FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Добро реално на 2-13 години не, ќе сум се извадел од памет сигурно :D Или може исто ко на Томек да ми се десело :icon_lol:

Ама на 19, би и ебал стомајки дефинитивно.

Иако нормално не се исти ситуациите, ти убаво објасни претходниот пост. Во детството Томек не осетил ништо од љубов и слично, на почетокот коа ја посматрал размислувал со курот а после со срцето.

Се на се, добар филм пак ќе повторам, може и 7ца да добие во Moviespotting на крај. (y)
Али годините се само бројка. Физички сме сите, горе-доле, сексуално зрели на 12-13 години, но само многу мал дел од нас се психички спремни за да имаат сексуален однос на тие години. Повеќето не си го ни знаат своето тело тогаш, а не па на спротивниот пол.
На нас, машките ни е на некој начин наложено и одобрено, се очекува од нас да го направиме тоа и истото се прифаќа со гордост, фалби. За разлика од нас, кај женските се врши притисок истото да го прикриваат, да бидат умерени, да се кријат и одбиваат. Истото кај нив е дочекано најчесто како негативност.
Поради тие опшествени предрасуди, машките најчесто не одбиваат и би плеснале ако имаат можност, без разлика дали се спремни психички.
Али не е кај сите така, а и не им се укажува на сите прилика и не сите се развиваме исто психички. Томеци имаме и кај нас. Форумов е доказ за тоа. Момче од 17 години кое никогаш не се бакнало, девојче кое на 21 година ја изгубила невиноста.. Па јас познавам дури и постари личности од овие кои до сега немале никаков контакт со спротивниот пол, не бидејќи не сакаат, него немале прилика. Многу од нив ќе им се деси тоа што му се деси нему и би се заљубиле болно во девојка, онаква болна љубов која се граничи со лудост и психопатство.
Па на другар мој, за 21 роденден му донесовме курва да ја изгуби невиноста, па од тука горе-доле можам да разберам бидејќи со него сум зборел доста на таа тема.

