Вака сега....гаранцијата од моите во Америка стигна. Потврда за сопственост на фирмата имам, имотен лист од станот, М1/М2, потврда од последните 6 плати, венчален лист имам. Е сега ги немам сите истечени пасоши, може ли тоа да е проблем? Истечените пасоши уште во полиција ми ги фрлија
Исто така прочитав некаде дека треба некаква потврда дека имаш пари на сметка некја вредност од 10 000 евра. Таква немам. Имам некоја ситна заштеда од околу 1000 - 2000 евра тоа може да помогне? Некој друг документ што би можел да биде од корист?
Како оди процедурата сега понатака? Прашав во комерцијална банка и ми рекоја дека прво треба апликацијата на нет да ја пополнам па после да одам кај нив за да ја платам таксата и тек после да се јавам да ми закажат интервју! На друго место пак прочитав дека апликацијата се пополнува 3 дена пред интервју и сега не знам што да правам! А да и како да закажам групно интервју за сите тројца? Нормално дека секој посебно ќе ја пополни апликацијата и ќе плати такса, но како да закажам да одиме сите заедно?