Au da me ubies nemase da pomislam deka ke ti naprai 5/5 kejf Mad Max.
Nogu jak film, ama realno ne e za vo trka za oskar.
Dzirni snimanje, da go cenis uste poise.
https://www.youtube.com/watch?v=U9kK-CbqH0k
Inaku Room okej e screenerot?
Јас најмалку сакам акции и вестерни од филмските жанрови, всушност. Не се сеќавам на некоја акција која ми направила мерак, искрено. Морам да пробуричкам низ изгледаните филмови за да видам дали има некој таков. За овој, искрено, ни јас не се надевав. Цело време го одложував баш затоа што не сакам акции. Пред две-три недели почнав да го гледам, но по 10 минути од филмот морав да го исклучам зашто малиот го виде, се исплаши од еден од ликовите и не можев да го смирам. Денес искористив прилика додека спиеше, и искрено се изненадив. Не само од ефектите, приказната, сценографијата, туку и некои моменти ептен емотивно ги доживеав, а не можам ни сам да си објаснам зошто.
За сега Room можеби ми е во благо водство пред Revenant, ама само заради изненадувањето кое го предизвика кај мене - од него па ептен не очекував да остави таков впечаток врз мене и да истури толку многу емоции. Ама се надевам дека ќе успеам да го гледам Revenant во кино, што може и ќе промени многу.
Од скринерите, реално само за Carol беше ептен катастрофа (btw, уште се чудам како Carol не доби номинација за најдобар филм покрај петте други), другите можат да пројдат, ако гледаш на помал екран. плус, драма/трилер е, нема ефекти и сценографија за која е неопходно филмско платно, ама, ти си знаеш.[DOUBLEPOST=1453233213][/DOUBLEPOST]
Запознаени се сите со Мед Мекс светот, јасно е овој дека е осамен воин, по мене непотребно ќе беше поопширно објаснуење, доста беа флешбековите... Си знаеше филмов точно шо сака да биде, од почеток до крај јака акција, адреналин, кинематографија, саундтрак, плус нешо шо е многу тешко во акциони филмови, да те натера да се грижиш за ликовите, поготово Шарлиз Терон... За мене без дилеми комплетна акција, а и акциите се филмови
Функционираше одлично и кај човек како мене, кој нема познавање од Mad Max светот. Јас воопшто немав проблем со приказната, а реков дека ме изненади позитивно факторот - емоции кој ретко може да се види во ваков филм. Одличен, одличен.