Од друга страна, во Love, помалку и се пронајдов во главниот лик и ми одржа една добра и поучна лекција. Шамар. Да знам што би можело да ме очекува и како би требало истото да го избегнам и да се справам со таквата ситуација. Но, главната цел на филмот, барем јас колку што сватив е да се прикаже љубовта. Но, тоа не беше љубов. Напротив, наместо љубов, јас видов само страст. Може некој видел љубов во него, не знам. Може на неговото видување влијаел некој сегмент од неговиот живот за да го доживее така. Кај мене, баш поради тоа лично искуство, не го видов она што сакаше режисерот да го прикаже.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Јa не мoжaм дa јa гледaм љубoвтa вo тoa некoј некoгo дa следи вo се штo прaви. Тoa мене ми е лудoст. Зa тaквo oднесувaње (дoбрo aј мoже не бaш зa oвa туку зa пoaгресивнo) се дoсудувaaт зaбрaни зa приближувaње. Тoa не мoжaм дa гo тoлкувaм кaкo љубoв пa шo сaкa некa биде.
Не викaм декa вие штo гo гледaте вaквoтo oднесувaње кaкo љубoв грешите туку јa личнo oвa oднесувaње не мoжaм дa гo пoистoветaм сo љубoв.
Се слoжувaм сo вoт декa е мнoгу нереaлен филмoв и oвa никoгaш немa дa гo видиме нa другo местo oсвен нa филм, мoже и зaтoa тoлку не ми се свиѓa филмoв, зoштo сaкaм дa гледaм нештo реaлнo.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Јас ги сакам филмовите во кои се прикажани внатрешните, односно интимните доживувања на луѓето. Психата на еден човек е единствена и неповторлива. Доживувањата на светот, љубовта, односите меѓу луѓето, независно дали станува збор за романтични, пријателски или некој друг вид, се секогаш интересна тема која еден филм може да ја обработува. Токму затоа овој филм е посебен и единствен. Во него ни се претставени едни поинакви луѓе со една поинаква приказна, колку на нас да ни се чини реална или нереална. Оргиналноста и авторскиот печат се основната карактеристика на ова филмско дело. Можеби ова е краток филм, но според мене не за љубовта, туку за осаменоста, опсесивноста, очекувањата и разочарувањата. Ако тргнеме од фактот дека се е љубов, тогаш да, ова е филм и за љубовта. Ама за опсесивната љубов која е карактеристична најмногу за периодот на адолесценција. ОК, да не мудрум многу (иако филмот е виновен за тоа :)), јас ја немам следено многу работата на авоторот кој стои позади овој филм (ова е трет негов филм кој го гледам), но ја препознав доследноста и емоционалната нота и во овој негов филм. Според мене ова не е неговото најдобро остварување, но е филм кој те тера да размислуваш. Да, според мене приказната би можела подлабоко да се обработи, но кој знае... можеби тоа би го разнишало целиот филм. Па авторот остава простор гледачот самиот да ја разработи приказната која можеби малку стои настрана.
Во филмот е преставен лик кој се прашува зошто луѓето плачат, за подоцна истиот да се обиде да се самоубие. На почетокот Томек е ладен, прибран, крајно организиран и самоконтролиран млад човек кои своите сексуални потреби ги задоволува исклучиво преку набљудувањето. Но, тоа не му е доволно и тој и се приближува на личноста кон која чувствува привлечност. На моменти тоа го прави внимателно и тајно, на моменти наметливо и отворено. Опсесивноста го води понатаму. Во моментот кога треба целосно да го добие она, што го очекувал долго време доживува неуспех. Независно дали позади тој неуспех се крие преголемата возбуда или стравот од неискусноста... тој превзема несоодветен начин за справување со проблемот. Решава да се убие (и тоа со сечење на вени).
Истиот човек кој се прашуваше зошто луѓето плачат се разочарува од себе и решава да изврши самоубиство. Изненадувачки? Па не баш. Томек е лик кој низ целиот филм немо и тивко бара помош. Скриен од други, води незабележителен живот. Лишен од емоционалното врзување за своите родители, доживува збрканост во можеби најкршливиот период од животот на секој човек. Без емоции, со потиснати емоции или само со несоодветно справување со нив? Јас не би му поставувал никаква дијагноза :).Всушност тој бара помош и внимание. Самиот чин на „некреативен“ обид да се убие апсолутно го потврдува тоа.
Неговиот објект на интерес е жена за која би се заинтересирал секој маж на било која возраст. Акцентот е ставен на нејзината сексуалност и убавина. Но, таа е исто така несреќна и разочарана личност, барем таков впечаток ми остави мене. Несреќно вљубена во човек кој ја напуштил и и испраќал писма кои Томек и ги одземал. Се покајува уште истиот момент кога тој заминува од нејзиниот стан да се убие.Се обидува да ги исправи нештата, затоа што и проработува совеста и се чувствува виновна.
Фасцинантно е што темата која ја обработува филмот е актуелна и во денешно време. Најверојатно поради тоа, овој филм никогаш нема да застари и избледе. Приказната е оргинална и невообичаена. Играта на глумците е добра, а за работата на Kieslowski нема потреба ниту да коментирам.
Се извинувам што сум премногу долг и што напишав еден мини-есеј, но филмот предизвикува. Поздрав до човекот кој го предложи филмов, вистински избор. Ме натера наредниов период да изгледам уште неколку филмови на Kieslowski.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
Нема шо многу многу да го дрвам, пошо погоре веќе се имаат неколцина изјаснето.
Некои дрват “јас да сум на томек местото“. Па уште и на 19 години какви пиќки вртев. Во ред. Нема потреба од личното искуство, поентата е друга во филмот.
Иако се фрла светло на релацијата меѓу Томек и Магда, филмов нуди многу поразлични концепти на „љубов“. Една - онаа „возрасната“ меѓу „клиентите“ и Магда, друга - помеѓу мајката и синот. Особено оваа многу малку луѓе ја имаат заприметено. Целиот се отплеткува откако мајката се запознава со Магда и дури тогаш филмот може да се доживее како целина. Ми се допаѓа што режисерот остава место за размислување по секој контакт меѓу двата главни протагонисти во прикаскава.
Кога го започнав, очекував ќе биде сторија на “peeping tom“ (коинциденција со имињава :D) се до самиот крај, можда некој violence момент/убиство и многу полиција, распрашувања итн. Испадна далеку помек, но во суштина и подлабок. Уште ми се врти сцената кога среќен безгрижно ќе ги возика млеката бидејќи.... ај да не растурам, оние што го гледале ќе сфатат. Секој у својот живот го имал тој момент. И да не се праиме многу мачовци тука, сте скакале од радост, сте праеле разни глупости.
Саундтракот ми се допадна бидејќи е сличен на Маестро Енио. Доза на романтичност, невиност.
Актерската екипа не ми е позната, мислам дека филмов и не е некој high budget, но за тоа што и како е направен е сосема доволно. Можда малку при крајот можеа да скинат една-две сцени, но ништо страшно.
Лајфстајлот ми е доста присен и со скромност ќе кажам дека ми е еден од поомилените во тогашно време за разлика од оној денес. Секако грешам бидејќи многу малку всушност е прикажан начинот на живот во 80тите во источна Европа. Но сум доживеал одреден дел од тој период за да се сеќавам на некои работи.
Му давам една флексибилна 4.5/5.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Од Кишловски гледан само Плавиот, прекрасен филм, но по овој за љубовта ваљда ќе ги изгледам годинава, и целосната негова кинематографија.

