Подолго време ја следам темата, но не сум учествувал активно на истата. Процедурата за вадење БГ документи ја започнав во Јануари 2014год. и на 4-ти Декември 2015год. ми беше разгледана молбата и се чекаше потпис од Вицепрезидент.
На старата страна за проверка си стои уште тој статус, а на новата веќе се појави статутусот:
*Молбата Ви е уважена. Вашата преписка е вклјучена в Указ 207 от 2015 год. Можете да резервирате час, за да получите удостоверението си лично. Можете да направите нова резервација само ако сте пропуснали п'рвата резервација.*
Сакам да кажам дека иако нема нови протоколи, почнати се со работа и мислам дека веќе сите треба да проверуваат на новата страна и да очекуваат промени. (на старата страна најверојатно не прават повеќе update)