Греење со пелети

Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
Уште еднаш благодарам!

Се работи за куќа од околу 90 квадрата со претензии да се догради поткровје или да се прошири за уште едно 30-40 квадрати истиот спрат. 43-те квадрати се дневниот простор каде и планирам да стои котелот, каде е и касетата со разделникот. Затоа и првично прашав дали котлите на пелети (не печките) емитираат топлина како грејно тело пошто во тие 43 квадрата само за еден радијатор имам оставено инсталација во кошуљицата... Но добив одговор дека котлите сепак се грејно тело, емитираат топлина што е ептен ок.

Алфа плам или МБС вчера гледав, едниот сум сигурен дека има железна фиока како пепелник.

Ајде да доразјасниме некои дилеми, како за мене така и за сите...
1. Да се купи МБС 18kw котел кој е за до 120-130 квадрата ако не се лажам, и да речеме грееш момнтално не повеќе од 70 квадрата. Минималната потрошувачка е 1,2кг на час, максималната 4,5кг на саат (мислам така беше?) (кај Алфа плам Комо 15,5kw - 1,7кг на час со макс 5,05кг на час), дали ако загреваш 70 квадрата или помалку, ќе троши помалку од 1,2/1,7кг на саат?
2. Му треба струја пола киловат. За што му е потребна, за вентилаторот, за да ги пали пелетите, константно троши пола киловат на саат или друго е работава?
3. По видеата слушам ствараат бучава. Дали тоа вентилаторот или самиот котел е на некој начин бучен? Колку бучен и од која причина? Споредено со бучавата од клима дома?
4. Дали и зошто од добар избор ги исклучуваш МБС?
Не знам за кои МБС зборуваш, единствените МБС кои јас ги познавам, се Македонски Бизнис Системи, компанија која се занимава со информатичка технологија, а не со системи за греење. :D

Единствената компанија за која ти реков да ја отпишеш од самиот почеток, е охридски Милкуз, за кои ти спомнав зошто да ги отпишеш - затоа што нивните котли не доаѓаат со вграден механизам за чистење, ниту доаѓаат со внатрешна железна фиока.

Струјата која ја троши котелот е наменета за грејачот кој ги загрева пелетите до температура на запалување, а тука настапува внатрешниот вентилатор кој постојано внесува воздух од надвор за да предизвика и одржува пламен. Откако ќе настане пламенот, грејачот се исклучува, а вентилаторот останува вклучен цело време додека сакаш да гори огнот, или додека не ја достигне посакуваната температура на водата во радијаторите, по што постепено го гаси огнот се додека не се намали температурата на водата во радијаторите, а во таков случај, повторно се вклучува грејачот за повторно да запали оган - освен ако рачно го исклучиш котелот на копче за да престане со греењето.

Покрај внатрешниот вентилатор кој постојано внесува воздух од надвор за да предизвика и одржува пламен, друга компонента која работи цело време, е пумпата која ја врти водата низ радијаторите.

Пумпата вообичаено останува вклучена и после исклучувањето на котелот, но се исклучува автоматски откако температурата на водата ќе се намали.

Пумпата исто така се вклучува автоматски за да ја врти водата низ радијаторите доколку нејзината температура се намали помеѓу 0 и 5 степени Целзиусови дури и ако котелот е исклучен, поради безбедносни причини - за да во случај на екстремно ниски зимски температури не пукнат цевките кои ја дистрибуираат топлата вода до радијаторите. На мене лично ова не ми се има случено бидејќи живеам во станбена зграда на кат, поради што многу се мали шансите температурата на водата да достигне толку ниски вредности во зима.

Единствената бучава - ако може така да се нарече, бидејќи сепак не е премногу гласен котелот - се случува при вклучувањето на котелот, а трае само 5 до 10 секунди, а единствените компоненти кои произведуваат звуци се компонентите кои цело време работат - внатрешниот вентилатор и пумпата, а на мене лично воопшто не ми делуваат премногу гласни.

