FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Годинава у немам погледнато паа нели пред Томек и неговиот другар ја следел Магда на ист начин или ја помешав п оими?
Не си помешал.
Сепак, не знам што те натерало да мислиш дека Томек мисли дека Магда е престара за него.
Напротив, сметам дека Томек воопшто не размислуваше за разликата во години.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Не си помешал.
Сепак, не знам што те натерало да мислиш дека Томек мисли дека Магда е престара за него.
Напротив, сметам дека Томек воопшто не размислуваше за разликата во години.
Незнам, ама по неговите постапки ми остави некој таков впечаток. Неам појма оти.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Го изгледав уште пред неколку дена ама немав време да го пишам моето мислење.

ОСАМЕНОСТА. За мене Кисловски многу подобро ја опишал осаменоста отколку љубовта. Со филмов можеме да согледаме што може да ти направи една осаменост. Осаменоста те тера да направиш некои работи кој во нормални услови не би направил. И двата лика ги поврзува самотијата, да не беше оваа карактеристика Томек и Магда немаше ни да се запознаат, Томек поради условите на растење и немањето доволно луѓе околу неговиот живот се решил да манијачи, а Магда поради недостиг на љубов му даде шанса да излезат. Исто така Кисловски успеа да ни ја пренесе оваа осаменост и преку тоа што немаше доволно дијалози. Преку таа тишина што ја имаше во филмот и јас се почуствував како осамен.

ЉУБОВТА. Јас тука не гледам љубов во филмов туку погрешна перцепција за тоа што е љубовта. Томек уште ја немаше согледано разликата помеѓу заљубување и допаѓање поради тоа што не беше доволно созреан и израснат во лоши услови. Тоа што го чуствуваше Томек е само допаѓање кон некоја личност, а не затрескување како што он си мислеше. Не можеш ти да се заљубиш во некоја особа, а притоа да немаш сврзано два реда муабет со таа личност. За да ти се заљубиш во некоја личност треба да поминете извесен период заедно, подобро да се разберете и да се изгради хемија меѓу вас. Јас ја имав направено оваа грешка пред неколку години, кога и реков на едно девојче дека сум заљубен во нејзе, а притоа ништо немавме направено. И што се деси? Влеговме во врска, ама послем еден месец согледав дека немаме никаква конекција и дека тоа било само допаѓање, а не заљубување како што јас имав сфатено. Така да според мене ова на Томек не е заљубување, барем според мое искуство и моја перцепција за љубовта.

Не знам кој беше ама имаше спомнато дека Томек нема храброст и е корчак. Баш напротив, Томек имаше храброст. За да и кажеш ти на типка дека ја манијачиш и послем тоа да ја викнеш да излезете заедно треба да имаш огромна храброст.

За филмот не сум нешто презадоволен. Онака ми беше, мехх. Кисловски имал добра замисла ама лоша реализација. Музиката беше многу лоша, цело време еден ист тон се вртеше и на моменти ти удираше во глава. Olaf Lubaszenko (Томек) никакви чувства не покажуваше, а ни гестикулации не правеше. Цело време истото лице го покажуваше, како тоа да го правеше ради реда. Исто така и мене ми беше малце нереално. Каква сака нека е личноста и колку сака нека е осамена, ама никој послем дознавање дека некој те манијачи нема да се согласи да искочи со таа личност, напротив ќе повика полиција.

Од мене има 6/10
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дoбрo и јa сум прaел лaжни прoфили нa мсн нa времетo зa дa и се дoближaм нa тaa шo ми се свиѓaлa aмa не сум јa шпиoнирaл вo секoј нејзин чекoр. Еве нa стрaнa некa стoи прaвoтo, пaк мене не ми е нoрмaлнo и зa мене не е љубoв некoј дa гo следиш вo секoј чекoр.
Мaнијaчење нa фејсбук е тoтaлнo рaзличнo oд гледaње сo дурбин вo нечиј стaн.
Мoже зoштo oвa нa филм се случувa пa зaтoa ви изглеa симпaтичнo aмa еве стaвете се вo пoзицијa денес и утре дa ви стигaaт кaртoнчињa зa прaткa oд пoштa и идете у пoштa и ви викaaт немa ништo oвa не е oд нaс, или некoј дa ви се јaвувa и дa ви диши нa слушaлкa или некoј штo прв пaт гo глеaш дa ти дoјде и дa ти кaже "зoштo плaчеше синoјкa" или дa oткриеш декa некoј целo време ти ги крaдел писмaтa кoи ти ги пишувaл некoј сo кoј си се рaзделил зoштo тoј oтишoл вo стрaнствo, сигурнo немa дa се нaсмевнете и дa кaжете "види гo душиче, неизживеaнo тoa, ме шпиoнирa aмa aкo некa шпиoнирa" туку ќе се избезумите.
Се знaе шo е љубoв, дa си пoсветувaте внимaние еден нa друг, дa се зaебaвaте, дa се смеете, дa сaкaте целo време дa сте зaеднo, единственaтa цел дa ти биде тaa личнoст секoгaш дa јa гледaш среќнa и нaсмеaнa, a не oвa дa гледaш некoј сo дурбин вo сoседнaтa згрaдa.