9-че од мене за филмот. Многу мислења прочитав, повеќето обемни и можам да дадам еден свој заклучок околу филмот дека реално љубовта во филмот не може да кажеме дека е вистинска, тој самиот не е свесен дали е тоа љубов поради тоа што не е возвратена. Споредбите со Love не би ги правел, искрено и јас самиот гледам повеќе љубов во Love него овде, но тоа настрана, не правам компарации поради тоа што овде на еден друг начин, поболен ни ја покажува љубовта, поетичен. Ќе го гледам и About Killing деновиве сигурно.

Браво за изборот, имам дилема околу три филма кои да ви ги предложам за гледање, ама си знаете кај мене сигурно ќе биде нешто од Европска кинематографија :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
@wot ме изненади, не очекував дека ќе го хејтнеш филмот. А не знаев ни дека ги хејташ трите бои. И јас ги хејтам (иако го имам гледано само првиот во кој се сеќавам дека апсолутно ништо не се дешава освен патњата на Жулиет Бинош со која никако не можев да се соживеам).
А сеа за филмов, ми се допадна. 7/10.
Цело време, се до обидот за самоубиство на Томек мислев дека е тотално погрешен насловот на филмот. Згрешив.
Друго што да кажам, ќе се повторам, многу убаво го имате разработено филмот. Дури и јас уствари не го сфатив тоа на крај дека Магда што го гледа Томек како ја милува е она што Магда мисли дека му се вртело во умот на Томек кога ја гледал во тој момент.
Сепак, филмот ме научи нешто а тоа е дека раз-от во раз два три кога вежбаат децана играорна доаѓа од полсково раз = еден (кога му се намести на прозор и се слушнаа по телефон и му рече ќе бројам до 3).
Како што имав прашање за All About Eve имам и за овој.
Зошто кога Томек и однесе млеко, оваа не го зема одма туку го остави пред врата? :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.125
Поени од реакции
25.192
Само што го изгледав филмов и не знам, некако ко поделени емоции да имам за него. Не дека ми беше досаден, можеби и зашто не беше толку јак а и уживав да ја гледам пољакињава многу ми беше пекол. Али поентата за љубовта на режисеров според мене врска му нема. Кај е настран филмов, па и он тоа што сака да го прикаже дека е љубов за мене ми нема смисла.

Значи типов во слободно време ја манијачи и и гледа директно во стан, а во останатото време што го има го користи да ја следи и да ја гледа "во живо". Значи многу е болно ти на некој да му праќаш лажни пораки за пари, да го гледаш низ прозор 24/7 и онака врвот на манијачкото беше коа и се јави по телефон и и ќутеше ко болесник. Онака брат, тоа не е љубов тоа е проблем, болен си. Од друга страна типката (не знам зашто ми беше прејака) е не толку болна колку него, ама и она е малце fucked up. Значи си дознава дека типов ја манијачи цело време, дека и ги краде писмата и на крај е она заљубена во него и во завршната сцена ја согледува нивната обострана љубов. Уште еднаш тоа не е љубов, тоа е сожалување. Да не ги пресечеше вените типот, кур мој што типката ќе мрднеше со гз да го бара или нешто слично, или па може глупо и падна зашто го сврши пред време, па ај да му се извинам.

За глумата, типот poker face кроз цел филм. Онака ни една експресија на лицето без разлика на ситуацијата, што би рекле "ни на живо се смее, ни на мртво плаче". Можеби режисерот и барал намерно некој таков тип за да ни покаже дека типот е болен уствари. Типката исто со глумата ништо посебно, ама нејзе и е оправдано зашто беше јака. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.910
Абе, guys, да ве прашам јас нешто: сте биле ли вие онака, вистински заљубени? Заљубени во смисла - мозокот да ви функционира на тој начин што од друга перспектива и да не може да се препознаете себеси? На пример: да плачете од тага зашто не ви се јавила цел саат и петнаесет минути, и да си правите филмови во умот дека можеби некој таксист ја одвлечкал во некоја планина, ја силувал и убил, затоа што ептен несвојствено за неа е да задоцни цели 15 минути со јавувањето. Да ја разгледате и опцијата да станете убиец, доколку некое момче што случајно сте го сретнале на улица со левото око се осудило да ја погледне. Да земете некое нејзино парталче кое случајно го заборавила кај вас и да го мирисате и галите со саати, не тргајќи го од себеси, ко некој перверзник. Да ѝ се налутите само заради тоа што кога одела до продавница за да купи цигари не ве викнала да ѝ правите друштво, па вие мора да дремете и чекате цели 4 минути и 30 секунди, што е повеќе и од вечност без неа. Да се претворите во лажго, крадец, лицемер, плачко... само за да ги исполните целите, а тие обично вклучуваат единствено нејзино присуство блиску до вас. Да не можете да се ослободите од ерекцијата која е последица на само еден обичен нејзин допир...

Сте биле некогаш вакви?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И гaј шo викaш ти, зoштo сме биле зaљубени и сме се лутеле aкo не не викнелa друштвo дa и прaиме или зoштo сме плaчеле oд тaгa или зoштo сме мислеле декa некoј јa силувaл и јa убил зoштo зaкaснилa сo јaвувaње, oпрaвдaнo е дa бидеш дo тoлку пoсесивен кaкo Тoмек, дa јa следиш девoјкaтa вo секoј чекoр, дa знaеш кoгa стaнувa сaбaјле и дa стaнувaш пoлa сaaт пред нејзе зa дa се рaсoниш и нa рaaт дa јa глеaш кaкo се пресoблекувa, дa гo тинкaш дур глеaш кaкo некoј друг јa oрa, дa и диши нa слушaлкa?

Еднo е љубoв, a другo е oснoв зa дoсудувaње зaбрaнa зa приближувaње. Тие штo јa дoживувaaт љубoвтa ти пoгoре шo јa oпишa зaвршувaaт кo дa речеме oнoј oд Петрoвец шo јa зaдaвил медицинскaтa сестрa нa крoвoт нa детскo и пoсле јa фрлил oд гoре, или кaкo Ксенијa Пaјчин и тoј билдерoт нејзин...
Се си имa грaници, не мoже ти пoд изгoвoр нa љубoв дa oпрaвдувaш лудилo и стoкинг.
Еве јa сум бил нештo сличнo тaкa зaљубен кaкo ти штo викaш, дa сaкaм дa бидaм целo време сo нејзе и тaкви рaбoти aмa вo никoј случaј немa дa сметaм декa oднесувaњетo нa Тoмек е вo ред.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.847
Поени од реакции
36.910
И гaј шo викaш ти, зoштo сме биле зaљубени и сме се лутеле aкo не не викнелa друштвo дa и прaиме или зoштo сме плaчеле oд тaгa или зoштo сме мислеле декa некoј јa силувaл и јa убил зoштo зaкaснилa сo јaвувaње, oпрaвдaнo е дa бидеш дo тoлку пoсесивен кaкo Тoмек, дa јa следиш девoјкaтa вo секoј чекoр, дa знaеш кoгa стaнувa сaбaјле и дa стaнувaш пoлa сaaт пред нејзе зa дa се рaсoниш и нa рaaт дa јa глеaш кaкo се пресoблекувa, дa гo тинкaш дур глеaш кaкo некoј друг јa oрa, дa и диши нa слушaлкa?

Еднo е љубoв, a другo е oснoв зa дoсудувaње зaбрaнa зa приближувaње. Тие штo јa дoживувaaт љубoвтa ти пoгoре шo јa oпишa зaвршувaaт кo дa речеме oнoј oд Петрoвец шo јa зaдaвил медицинскaтa сестрa нa крoвoт нa детскo и пoсле јa фрлил oд гoре, или кaкo Ксенијa Пaјчин и тoј билдерoт нејзин...
Се си имa грaници, не мoже ти пoд изгoвoр нa љубoв дa oпрaвдувaш лудилo и стoкинг.
Еве јa сум бил нештo сличнo тaкa зaљубен кaкo ти штo викaш, дa сaкaм дa бидaм целo време сo нејзе и тaкви рaбoти aмa вo никoј случaј немa дa сметaм декa oднесувaњетo нa Тoмек е вo ред.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Друже, кај прочита дека оправдувам лудило, стокинг, убиство или сл? Јас само не се согласувам дека во филмот немало љубов, како што велите, зашто баш лудилото и стокингот во случајов се side-effects на една опсесивна, невозвратена ЉУБОВ.

И кај виде дека Томек се самозадоволува додека Марга има секс? Го гледаше филмот? Томек тоа не можеше да го поднесе па во тие моменти или престануваше да ги гледа, или им поставуваше замка за да ги спречи да имаат секс. Рече дека на почеток, кога ја следел заради забава, се задоволувал, но кога тоа прераснало во љубов, не можел (што и обично се случува навистина).

Значи, да повториме: дилемата е дали има љубов или нема, не дали стокингот е оправдан или не. ;)[DOUBLEPOST=1452941060][/DOUBLEPOST]EDIT: Јас сум доживеал љубов каква што опишувам погоре, па наместо во Бардовци или Идризово, каде што велиш дека завршуваат таквите ко мене, јас завршив како среќно оженет и татко на едно дете.

И мало увреЃен од твојот коментар. ;)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И гaј шo викaш ти, зoштo сме биле зaљубени и сме се лутеле aкo не не викнелa друштвo дa и прaиме или зoштo сме плaчеле oд тaгa или зoштo сме мислеле декa некoј јa силувaл и јa убил зoштo зaкaснилa сo јaвувaње, oпрaвдaнo е дa бидеш дo тoлку пoсесивен кaкo Тoмек, дa јa следиш девoјкaтa вo секoј чекoр, дa знaеш кoгa стaнувa сaбaјле и дa стaнувaш пoлa сaaт пред нејзе зa дa се рaсoниш и нa рaaт дa јa глеaш кaкo се пресoблекувa, дa гo тинкaш дур глеaш кaкo некoј друг јa oрa, дa и диши нa слушaлкa?

Еднo е љубoв, a другo е oснoв зa дoсудувaње зaбрaнa зa приближувaње. Тие штo јa дoживувaaт љубoвтa ти пoгoре шo јa oпишa зaвршувaaт кo дa речеме oнoј oд Петрoвец шo јa зaдaвил медицинскaтa сестрa нa крoвoт нa детскo и пoсле јa фрлил oд гoре, или кaкo Ксенијa Пaјчин и тoј билдерoт нејзин...
Се си имa грaници, не мoже ти пoд изгoвoр нa љубoв дa oпрaвдувaш лудилo и стoкинг.
Еве јa сум бил нештo сличнo тaкa зaљубен кaкo ти штo викaш, дa сaкaм дa бидaм целo време сo нејзе и тaкви рaбoти aмa вo никoј случaј немa дa сметaм декa oднесувaњетo нa Тoмек е вo ред.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Брат не заебавај сега и ти со правово :) Ок е, си ја поврзал работата со еден од членовите, ама во филмов нештото не знам оти го креваш на толкаво опасно рамниште.

Па имаш само неизживеано дете на кое не му се познати основните емоции, ситуации, кое се изгубило по некоја случајност во светот не по своја волја, и кое ете си пронашло некое чудно задоволство што го исполнува. Да, сето тоа може да заврши како што пишуваш, ама треба да се десат уште некои работи за да дојде до истото.

Режисерот доловил само обичен дел од чудна љубов и фантазија, несекојдневна. Ако сакал ќе почнел да ја дрви-го видела жената како ја гледа, се исплашила, па овој и влегол дома, па и мавнал два бокса, па оваа го пријавила, па му изречиле забрана за приближување, па овој потајно ја прекршил дрн дрн дрн до бескрај и одиме во друга тематика :D Нема потреба од усложнување. Филмот е тоа што е, нема потреба од ситничарење и додавање елементи и менување на суштината според мене :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
Добро размислување.
Во двете страни има вистина, остај @Bojan Van Buuren што пробува да воведе некои правни искази тука.
Знам многу луѓе што биле слични на Томек (не до момент на манијачење со телескоп) но секако до манијачење по профили, креирање на лажни само за да се доближат до девојката која ја идеализираат, распрашување преку пријатели до точка на замор.Верувам да ги немаа сите овие „алатки“ за социјализација, (интернетот - во друго време, пријатели - многу време да добиеш за да ја постигнеш првичната цел), ќе купат/позајмат :D дурбин и ќе манијачат. Ако ништо друго, ќе се движат во простори каде дотичната личност арбитрира. Пошо идеализирањето не познава никакви граници и е крајно субјективен предмет на интерес.
Од друга страна сите сме биле соочени со ситуација како Магда, не имало треснато реалноста барем еднаш во животот. Сигурно и Магда ја имало треснато иако во филмот тоа директно не е покажано. Но при самиот крај таа индиректно ни дава до знаење дека ја разбира целата таа затресканост, иако за нејзе како објект субјективно ја згранува.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ја Томек го сварив како да сака да ја има Магда ама самиот мисли дека е престара за него и дека шансите за да ја има се мали. Лудо е занесен по неа и прави се за да ја гледа насекаде и да биде околу неа. Што не направи за неа. Сите се имаме пронајдено у филмов.

Годинава у немам погледнато паа нели пред Томек и неговиот другар ја следел Магда на ист начин или ја помешав п оими?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom