и во објавата на порталот) “Неколку дилеми“. Порталот тоа го “преведува“ во “Миленко напиша ФБ статус дека земјата е равна“!!! Чуден превод, во најмала рака.
Натаму, Миленко напиша (и покажа) “имам документ од НАСА дека земјата не е топка, ами е рамна“. Порталот и овдека се истакнува со “превод“ кој вели: “Дури (Миленко) се обиде и да го поткрепи тоа научно“!!!
Сега да влагам во материјална расправа со корисни идиоти па да дебатирам дека НАСА, а не Миленко, тоа го поткрепува научно – би претставувало губење време.
Затоа, еве се нудам, на анонимниот автор, сопственик на портал, уредник (на сите нив заедно) бесплатно да ги подучувам од предмиетите македонски јазик, географија, правопис, геометрија и било што друго што прескокнале преспивајки го школскиот систем.
Јасно ми е дека анонимноста дава храброст. Еве тоа е случај и со овој портал. Но, анонимноста дава и комплекс. Во случајов КОМПЛЕС ОД МИЛЕНКО.
Па така, повелете живејте си во својот свет влечејки го комплексот од Миленко.
За крај една поука: Светот ниту започнал, ниту се одвива, ниту ќе заврши со Твитер. Тоа е интерсна алатка за глобално затупување. Настрана од Твитер има книги, анализи, формули, дебати… Науката, природна или општествена се едно, не е еднаш за секогаш зададена вистина. Науката е потрага, вечна потрага по вистината. Археологијата, филозофијата, математиката, космологијата и сите останати стотици науки се отворени за луѓе со отворен ум. Оние со ум во калуп, се на Твитер. Отворениот ум, безграничните прашања, дилеми, истражувања, љубопитност, се вредности што го носат човштвото во прогрес. Затоа отворете го умот и прашувајте, прашувајте, прашувајте…
Миленко прв и единствен до сега во Македонија ги отвори темите за штетноста на вакцините, Темната страна на месецот, НЛО, Вонземјани, Ареа 51, Тунгуската експлозија, континентот МУ, 4-те предходни цивилизации, септември 11, инцидентир во Тонкин заливот, Убунту филозофијата. Прв ги емитуваше Лузчејнџ, Зетгајст, Зеро и други филмови за сите можни заговори. Прв и единствен проговори со свои емисии за илуминати, масони, Билдерберг, Малтешки круг, Светска влада во сенка… Прв од сите новинари, веројатно и единствен, јавно тврди дека не сме продукт создаден според Дарвиновата теорија, ами Божја творба. За сето ова треба храброст. Ама не анонимна скриена зад тастатурчето, како на порталот, туку ЈАВНО ИЗРАЗЕНА ХРАБРОСТ.
Па, според таа традиција, Миленко прв ја отвара и ДИЛЕМАТА за тоа дали земјата е плоча или топка. Да не беше Миленко, 95% од Твитер заедницата во Македонија не ќе имаше појма дека на светско ниво се водат жестоки дебати и расправи помеѓу оние што мислат дека е плоча и традиционалистите што тврдат дека сме топка. Дека со документи за оваа ДИЛЕМА излегува и НАСА, но и Обединетите нации и могу други научници. За тоа ќе имате можност да гледате, а потоа твитајте, во емисијата шт на оваа тема ја подготвувам.
Отворете го мозокот. Ослободете се од калапот. Размислувајте, прашувајте, спорете, истражувајте…
Пишува:
Миленко Неделковски
Дудинка.мк