Кога сме кај потрошувачката, навистина не знам колку трошат другите котли, за мојот котел на 12 киловати можам да ти кажам дека една вреќа од 15 килограми ја троши за 1 ипол ден - во зависност од тоа колку време е вклучен котелот, ако работи 6 до 8 часа, ќе потроши 2 третини, односно 66% денес, а третата третина, односно останатите 34% од вреќата, ќе ги потроши утре. После зимските месеци - ноември, декември, јануари, февруари, па и март, доколку сеуште е ладно и има потреба од греење во април и мај, бидејќи многу пократко време го користам котелот, троши една вреќа на 2 дена, а понекогаш и на 2 ипол дена. Но доколку е многу студено - како што беше минатата недела, кога го оставив да работи и 10 до 12 часа без прекин, ќе ја потроши целата вреќа за еден ден.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
MBS - Milan Blagojevic Smederevo...

Го имаш каталогот на МБС, зирни го. Инаку ме интересира колку (тони) пелети трошиш за една сезона и колку квадрати грееш.
Дали имаш добра изолација (стиропор, ПВЦ прозори...) ?
Од каде ги набавуваш пелетите и кои според тебе се најдобри (ако си пробал повеќе врсти).

Среќни празници на сите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
MBS - Milan Blagojevic Smederevo...

Го имаш каталогот на МБС, зирни го. Инаку ме интересира колку (тони) пелети трошиш за една сезона и колку квадрати грееш.
Дали имаш добра изолација (стиропор, ПВЦ прозори...) ?
Од каде ги набавуваш пелетите и кои според тебе се најдобри (ако си пробал повеќе врсти).

Среќни празници на сите.
Добро делува моделот MBS Thermo Pellet, доколку ја прошируваш куќата, би требало да ти заврши работа истиот тој модел со моќност од 18 киловати.

За жал, зградата во која живеам е стара и фасадата не е обновена од кога зградата е изградена, поради што немам изолација со стиропор, но имам - и тоа токму од оваа зима - изолација со ПВЦ прозори и секако дека има разлика - станот останува топол подолго време откако ќе го исклучам котелот, а не е воопшто мал - 4 собен стан од 80 метри квадратни.

Во просек котелот троши помеѓу 1 ипол и 2 тона во една грејна сезона, не знам точно од кои фирми моите ги нарачуваат пелетите, но знам дека сите се српски. Еднаш имавме исклучок и нарачавме австриски или германски Holzpellet или Holzpellets, не забележав некоја огромна разлика во потрошувачката.

Вообичаено користиме Forest Enterprises - кои се од српски Алфаплам, или Bio Energy Point, а оваа зима користиме Eco Wood.

Еве ги веб сајтовите на фирмите.

http://www.forestalfaplam.com/

http://www.bioenergy-point.rs/sr/pocetna

http://www.eco-wood.rs/

Немој да ме држиш за збор, но мислам дека барем еднаш имаме нарачувано српски пелети од оваа македонска фирма Алпин Пелет.

http://www.alpinpelet.com.mk/

Како и да е, во основа тие се српските производители на пелети, чии што пелети се продаваат во Македонија, а за кои сум сигурен дека и овие од Алпин Пелет ги увезуваат и ги продаваат во Македонија. Едни се од буково дрво, други се од дабово дрво, јас лично не забележувам некоја сериозна разлика, бидејќи на крајот од денот повторно потрошувачката е истата како што спомнав претходно. Единствено што е за пофалба, е помалата количина на пепел која останува - во зависност од тоа кој бренд ќе го одбереш, за ова можам да ги пофалам Forest Enterprises и Bio Energy Point, овие Eco Wood за прв пат ги користам оваа грејна сезона, па сеуште е прерано да дадам оценка.

Без разлика од каде ќе нарачуваш пелети, држи се настрана од македонските пелети, барем од оние кои ги произведуваат во Прилеп, бидејќи не се чисти, има остатоци од дрвца во нив, кои без разлика колку се мали, сепак се доволно тврди за да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот во котелот, а доколку спиралата заглави, тогаш котелот е буквално бескорисен, ќе мораш да чекаш да дојде сервисер за да ја одглави спиралата, а до тогаш ќе мораш да се грееш преку алтернативен извор на топлинска енергија - или да го трпиш ладното време, не дај Боже !!!
 
Член од
9 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Поплаки и од Алфа плам котлите, поплаки и од сите котли...

Засега многу малку позитивни реакции за греењето на пелети. Чистење почесто и покомплицирано од дрвен шпорет, за поновите со четки допрва ќе видиме...

Тоа што е скапо за греење е башка муабет.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.528
Ќе се жалат кога нити се инсталирани како што треба, нити штеловани како што треба , а ако се тука правени не се ни направени како што треба.
Работата видовме не разбравме.
Спиралата може да заглави и од нормални пелети, најчесто од влажни. Но тоа и не е проблем со промена на друг тип на пелети( се мисли на заглавувањето). Друг тип на пелети има друга калорична моќ, остава повеќе или помалце пепел во горилникот итн итн. Со други зборови ако другиот тип на пелети драстично се разликуваат по состав, калорична вредност и остатоци од пепел од пелетите на кои ви е штелован котелот,печката тогаш таа нема да ви работи како што треба или барем како што ви работела со претходните. И ете ти беља.
 
Последно уредено:
Член од
10 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
38
Ме интересира дали ако купам печка ecospar minima 10 kw може да стопли простор од 60 квадрати.Ја читав спецификацијата ама не ми е баш верно пишува дека е до 100 квадрати.И дали ако таа печка ја користам ке троши минимално пелети затоа што е предвидена за поголема површина.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.528
Ме интересира дали ако купам печка ecospar minima 10 kw може да стопли простор од 60 квадрати.Ја читав спецификацијата ама не ми е баш верно пишува дека е до 100 квадрати.И дали ако таа печка ја користам ке троши минимално пелети затоа што е предвидена за поголема површина.
Теоретски би требала, практично чисто се сомневам. Ај убаво што пиши дека е 10 кв, ама дали е стварно толку. Кој измерил, кој потврдил? За потрошувачка многу битно е што пелети, изолација, штеловање итн итн. Има многу тука непознати во равенката.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
Ме интересира дали ако купам печка ecospar minima 10 kw може да стопли простор од 60 квадрати.Ја читав спецификацијата ама не ми е баш верно пишува дека е до 100 квадрати.И дали ако таа печка ја користам ке троши минимално пелети затоа што е предвидена за поголема површина.
Верувај им на тоа што го пишува, бидејќи истото ќе го прочиташ и на веб сајтовите на другите производители - и македонски и странски.

Јас имам котел на пелети од 12 киловати и истиот ми затоплува 4 собен стан од 80 и нешто квадрати.

Печка од 10 киловати би требало да биде одлично решение за стан од 60 квадрати, за куќа не знам, зависи од местоположбата на печката.
 
Член од
10 јануари 2016
Мислења
43
Поени од реакции
38
Теоретски би требала, практично чисто се сомневам. Ај убаво што пиши дека е 10 кв, ама дали е стварно толку. Кој измерил, кој потврдил? За потрошувачка многу битно е што пелети, изолација, штеловање итн итн. Има многу тука непознати во равенката.[/quo
Јас во моментов се греам на котел Алфа плам централ 23кв.Температура на водата 45 степени и 25 степени во собите.А вчера ме убедуваа во ројал лај што ги продаваат котлите на еко шпар дека ке ги задоволат потребите.Анма секој сака да продаде нели.
[DOUBLEPOST=1452465452][/DOUBLEPOST]Колку пелети трошиш дневно?
Колку степени? И
Колку саати.
Верувај им на тоа што го пишува, бидејќи истото ќе го прочиташ и на веб сајтовите на другите производители - и македонски и странски.

Јас имам котел на пелети од 12 киловати и истиот ми затоплува 4 собен стан од 80 и нешто квадрати.

Печка од 10 киловати би требало да биде одлично решение за стан од 60 квадрати, за куќа не знам, зависи од местоположбата на печката.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
Колку пелети трошиш дневно?
Колку степени? И
Колку саати.
Со температура на водата во радијаторите наместена на 50 степени Целзиусови, за 10 до 12 часа троши една вреќа од 15 килограми.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Со температура на водата во радијаторите наместена на 50 степени Целзиусови, за 10 до 12 часа троши една вреќа од 15 килограми.
Кај мене 200m2 грееме со вреќа на ден и 67 степени вода, Еко спар 25kw
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
Кај мене 200m2 грееме со вреќа на ден и 67 степени вода, Еко спар 25kw
Е мојот котел е од Милкуз - кои не им ги препорачувам ни на најголемите душмани.

Но можеби има некои подесувања кои треба да се наместат, јас до толку и не сум запознаен со конфигурирањето.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Е мојот котел е од Милкуз - кои не им ги препорачувам ни на најголемите душмани.

Но можеби има некои подесувања кои треба да се наместат, јас до толку и не сум запознаен со конфигурирањето.
Многу зависи и од сезона на сезона прочистувањето на самиот котел, бидејќи на горниот дел има делови каде вентилаторот не може да ја собере како што треба чадта при палењето и филтрирањето и се насобира при целата година наслага. Така е барем кај мене, се отвара горниот дел се прочистува и си шиба без мака пак. Прочитав дали ги има само прочистувачки четки нема, но го има долниот дел за пепел, кој се полни во завнисност и самиот знаеш од квалитетот на пелетите колку % согоруваат.

Презадоволен во секој поглед.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.528
[DOUBLEPOST=1452465452][/DOUBLEPOST]Колку пелети трошиш дневно?
Колку степени? И
Колку саати.
Не трошам ич пошто немам печка на пелети нити планирам да имам.
Дома претежно ми е од 24-26 но тоа не ти менва многу многу.
Инаку им бев техничка поддршка ( сервис , штеловање такви работи) и затоа сум запознаен со проблематиката. Ама тоа пред три четири години мада не вервам дека нешто посебно се има променето.
И кога читаш вака искуства прашај прво каде живее. Едно е Струмица , Гевгелија, друго е Скопје а трето Берово, Битола. Тој во Струмица нема да потроши ни пола вреќа кога тој во Битола веќе ја троши втората за иста внатрешна температура пошто надворешната се разликува за 20 степени.
За потрошувачка мислам дека треба да има во спецификациите каде треба да е наведена максимална и минимална потрошувачка во кг на сат. Значи кога печката ја достигнала посакуваната температура на собата преминува во еко мод и тогаш значи дека работи со минимална потрошувачка. Према тоа ке знаеш колку ке ти потроши минимум за колку сати. Претежно котлите имаат опција да се изгаснат кога ке достигнат зададена температура но печките кои работат на принцип воздух воздух немаат таква опција во програматорот( барем немаа тогаш). Од искуство една печка од 8кв во просек ке ти потроши една вреќа од 15 кг на ден ( значи од сабајле до вечер). Или со други зборови и да е надвор +30 степени а сакаш дома да ти биди + 25 пак минимално ке ти потроши толку за еден ден. Значи помалце не, за повеќе сигурно пошто толку ке и треба само за да го одржува пламенот за да не изгасни. Е сега некој ако ја работи неколку сати нормално дека ке потроши пола вреќа, четвртина, осмина итн итн.
Јас имам толку да кажам, потаму секој со свој ум.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
Може ли кај нас да се набави само горилник(бренер) од ваков тип како на слика/видео?


 

Kajgana Shop

На врв Bottom