Денес на неколку наврати низ интернетов го видов канадскиот премиер Џастин Трудо, во видео во кое се објаснува околу феминизмот(во прилог и линк од истото).
https://www.facebook.com/ajplusenglish/videos/674124782729032/?pnref=story
Е сега, вака паушално, симпатичен е, и луѓе се палат на тоа што го зборува. Арно ама, суштински анализирано, сето тоа што го зборува е површна критика.Флоскула. Како и сите останати самопрогласени (квази)феминист(к)и. Кој ми е проблемот? - Проблемот е што очекувам кога ќе кажеш дека си феминист(к)а, да го објасниш и системот на вредности кој те натерал така да се декларираш. Не ми е доволна твојата желба за полова рамноправност. Зошто? - Оти феминизмот со себе провлекува и други проблематики.
Да почнам со ред.
Феминизам = рамноправност меѓу мажот и жената.
Живееме во патријархално општество, иако ептен љубиме да пропагираме современи конјугивни форми на заедништво.(Посебно т.н современа брачна заедница)
Кој е проблемот на жената(и мажот) со патријархалното општество? Сексуалната, материјалната и социолошката доминација, која произлегува од хиерархијата на тие односи. Жената е потчинета на мажот, а мажот на нормите кои произлегуваат од патријархатот. Значи, во крајна инстанца, патријархатот не само што е деструктивен, туку и самодеструктивен.
Дури и хипотетички да ја отфрлиме тезата дека живееме во патријархално општество, во секој случај еден ентитет ќе има доминација над друг, само што сега доминацијата и подреденоста не би произлегувале од патријархатот, туку од улогата на државата, или од улогата на економската формација(капитализмот) итн. АКО ти сакаш рамноправност, тогаш логички е да се спротиставуваш на сите односи на моќ, а тука спаѓа државата, Црквата, капитализмот, итн. Значи, ќе ја презираш институцијата држава, ќе ја презираш институцијата Црква(или Џамија), ќе ја презираш институцијата брак. Мислам, не мораш ти ништо, ама тогаш си лицемер, а твојата борба е површна и лажна.
Затоа ми е малце сумливо кога женет државен функционер ќе излезе и ќе пропагира феминизам.