Инaче злaтикевичиус, дa гo глеaв филмoт и мислев нa oнoј мoмент кoгa се кaј Мaгдa дoмa и кoa гo прaшувa дaли се зaдoвoлувaл дoдекa јa гледaл кaкo имa секс и oвoј рече декa нa пoчетoкoт гo прaвел тoa aмa пoсле прекинaл и не мoжел.
Не мислев дa те нaвредaм, кaжaв декa и јa сум дoживеaл сличнa љубoв кaкo штo јa oпишувaш ти aмa декa вo никoј случaј не мoжaм рaди тoa дa гo oпрaвдaм oднесувaњетo нa Тoмек.
И нигде не рекoв декa ти требaлo дa зaвршиш вo Бaрдoвци/Идризoвo, oсвен aкo не си се oднесувaл кo Тoмек и дa следиш некoј, a верувaм декa не си бил тaкoв зoштo сите ние фoрумџии сме злaтo луѓе :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.909
Инaче злaтикевичиус, дa гo глеaв филмoт и мислев нa oнoј мoмент кoгa се кaј Мaгдa дoмa и кoa гo прaшувa дaли се зaдoвoлувaл дoдекa јa гледaл кaкo имa секс и oвoј рече декa нa пoчетoкoт гo прaвел тoa aмa пoсле прекинaл и не мoжел.
Не мислев дa те нaвредaм, кaжaв декa и јa сум дoживеaл сличнa љубoв кaкo штo јa oпишувaш ти aмa декa вo никoј случaј не мoжaм рaди тoa дa гo oпрaвдaм oднесувaњетo нa Тoмек.
И нигде не рекoв декa ти требaлo дa зaвршиш вo Бaрдoвци/Идризoвo, oсвен aкo не си се oднесувaл кo Тoмек и дa следиш некoј, a верувaм декa не си бил тaкoв зoштo сите ние фoрумџии сме злaтo луѓе :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
1. Да, ама тој не бил заљубен во неа од почетокот. Тоа значи дека откако се вљубил во неа, престанал да го прави тоа.
2. Пак мешаш баби и жаби - ни јас не го оправдувам однесувањето на Томек. Прочита нешто такво некаде? Но тоа не значи дека не е заљубен, ко што велите вие.
3. Рече дека тие што правеле така како мене ( како што опишав во постот ) најчесто завршувале во Бардовци. По аналогија, и јас би требало да завршам таму, а еве - не сум. ;)
4. Не дека се навредив, само се пошегував малку. Уживај. :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
1. Да, ама тој не бил заљубен во неа од почетокот. Тоа значи дека откако се вљубил во неа, престанал да го прави тоа.
2. Пак мешаш баби и жаби - ни јас не го оправдувам однесувањето на Томек. Прочита нешто такво некаде? Но тоа не значи дека не е заљубен, ко што велите вие.
3. Рече дека тие што правеле така како мене ( како што опишав во постот ) најчесто завршувале во Бардовци. По аналогија, и јас би требало да завршам таму, а еве - не сум. ;)
4. Не дека се навредив, само се пошегував малку. Уживај. :D
Погрешно сум се изразил изглеа, мислев што ја сфаќаат љубовта така и како резултат на тоа се однесуваат како Томек.
Еве и ја ти викам слична љубов сум имал у смисла да се нервирам зошто не ме викнала друштво да и праам или да се секирам да не и направил нешто некој (зошто она на заебано место живееше :D ).
Ете ваљда сеа се разбравме.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.710
Поени од реакции
13.392
@Bojan Van Buuren
Искрено мене ми е исто гледањето по профили и шпионажата со дурбин. Поготово ако шпионажата е на самиот почеток на воспоставување на билокаква врска меѓу субјектот и објектот.
