Имам неколку прашања:
- Дали печка на пелети која воедно ќе е и котел за парно а ќе стои во дневна, покрај затоплувањето на водата за радијаторите, емитува и топлина то ест служи како грејно тело кај што ќе стои и дали во овој случај имаат вентилатор?
Гледам по странство ги избегнуваат печките на пелети, наводно расфрлаат прашина по домот, но тоа се некои други видови на печки, не како овие што се продаваат тука...?
Едно е печка на пелети, а друго е котел на пелети.
Печката е помала и не може да се поврзува со радијаторите, а котелот е поголем и може да се поврзува со радијаторите.
И без разлика дали се користи печка или котел, секако дека ќе ја грее просторијата во која ќе биде сместен(а), а вентилатор воопшто нема да ти биде потребен, баш напротив - порано или подоцна ќе отвориш прозорец за да ја разладиш просторијата доколку печката/котелот работи повеќе од 3 часа, бидејќи ќе ја загрее просторијата во која се наоѓа без никакво дополнително тело за побрза дистрибуција на топлината.
Не знам за печките дали создаваат премногу прашина, но за котлите можам да ти потврдам дека бараат редовно чистење, барем еднаш до два пати во неделата.
Во зависност од тоа каква печка/каков котел ќе купиш, чистењето може да биде полесно или потешко.
Не знам за печките, но за котлите знам дека кај поновите котли на пелети, има вграден механизам со четки за одвнатре да се чисти котелот, но многу поважна е внатрешната железна фиока која ја собира внатрешната пепел.
Печката/Котелот има свој пепелник, или свои пепелници - некои доаѓаат со еден пепелник, а некои со еден помал и еден поголем пепелник - но сепак целата пепел не останува во пепелникот/пепелниците, ова особено важи кај котлите на пелети, кои доаѓаат со внатрешни тунелни цевки за побрза и полесна дистрибуција на топлинската енергија од котелот до пумпата која ја врти топлата вода која ги грее радијаторите.
За жал, кај котлите, освен топлинската енергија, низ истите тие тунелни цевки поминува и чадот кој потоа излегува низ издувната цевка. Со текот на месеците, истиот тој чад наталожува пепел под тунелните цевки, која делумно излегува низ издувната цевка, но за жал, добар дел од пепелта останува под тие тунелни цевки и со текот на месеците се наталожува и прашање на време е кога ќе го задуши котелот, поради што котелот ќе почне да испушта чад во просторијата во која е сместен, наместо да го испушта чадот надвор низ издувната цевка.
Кај новите котли овој проблем е решен со вградени четки за прочистување на тунелните цевки, а најдоле под цевките има железна фиока во која се собира пепелта од чадот која може да се извади и да се истури пепелта која се наталожила со текот на месеците, со што чистењето е олеснато за речиси 90%, бидејќи алтернатива на ваквото чистење - а за жал истовремено е и стандардна пракса кај постарите котли - е сам да го отвориш котелот и да ги чистиш тунелните цевки со правосмукалка еднаш годишно, а тоа е оџачарско искуство кое се прави еднаш во годината и воопшто не е задоволително искуство.