Бев во Бугарија да си го подигнам указот, луѓе видно сум изненадена како можеа толку многу Украинци да чекат указ. Ти ги прашуваш едно најосновно прашање тие ти зборат на Украински.
Кога влегуваа во канцеларија за да си го подигаат указот еден најосновен збор "пиши дата" не разбираа а камоли нешто друго. Добро бе луѓе се чудам како добиваат гражданство а не знаат едно "мерси и довиждане" да кажат" од најосновна култура.. хаос. И ѕвонеа на телефон на женава таму дека носат преведувач за да се разберат и да однесат потекло.. срамота.
Друга работа. Во канцеларијава имаа едно 7 8 шкафа пишуваше на секој шкаф преписки од 2012 начало, па 2012 крај, 2013 начало, 2013 крај и 2014 само позади секоја жена што работеше таму.
Јас брзо завршив, знаев да комуницирам, се извинував се поздравував и разговарав женава ми викаше "не се притесњавај всичко е на ред", па кога дојде една жена од што правеше интервју почна да вика на сите што чекаа, да ги вреѓа, да зборува дека ќе го викнала директорот и вицепресидентот да им правеле интервју дека нит се водат нит се терат, се гураа таму се туркаа и се буткаа наместо да застанат и да чекат ред, никаква култура немаат луѓево, никаква.
Имаше едно 20 етина луѓе за интервју може и повеќе, општ хаос на некултура и нетолеранција во државна институција владееше.
Е сега основново прашање за интервју за оние кои немаа баба/дедо, татко/мајка им било "треба да донесете потекло од предок од ваш корен, а не од роднина", "каде ви е документот".. "што мислите вака се добива гражданство". На крај им дале број, што ќе биде за поматаму не знам.
Околу овој нов систем не можев да прашам, баш со посредникот разговаравме, и тој не знае не му е јасно, вика еве на некој бидува на некој не бидува пишува "липсват дани" , тој кажа дека во министерство на шалтер ги кажувале и објаснувале статусите, да така сите вие кои имате нејасноонотии околу статусите најдобро ќе е да пишете маил или да одите директно на шалтер.
Исто така разговараме и за преписките, ако те прекратат значело дека имаш проблем околу потеклото, дека фалат документи, или НЕ СИ ПОМИНАЛ НА ИНТЕРВЈУ (интервјуто значи многу), ако преписките се одбиени значело дека имаш криминално досие и ништо друго. Исто така знам дека Бг гражданства ги продолжиле само ради Македонците, не давале повеќе на другите националности, кој зел зел за во иднина тешко дека некој друг ќе зел гражданство од друга националност па макар и со потекло.