FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Κој ќе биде следниот филм? да го пуштам да се симнува

Sent from my LG-E440 using Tapatalk
 
А може и да се скрати роков ја мислам, или на 1 недела или 10 дена на пример.
Пошто обично филмот се гледа во првите 2-3 дена или ич не се гледа.
Не, зашто не гледаат сите секојдневно филмови. Доволни се 26 филма годишно во клубот, зашто не може да стигне секој да гледа толку многу (лани, на пример, немаше многумина кои успеаја да ја достигнат бројката од 100 филма, а ако направиме во клубот да се 52, им остануваат помалку од 50 други на повеќемината тука, а има еден куп нови кои треба да бидат изгледани). Плус, сега е зима, сите се по дома и повеќе се гледаат филмови. Што правиме в лето?
За тие ко мене и тебе кои гледаат повеќе, ете им дополнителен предизвик - 5X темата, имаш уште 5 филма месечно, а ти ни еден од нив уште не си изгледал. ;)
 
Не, зашто не гледаат сите секојдневно филмови. Доволни се 26 филма годишно во клубот, зашто не може да стигне секој да гледа толку многу (лани, на пример, немаше многумина кои успеаја да ја достигнат бројката од 100 филма, а ако направиме во клубот да се 52, им остануваат помалку од 50 други на повеќемината тука, а има еден куп нови кои треба да бидат изгледани). Плус, сега е зима, сите се по дома и повеќе се гледаат филмови. Што правиме в лето?
За тие ко мене и тебе кои гледаат повеќе, ете им дополнителен предизвик - 5X темата, имаш уште 5 филма месечно, а ти ни еден од нив уште не си изгледал. ;)
Ај нека биде така, сам некако многу споро ми иде :D
Ја глеам листата сеа, од 29 пријавени членови само пола од тие ги глеаме филмовиве и повеќето ако не и сите овие први 2 филма сме ги изгледале во првите 2-3-4 дена од кога е зададен филмот. Нема врска.

А тој другиот предизвик не го пратам, не ми се свиѓа.
 
Ај последна да пишам нешто за филмов :D
Филмов го глеав на два пати.. прво пред неколку дена изглеав 40 мин и го угасив зашо страшно досаден и монотон ми беше и конечно вчера се решив да го догледам. Не ми се свиѓаше. Се согласувам со некои дека тоа не беше љубов туку болна опсесија од страна на Томек. Само заради ликот на Марга му давам 6ка на филмов, добро беше прикажано чувството на осаменост преку нејзините непромислени постапки како излагање на дејт со овој, место да го пријави у полиција како секоја друга жена.. и годеше да знае дека има некој што ја гледа со други очи и ја идеализира.
Кај си бев параноик филмов уште поголем ме напраи со оглед на тоа што има зграда одма карши мојата :confused:
 
Го изгледав и јас конечно, таман го фатив дедлајнот. :D


Ме мрзи да пишувам искрено, а и се е кажано наназад. Ќе се сложам дека осаменоста е покажана подобро од љубовта. Исто ова е повеќе опсесија него љубов, не сака да ја бакне да го ебам, каде е таа љубов? :) За однесувањето, буквално манијакално. Како филм е ептен бавен, ама ми го задржи вниманието, да видам што ќе се случи после. :D

7мица од мене, исто како и првиот.
 
А јас таман сакав да пишам дека се согласувам со идејата на @Џонтра Волта да се скрати времево, стварно е многу долго. Пола период е мртва темава.
7 да речеме кратко, 10 таман.
триесшефче филмче годишно шо не е ногу
 
Последно уредено:
А јас таман сакав да пишам дека се согласувам со идеата на @Џонтра Волта да се скрати времево, стварно е многу долго. Пола период е мртва темава.
7 да речеме кратко, 10 таман.
триесшефче филмче годишно шо не е ногу
А и тој што ќе нема време у дадениот период да го изгледа филмот, никој не може да му забрани да го изгледа друг пат. :toe:
 
Првиот пат кога го изгледав ми остави подобар впечаток, сега кога го репризирав некако потапа ми беше.
Никако не го опрвадувам Томек, но го разбирам зошто го правеше сето тоа. Нема пријатели освен тетката со која живее, сирак, животот му е куча-посо, типичен форевер алоунер. Магда не ја ни познава, а се затрескува наивно и површно во неа, ја става на некаков си пиедестал и ја идеализира. Ја манијачи бидејќи не знае како да и пристапи, што се должи на неговото немање контакт со луѓето и надворешниот свет. Исто така и самодовербата му е на ниско ниво. Кога дојде во контакт со неа се упрпа ко путенце некое. Оваа виде дека нема да и наштети и почна да и годи тоа што некој ја возвишува и ја идеализира па си поигра со него. Да не постапеше така, не верувам дека ќе сечеше вени Томек, ќе го удреше реалноста во глава кога ќе му ставеа забрана за приближување.

Според мене филмот одлично ја прикажува осаменоста и на што се е спремен да направи човек за да се спаси од неа. Колку што е Томек no-lifer и осамен, ништо не е поарна ни Магда, која навидум има побурен живот.

---------------------
All about Eve - 7
A short film about love - 7.5
 
Помалку успешен вториов од првиот, дури осуммина членови на клубот не го гледале / се немаат изјаснето дали го гледале. Но од друга страна пак, имавме поразновидни гледишта отколку за првиот и имаше повеќе дискусија. Сега одиме на трета мајка!

The Intouchables , предлог на нашиот драг колега @Spiegel . Се надевам на поголема активност овојпат.

Листата update-увана: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

@wot , смени наслов, please: Film Club 2016 (The Intouchables: 25.01-07.02)

@Хоуп - побара да те ping-неме.

@Вокерка - зошто и официјално не ни се придружиш? :P
 
Уше пред да го гледам повторно ќе кажам 10/10. Во топ 5 филмови ми е.
 
Одлично, ми дреме цела година на watchlist никако да го изгледам. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom