Македонија-Норвешка 25.01. (18:15ч) Група 1

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Во која минута ќе го исклучиме телевизорот/стримот?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Или ќе водиме се до 40тата минута со 3-4 гола па после колење или ќе ни направат голема разлика на почетокот и ај со здравје.
Треба Министерот да има 10+ одбрани..одбаната да се посвети на бековите за да не примаме голови од 9м како од шала..видовме каква реализација имаат Норвежаните.
Во напад ,ако не му оди на Кире да проигрува повеќе на пикер или Георгиевски .
Деки бој да биде маестрален,Прибак и Миркуловски да имаат одлични продори и пеналчиња кои во никој случај не треба да ги промашиме,односно 100% учинок да имаме.
Без глупирање во напад,технички грешки ,оти од контри мамето ќе ни го ****.
И секако очекувам и они одвреме навреме да ни играат брз центар,треба да се подготвиме на ова.Ако сакаме победа треба убаво ама убаво да си го испотат газето,трчење цели 60минути И СРЦЕ НА ТЕРЕН
Нека ни е со среќа И НЕ БИДЕТЕ ТОЛКУ ПЕСИМИСТИ,ипак овие дечки се заедно над 10 години и мислам баш сега кога никој не очекува од нив,тие ќе дадат се од себе и ќе изненадат со победа.
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Нема да изненадат сигурно. Норвешка се мотивирани и спремни да одат до полуфинале а ние...Мислам дека ќе се повтори наптреварот со Хрватска, ќе не плеснат уште у први минути нема да знаеме каде тераме. Песимисти сме зашто до сега не ни дадоа за право да бидеме оптимисти нашите репрезентативци.
 
Мамелунд и Мирхол имаат мала минутажа.Посебно Мамелунд.Него го користат само во одбрана по едно 10-15 минути.Двајцата заедно немаат повеќе од 3-4 гола.:icon_mrgr:И кога не игра Хансен на левата бековска позиција,Сагосен превзема таму.Така да,тој е моментално дубока резерва.

Некогаш играат и со двајца централни,Сагосен и О`Саливен.Ама денес сигурно ќе стартира пак Хансен на левата бековска позиција,после онаа партија против Полска кај што ги торпедира.

А овој Сагосен помладата Офтедал ја ебе.:icon_mrgr:

Хансен-Сагосен-Рајнкинд би требало да е бековската линија.
 
Лесно ќе изгубиме. Уште сега го замислувам Борко како цел меч стои здрвен по примен гол од 10 метра и гледа накај одбраната која му е како и секогаш крива.
 
Попара ќе не` направат, едно 6-7 разлика. Секој кој мисли поинаку појма нема од ракомет :icon_mrgr:
 
Глуп распоред. Последна утакмица пред 4 дена ни беше, заборавив дека играме на првенството.
 
Јас ќе си останам оптимист и ќе ги бодрам од крај,нема да вклучам ТВ и да очекувам да не избушат како Хрватска шо ни напраи..Се уплашивме од еден натпревар,а пред тоа сите викавме ќе ги победеме Норвежаните.Ипак имавме и ние добри минути и со Франција и со Полска,зошто не би се повториле.Да се стегнат малку,имаат за што да играат,плус тоа нема да ги потцениме и мислам дека повнимателно ќе влеземе во натпреварот.
Само се плашам од брз центар и од лош ден на Борко(и ако не му оди нека го пушти Дупјачанец,не како со еден голман да сме отидени во Полска)
Клучот ни е БОРКО,ајде МИНИСТЕРЕЕЕ,покажи што знаеш и води не во победа.
 
Пораз не ни бега....
После онаа партија кога му ја изиграа против Полска, не ни сакам да замислам шо можи да ни се случи нас...
30 гола ќе јадиме како алва.
Брз центар играат новежаните ќе не избушат,дури дајме ние гол, дури се израдваат ќе ни го вратат одма :D
Ли Хансен каков играч, немаме лек за него, O'Саливен, Тонесен, плус брзите крила Бјорнсен и Јондал ќе не полнат....
По по по какви бекој имаат, разбивачи :busi:
Плус високи се во одбрана, ако се паметни да пуштат фластер над Киро од старт нема да мрдниме, сигурно знаат и тие дека најголемата опасност доаѓа од кај него.
Ама јас би рекол да не форсира преку Лазаров, џабе ќе шутира од 9м. цело време, а тие назад се суртуци, би одел на варијанта преку Миркуловски и Прибак, така и би почнал Прибак-Жути-Лазаров, Жити е брз ги знај тие продори низ одбраната, знај да влези низ таа висока зона или е гол или пенал и две минути, баш ни треба играч како Жути денес, мора се преку него да оди, ако играте обложувалница овај оди ПЛУС :D Од друга страна Прибак исто знај да влези, паметен играч и Прибак и замена за него Фитиљо мора да биди, барем има мадиња да влези, а не со Мојсо да лази на терен или пак Фичо со тие ретардирани дијагонали за крило :confused:
Од овие 2-3 меча на Норвешка шо ги гледав заприметив дека се многу ранливи од КРИЛО, дали играчите шо треба да му бранат овде се послаби или гледаат повеќе да се одбранат од бековската линија, денес добро ќе биди да се проигруваат многу повеќе Манасов и Џомба ќе бркаат доста работа и тие....
 
Со оглед дека натпреварот реално нема никакво значење за нас во однос на пласман потајно се надевам дека Обрван ќе "ризикува" и ќе игра со Кузмановски, што заедно со опуштеноста ќе ни овозможи да не се самоуништиме и ќе ја победиме Норвешка.
 
Ако сакаме позитивен резултат, прва и најосновна работа е дека и после даден наш гол, мора сите да шпринтаат назад, нема време за прославување на гол. Друга работа, ќе мора да ги намалиме измените напад-одбрана. Тоа подразбира минути за Кузмановски а не за Номче или Вилипче. Исто така во полувремето каде ќе сме поодалечени од нашата клупа и Кире да игра одбрана (освен нормално ако нема некој прекин за да се смени). Трета работа, да се намалат техничките грешки на минимум, оти маме ќе ни расплачат од контри и полуконтри. Во позиционен напад кога се браниме, мислам дека треба да играме 5-1. Како што кажа Коњаникот, Норвежаните ретко играат на пикер, а битен им е протокот на топка што најлесно се запира со таков вид на одбрана. И најбитно, "Министерот за одбрана"(што патем, кога коментаторите ќе го речат ми иди телевизорот да го скршам :D) КОНЕЧНО да има ден, пошто после Полска нема топка фатено. :D
ако ова се оствари со малку среќа ќе добиеме,ако се игра како досега 5-6 разлика не ни гинат.........премногу е очигледно
 
Magdicev is Back on TV,he is back:vozbud:
 
Глуп распоред. Последна утакмица пред 4 дена ни беше, заборавив дека играме на првенството.
Исто и јас. Што да очекувам? Не знам, нашиве не се ни да очекуваш пораз од 5+ ниту пакс скроз да ги отпишеш. Барем да се држиме првото полувреме, по можност да водиме, за да биде интересно второто. Ако губат до 45 мин, со 4-5 разлика, јас им давам изин да не се замараат веќе, нека си тепа Норвешка, луѓето им зависи за 1/2, заслужуваат. (y) Ние секако си остануваме во просекот, како и секогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom