Многу глупости тропаш дете. Еве се воздржувам неколку дена, затоа што веднаш ќе скокнат дека сум пристрастна, а не сум, зашто ме заболе за Србија, ама поголема глупост од ова неможеше да треснеш.
Прво и основно, бевме во заедничка држава многу долго време, и нормално е народите во истата држава во тие години да се мешале, мажеле/женеле, селеле по другите држави. Знаеш ли колку воени лица од Македонија имале прекоманда таму-ваму низ СФРЈ па таму се ожениле и останале, или ја довеле жената кај себе. Еден куп роднински, национални и државни допирни точки имаме со сите екс ју народи, колку и да не ти се допаѓа тоа.
Ти стварно мислиш дека сме изолирани сето ова време на постоење во нашите граници и не сме мрднале никако надвор.
Колку само имало низ историјата мешање со Турци, остај ти Македонска крвава свадба, не биле сите непокорни. Којзнае колку мешани деца се родиле. Колку жените биле силувани тогаш само од тоа тргни.
Ти уште се надеваш на чиста Александрова крв. Жал ми е, реалноста е друга. Сме се мешале и со Турците, и со Србите, и со Хрватите итд.
Еве јас сум по бабина линија мешана, мојата баба е Хрватка од Босна, католик, како дете дојдена во Македонија, за времето на Југославија. По останатата линија сите се Македонци. Моментално живеам во Босна, има и овде Македонци кои се ожениле/омажиле на времето и останале, учествувале и во војната сега имаат и воен додаток и многу од нив добија станови како ратни инвалиди, без разлика што се Македонци. Јас само ти доловувам примери колку многу сме измешани и колку многу имаме допирни точки, не само со Србија која ни е прв сосед, него и со останатите подалечни екс ју држави.
Па сега во поново време колку има само Македонки што се мажат за браќа, и колку невести од Пустец низ Македонија има. Ти се чудиш како некој може за Партизан и Ѕвезда да навива а е од Македонија, а огромен период сме биле една држава, во која луѓето слободно се селеле, работеле, шетале, се женеле и мажеле со кој сакаат.