Искрено, не би можело многу да се направи, светот е станат едно огромно глобално село и миграциите денес во 2016 се полесни, поефтини и подостапни од било кога, а индивидуализмот кај луѓето е во својот зенит, никогаш порано човекот не се грижел повеќе за себе, чувството на патриотизам, чувството на некакво должење кон државата или благодарност е одамна минато. Секој гледа како себеси да се промовира едно скалило погоре во опшеството, заминувањето настрана ако постојат подобри услови таму е најмал проблем.
А проблемот, ако веќе нема решение, може барем да се намали ударот. Пред се, и ова не го пишувам со никакви задни намери или политичка позадина, партизацијата мора, ама мора да се сосече во корен, не во смисла да се забранат партиите, но да престане ебената партиска припадност, списоци, тефтери и такви работи да бидат пресудни во се во нашето општество. Оти реално е така, зборувам што од лично, што од блиски пријатели и познаници, што од општо информирање, речиси нема работа, бизнис, функција, тендер или било што да се добие онака, без некаква интервенција од „погоре“. Нашиот комунистички менатлитет не се променил за овие 25 години во ништо во тој дел.
Понатаму, тука се општите елементи за напредок, раст на економија, раст на стандард, раст на генералното ниво на живот, а тоа е ептен тешко, прво оти сме стартувале од ужасно лоша позиција, па сме се вратиле неколку огромни чекори назад во 90-тите, а ни после не сме мрднале премногу, чекорите ни се премали и пребавни.
Но пак ќе повторам, дури и кога би постигнале некое посакувано ниво, не би се решил проблемот, оти не е до нас, се додека има постојат богати Канади, Германии и Швајцарии кои ќе го сакаат нашиот стручен кадар, ние што и да направиме, нема да биде доволно тој кадар да остане.
И одма откако го постирав ова ја прочитав статијата од подолу, за тоа ти говорам:
http://republika.mk/?p=540274