Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дали можеме да го наречеме легенда?

Според мене не. Мое мислење е дека Тео никогаш нема достигнато ниво на класа играч за да може толку да придонесе на тимот за да биде легенда.
 
Не мора да е класа за да е легенда. Шо да не сите легенди низ клубовите биле класа играчи?
 
Не мора да е класа за да е легенда. Шо да не сите легенди низ клубовите биле класа играчи?

Може и да не мора ама мое мислење е дека е мора. Затоа јас не би му дал статус на легенда на Тео пошто некако не го осеќам како легенда не знам како на друг начин да објаснам.
 
Ако единствен услов за станување легенда на Арсенал е светска класа значи дека Алексис и Озил се легенди на Арсенал ?
Не може да кажете дека само светска класа е услов за легенда.
За мене секој што ја поминал целата кариера во клубот и се посветил на клубот е легенда.

Него некој заинтересиран за недела да се собереме заедно да глеаме ? :D
 
Сакаш да кажеш дека ако Диаби се пензионираше во Арсенал ќе беше легенда? Значи не ме сфаќај погрешно ама јас не би го „фрлал“ зборот легенда така лесно. Според мене да бидеш легенда треба да имаш многу придонесено на тимот и многу корки леб изедено.

Еве спомнавме дека бил легенда пошто 10 години бил во Арсенал веќе. Ако се гледат годините тогаш Диаби има поголем стаж во Арсенал отколку Кралот Тиери.

Нека се покаже како што треба Тео и уште малку повеќе срце да покаже не да се мршти кога му прават замена и дај Боже и тој да биде легенда ама засега пак ќе кажам по мое не би му дал таков статус.
 
За да те сметаат за легенда, покрај тоа што треба да си добар играч, да имаш подолго време поминато во клубот, најважно е да имаш направено нешто специјално, нешто посебно за клубот.
Е тој играч според мене е легенда.:)
 
Сакаш да кажеш дека ако Диаби се пензионираше во Арсенал ќе беше легенда? Значи не ме сфаќај погрешно ама јас не би го „фрлал“ зборот легенда така лесно. Според мене да бидеш легенда треба да имаш многу придонесено на тимот и многу корки леб изедено.

Еве спомнавме дека бил легенда пошто 10 години бил во Арсенал веќе. Ако се гледат годините тогаш Диаби има поголем стаж во Арсенал отколку Кралот Тиери.

Нека се покаже како што треба Тео и уште малку повеќе срце да покаже не да се мршти кога му прават замена и дај Боже и тој да биде легенда ама засега пак ќе кажам по мое не би му дал таков статус.
Не е истo Дијaби и Вoлкoт зoштo Вoлкoт зa рaзликa oд Дијaби игрa фудбaл. Oкеј дa требa дa нaпрaвиш нештo зa клубoт aмa требa и дa имaш стaж у клубoт, тoa ми беше мене пoентaтa декa е дoстa битен и стaжoт, a не сaмo дaли си вoрлд клaс или не.
Јa Вoлкoт нигде не рекoв дaли е или не е легендa, у мoментoв уште не е зoштo имa 26 гoдини и уште бaрем 3 дoбри сезoни пред негo. Ќе видиме зa тие 3 сезoни штo ќе нaпрaви aмa aкo игрa дoбрo зa мене ќе биде чoвек штo oстaвил трaгa вo Арсенaл, мoже немa дa гo имa стaтусoт нa Анри aмa јa не би гo сметaл кaкo игрaч кoј не требa дa се пaмти.
У секoј случaј Вoлкoт е мнoгу дoбaр игрaч (мислaм декa е срaмoтa дa речеме декa не е дoбaр) и сигурнo у текoт нa кaриерaтa имaл пoнуди oд клубoви кoи биле у пoдoбрa пoзицијa зa трoфеи aмa решил кaј нaс дa oстaне, зa рaзликa oд рвп или фaбрегaс или нaсри. И шo aкo тие мoже биле пoдoбри игрaчи oд Вoлкoт кoa испaднaле ѓубрињa.
Вoлкoт сигурнo би гo стaвил нa нивo пoвисoкo oд oвие пoследниве.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Да освои некој поголем трофеј би го сместил во легенда, сепак важен фактор е и тоа. Реј Парлоу ни е легенда :), што значи дека не е се до квалитетот, туку и до самото залагање на играчот и пожртуваноста додека игра за клубот, го памтат тоа навивачите.
 
Деценија во ист клуб на високо ниво е достигнување за почит, но ако биде во конкуренција со еден куп имиња кои што оставиле белег во историјата на клубот може но не мора да значи да е доволно да влезе во истиот кош со другите легенди. Зборам генерално, не сакам да испадне дека го омаловажувам Волкот или било кој.

Има многу критериуми за еден играч да биде легенда, барем во мои очи, пак генерално зборам.
- Еден критериум е да има доволно голем број на натпревари за клубот со кој може да влезе во потесно множество на играчи по највеќе одиграни натпревари, пример во топ5, топ10 па и топ20 рецимо во зависност од конкуренцијата.
- Друг критериум е успехот. Дошол типот во клубот и за три-четири години пример го предводил тимот до успеси и освоил се што може да се освои. Секако дека ќе е легенда во мои очи.
- Трет критериум се рекордите како постигнати голови/асистенции и некои други такви побидни статистики.
- И четврт критериум кој јас лично највеќе го сакам е белегот на играчот што го оставил во клубот. Сега случајно или не, ова најчесто се надоврзува со некој од претходниве критериуми но не мора да значи. (Пример легенда кој оставил белег може да биде и играч кој што во тежок период за клубот направил нешто со кое позитивно би се сменила траекторијата по која се движи клубот - дал гол за опстанок/титула, играње за џабе да му помогни на клубот во финансиска криза и некои други вакви гестови).

Ај доста беше, бајаги се распишав... извинете за упадот. :D
 
Сигурен сум дека ако ја освоиме ПЛ годинава за едно десетина години ќе се спомнува и неговото име дека придонесол за да се оствари тоа. Со самото спомнување на неговото име станува вид на легенда, нормално ако не постапи како РвП, Насри, Фабрегас и остали предавници и во случај да замине да не избере конкурент.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom