Жално за оваа „фамилија„ која срцата и здравјето ги остави за ова мочано Мзт. Жално за дечките кои живеат за Мзт, кои и во победа и пораз се со него. Таа страст која ја има на трибините на Мзт, можам да кажам дека ја нема на ниедно друго место во Македонијава. Жално е да се видат лицата на оние кои знаат дека Мзт нема тим за високи дострели, а сеуште веруваат во чуда. Жално е за старите генерации навивачи кои доживеале некои убави моменти со Мзт, но и многу многу полоши, а сеуште не ја изгубиле вербата и страста. Уште пожално е за младите генерации кои доаѓаат со надеж дека и тие ке го доживеат она што го доживеале постарите и што го слушале низ маалата во приказните за кои сите мечтаеме да се повторат. Жално е некое магаре што не сака да си ја напушти фотељата ги држи во заложништво овие безброј срца. Жално е што никој не може да сфати како е да си таму мегу толпата кога еуфоријата ке дојде на трибините. Жално е што се дозволува еден клуб со вакви навивачи, со најдобрите навивачи во мизеријава од држава, полека да тоне во бездната на пропастот.
Но, вербата и љубовта никој неможе да му ја одземе на Аердромчето, страста која се повеќе се разгорува иако нема логичка причина за тоа, го движат напред секоја сезона. А на крајот од секоја сезона, без исклучок, доага она познатото, надалеку прочуеното........