Од постарите генерации сум можда, па затоа и ми е донекаде позната таа ситуација. Ако не е интернетот, тогаш е телефонот. Само сети се како се понашале децата “у наше време“ кога интернетот не бил опција за шпиунажа. Се ѕвонело по телефон, ти се кочела вилица за да не усереш нешто. Тука не се работи за човек во позни години кој манијачи жртви, тука се работи за недоизживеано, недооформено дете кое има уште многу простор за да се дореформира. Контрапод на ова е психолошката слика на Гренуј од Парфем. Но таму се прикажува целосната спротивност на она што наивноста и невиноста произведува. Така да, во другиов случај имаш веќе психопат on the loose, не само недооформен, туку и лошо растен, на улица, башка и хормонски пореметен тип. Томек е само недораснат, недоизживеан лик кој откако се соочува со реалноста која е болна и го тера дури и да посегне по својот живот. Секој младиќ (а да не зборам и девојка) при прво љубовно разочарување не испаднал социопат па да земе и да ја измасакрира жртвата, туку се повлекува од сцената најчесто со суицидални мисли. Затоа на таквите им е потребна грижа за да не напраат глупост за себе и ако е возможно да им се сервира реалноста на лажиче за да ја прифатат полека.
Ќе се повторам, до половина филм (т.е. до сцената кај што типот скока од радост со млеката) мислев дека работата ќе скрене скроз на страната како во Парфем. Но за да ја прифатиш целата слика, треба да го изгледаш филмот до крај. Сеа не викам дека тоа што ти го кажуваш не е точно, чак што више стојам повеќе на таа страна, но не можеш да споредуваш социопатолошки примери целосна генерализација на секој човек што му се има случено прво заљубување. Коа прв пат те фаќа, секако дека правиш нелогични и по малку (повеќе) манијакални глупости. Во името на идеалната љубов, секако.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.124
Поени од реакции
25.191
Значи никој не кажува дека во филмот нема љубов, има, само што таа љубов на Томек (режисерот што сака да ја прикаже) за мене и за некои овде се граничи со криминално дело. Сите различно ја перцепираат љубовта, некои како Томек со посесивност и манијачење, а некои па со купување на материјални вредности на девојката. Не е дека ние што не го оправдуваме ова не сме биле лудо заљубени и не сме правеле глупости за женската во која што сме биле заљубени. И ја сум глеал да дознаам каде излага девојката за да се најдам и ја "случајно" на истото место, али мора да се постави граница. Гледање во стан и дишење на телефон и следење на личноста 24/7 е нарушување на приватност. Поготово како може да биде заљубен во неа коа не знае ништо за беа, дури и кога имаше шанса за да дознае нешто за девојката он цело време ќутеше и збореше за тоа како ја манијачел.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Томек додека ја манијачеше ја гледаше и со други мажи, во односи што се речиси само физички. Во станот, Магда изгледаше како да сака само физички односи со Томек, да се изебат и толку. Тоа можеби го "погоди" Томек, дека он чувствуваше љубов (дискутабилно), а не осеќаше дека му е возвратена и затоа можеби избега.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.909
@Spiegel , @RectumAnale , @ManUtdChampions , @Leo Bonnie , @џимеј , @AniMagus , @Iceboy и @Хефест , @Mich0MKD , @Луси_Лу , @Chovek , @Продиџи и @Хоуп - до кај сте со филмов, чекаме коментари. Да ве потсетам - имате само уште 7 дена. ;)

ДО СИТЕ - Ми дојде идеја да сумираме на крај од секој изгледан филм - оценка. Затоа, ве молам, сите што немате ставено оценка за двата кои веќе поминаа, нека пишат тука, за да удрам неколку пресметки. :P
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.765
Поени од реакции
11.753
Јaс гo изгледaв вчерa, aмa немaв време дa пишaм.

Oценкa 4/5 зa мaлце ми беше пoслaб oд првиoт, нештo пoдoлгo ќе пишaм друг ден. :D

EDIT:
(ова горе од летербокс)
еве и /10

All About Eve - 9
Short Film About Love - 7
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom