Омилен ресторан со највкусна храна? Каде одите?

  • Креатор на темата Креатор на темата cak4e
  • Време на започнување Време на започнување
Нај омилен ресторан ми беше бугати во сити мол ама го затворија па сега треба да барам друг.
Идам барем еднаш месечно по различни ресторани и можам да ти кажам дека кога станува збор за СитиМол, Венето е многу повисоко од Бугати, а и од многу други ресторани во градов.
 
Идам барем еднаш месечно по различни ресторани и можам да ти кажам дека кога станува збор за СитиМол, Венето е многу повисоко од Бугати, а и од многу други ресторани во градов.
Ако се однесува за ресторанот со италијанска кујна,не ја конзумирам и затоа не сум го посетил
 
Дојрана е врв ! :cool:
Скара Бар е супер, препорачувам да пробате ребро доколку некогаш одите.
 
Пред месец дена бевме во К. Паланка на еден ден и од Скопје ни јавија да ни препорачаат таму каде да јадеме...Пицерија Елит, навидум обичен локал, во мало место, но кога храната ни ја донесоа, не знаевме од каде да почнеме да јадеме- на прво место: топеното сирење во грне, тврдам дека нема подобро во Македонија, потоа пеперони пицата и салатата исто така беше предобра...Повеќето локали во главниов град можат вода да и носат на пицеријава...Од тогаш уште два пати сме оделе до К. Паланка специјално за таму да јадеме и сме се враќале во Скопје и вреди дефинитивно...
 
Кога сме кај пиците: Ако ве носи пат накај селото Босилево, Струмичко, немојте да ја пропуштите пицеријата Парк. И тоа е навидум обичен локал, дури нема ни тераса но, пиците Кајмаклија и Босиљанка се нешто посебно и несекојдневно
 
Како се со цени скарабар во однос со другите?
Цените им се слични како и на другите места низ Скопје е сеа зависи на одредени нешта има разлика 10-20 денари +/-. На пример реброто шо го спомнав е 220 денари и си вреди за секој денар други меса на скара се движат од 180 до 240, биено сирење на скара исто е одлично и чини 120 денари парче, салатите околу 120 денари шопска/грчка, мешана 160. Пиво 80, жолта 70.
 
Предлог за ресотранче/кафенче за понеделник после работа, релаксирано опуштено да можеш саглам муабет да напраиш?
 
Се наоѓа каде? Искрено врска неам што е каде е а онака лабаво треба да седнеме негде :icon_lol:

http://www.restorani.com.mk/restoran/restoran_dukat/18

Повели линкче, би ви препорачал после работа да си седнете на една телешка чорба, 120фче е а грми, дрмнете по една ракиичка, муабет ова она, за мерак.
Фурнаринката им грми и макалото од лук што го служат со лути пиперчиња исто си грми :)
Сум јадел скоро све на менито, добро е све, само мислам дека безвезе е сеа после работа да седнете да се крмите, вака лајт, чорба, ова она, таман си е :)
 

кој бил знае
 
Опатија-Летна Бавча
Поздрав до газдата Аце шефот Кире и останатиот персонал
Езерце е....Опатија, Кермез...природна убавина...природен амбиент..парк, тишина, воздух, птици,сенки и др.
а не оние извештачени ресторани покрај булевари,на паркинзи и во згради, така кажи на асфалт.
 
Душа ме боли за Езерце... Затоа да се живи-здрави домаќините на Галерија 7 во Чаршија, кога и да проаѓам на пиде и ајран, се гордеам што сум ск-мк chic :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom